Search This Blog

Saturday, May 03, 2008

Груевски и Малцинствата ...

Која е причината на привлекувањето на скоро сите малцинства во изборниот табор на Груевски ? Дали се тие само декор или има друга позадина/предпоставка - бидејки малцинствата околу Груевски не представуваат голем процент на гласови ... особено ако се знае дека послушноста на овие гласачи не е како кај албанскиот електорат, кој гласа како ке им кажат лидерите ... чинам дека овие гласачи гласаат по свое расудување ... но ке видиме ...

Груевски на база на уверувањата кои произлегуваат од високиот рејтинг е скоро сигурен дека глатко ке ги добие овие избори со многу поголем број на пратеници од 61 ... поаѓајки од тоа Груевски можеби сака да создаде доволен број на гласови за бадинтеровите гласања ... без доволна подршка за бадинтеровите закони нема да може да усвои такви закони ...

Особено е интересно да се анализира пребегот на туската, србската и ромските партии кои до сега скоро по правило беа со СДСМ ... причината секако лежи во ветувањето на Груевски, дека за малцинтвата во новиот изборен законик ке има гарантирани места во идното Собрание на РМ ...

1 comment:

Anonymous said...

TEBE BATKA KAKO DA TI E KRIVO STO GRUEVSKI MOZE I DA USPEE VO TOA,SITE TVOI KOMENTARI ZA NEGO I VMRO TI SE VO TOJ STIL,AJ PREISPITAJ SI SE MALCE POVEKE ILI VAKOV KAKOV STO SI,ZADOVOLEN SI SO SAMIOT SEBE.

Blog Archive

Site Meter