Search This Blog

Tuesday, March 30, 2010

Ке ни тргне ли ?? ... Кога ке ни тргне ?! ... Ни треба некој наш Лех Валенса

Како ке се присетам на едни предизборни пораки на Груевски, кој сакајки да ја симне од власт СДСМ-овата администрација со право се смееше на изјавите на многуте СДСМ-овски влади дека еве само што не ни тргнало, дека не треба да се споредуваме со соседните балкански држави (демек во тоа време бевме лидери на балканот) туку треба да го имаме во предвид напредниот свет. Време е некој да го подсети Груевски со истите пораки, дека еве само што не ни тргнало, со таа разлика што сега станавме фенерџии и меѓу балканските држави. За жал на СДСМ и Црвенковски тоа никако неможе да биде тој - тој е ПОТРОШЕН ПОЛИТИЧАР, ги имаше сите шанси да му тргне кога беше на власт.             Повеќе ».....

Monday, March 29, 2010

Блогерска иницијатива - Обновениот стар театар во Скопје да го носи името МНТ “Петре Прличко“

http://www.blesok.com.mk/Images%5CGallery%5C33%5C21.jpg http://upload.wikimedia.org/wikipedia/mk/1/15/PetrePrlicko.jpg
Блогерска иницијатива - Обновениот  стар театар во Скопје да го носи името Македонски Народен Театар „Петре Прличко“, заради:          Повеќе ».....

Friday, March 26, 2010

Инфузија

http://www.alpikor.org/wp-content/uploads/2007/08/52.jpg
Веројатно не постои човек кој немал потреба да прими инфузија (раствор на вода сол и други додатоци) поради исцрпеност или друга причина која предизвикала анемија и малаксалост. Во случајот на нашето здравство инфузијата осем ако не се дава клинички се смета дека треба сам да си ја плати пациентот, без разлика дали е здравствен осигуреник. Инфузија може да препише и матичен лекарт, може да ја даде и во неговата ординација но пациентот мора се` да плати.      Повеќе ».....

Thursday, March 11, 2010

Личен код (идентитет), кодот на нашата душа

Сите ние имаме личен код (идентитет) кој го стекнуваме и го надградуваме секојдневно додека сме во оваа форма на човечки живот. Го добиваме како наследство преку гените кои допринесуваат да имаме некоји делови од физичкиот лик на нашите предци. Мешањето на крвта допринесува да се составаат нов микс на гените. Многумина велат дека и кодот на нашата душа е пренесен од гените на нашите предци. Веројатно има и вакви истражувања.
По мене кодот на нашата душа се надоградува во секој ден од нажиот живот. Највеќе го примаме преку нашите родители, особено мајката која е прва од која го почнувме процесот на учење имитирајки ја. Родителите си ги препознаваме и по нивните мириси, им веруваме и затоа највеќе учиме од нив. Следните учители на нашата душа се најблиските членови од фамилијата, особено некои кои по одбир на нашата душа имаат посебно значение во оформувањето на нашата свест и начинот на расудување.    Повеќе ...

Tuesday, March 09, 2010

Во спомен на таткоми Воислав (Војо) Димитријевиќ

http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/8-2Large.jpg?t=1268154742
Сл.1  Деновиве се навршија 52 години одкако такткоми трагично го заврши животот
Димитријевиќ Воислав (1931-1958)          Повеќе ».....

Sunday, March 07, 2010

Изводи од матични книги

http://www.mvr.gov.mk/Uploads/Izvod%20od%20maticna%20kniga%20na%20umrenite.jpg
Заради починувањето на мојата мајка деновиве имав обврска да одработам соодветно пријавување во матичните книги. За да добијам извод од матична книга на умрените, кој ми треба за да ја одкажам пензијата, бев приморам да имам не постар извод од матична книга на родените од шест месеци (иако на сите звона се звонеше дека сега изводите се трајни документи). Извод ид матичната книга на родените се вади само во местото на раѓање, значи морав да одам во родното место на мајками во матичната служба - која работи само во понеделниците.             Повеќе ».....

Saturday, March 06, 2010

На сон ми доаѓа

Обично сонувам но наутро не ни паметам дека сум сонувал. Паметам сон кој ке го сонувам кога ке се доспивам. Деновиве редовно сонувам сонови поврзани со нашата НАНЕ. Ми доаѓа на сон секоја вечер, нешто како да ми вели – но јасно не се сеќавам на соновите. Се` останува таму некаде длабоко во мозокот, веројатна интеракција на скорите дневни случувања.         Повеќе ».....

Blog Archive

Site Meter