Сите податоци велат дека во Македонија бројот на неопределени гласачи е прилично висок ... околу 40 проценти ... оваа бројка е стабилна во неколку последни изборни циклуси ...
Како партите кои трчаат за власта ке ги привлекуваат овие гласачи ?? ... Досега не гледам дека ниту едната, ниту другата коалиција/опција се трудат да ги придобијат неопределените ... досега работеа на враќањето на довербата кај своите традиционални гласачи кои заради разни причини во минатото беа поделени во помали партии кои се цепеа од големите ... Чинам дека оваа бројка на неопределени ке си остане компактна и на овие избори ...
Дали во неопределените гласачи се крие некаква идна трета опција ?? ... овојпат не се исплати да плачеме по трета опција - која на овие избори ја нема ...
Кој е мотивот на неопределениот гласач и како тој размислува ... веројатано е незадоволен од понудата и не сака да го даде својот глас со мисла - ако неможам да им ја земам власта јас нема ни да им ја дадам ... но дали е тоа така ...
Вакво размислување е погрешно ... Граѓанинот треба да процени према понудата во било кои избори и по своја памет да се одлучи за кого ке гласа ... нашата судбината се одлучува посредно со нашиот глас ... има мислање дека правото на избор на граѓанинот е лично право ... дека и недавањето на глас е порака ...
На крај се‘ се сведува на познатата реченица на пензионираниот професор Ѓорѓи Марјановиќ ... “... ке имаме таква власт каква сме си ја заслужиле ...“, на избори де ...
No comments:
Post a Comment