Search This Blog

Tuesday, March 09, 2010

Во спомен на таткоми Воислав (Војо) Димитријевиќ

http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/8-2Large.jpg?t=1268154742
Сл.1  Деновиве се навршија 52 години одкако такткоми трагично го заврши животот
Димитријевиќ Воислав (1931-1958)          Повеќе ».....

http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/8-9Large.jpg?t=1268155254
Сл. 2 Мојот лик на три години и три месеци колку сум имал кога починал таткоми, на кога за жал немам лично сеќавање.
Само што сум наполнил три години таткоми трагично го завршува својот живот во својата 27 година од животот. На еден градежен објект во Скопје во кој учествувал во градба како столар/стаклар заедно со уште дваица колеги паѓаат од скела поради трула даска и сите троица погинуваат, дваица на место - таткоми по два дена во болница. Мајками велеше дека паѓајки од пети спрат се обидувал да се фати на попатните скелиња, но не успеал - и тие се кршеле од теретот на троицата кои паѓале истовремено.
http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/8-8Large.jpg?t=1268159566
Сл. 3  Сестрами од чии сеќавања (двегодини и осум месеци постара од мене) го имам ликот на таткоми. Стално ми вели дека кога ке дошол таткоми од работа прво ке ме грабнел мене и трипати ке ме фрлал до таван (слично правев и јас на моите деца) а дури пота се играл и со неа. Мајками ретко ми зборуваше за таткоми ... имам осеќај дека многу ја болеше кога требаше да зборува за него.
http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/8-1Large-1.jpg?t=1268160391
Сл. 4   Цели три години служел војска
Таткоми е редон во истото село со мајками Старо Нагоричане. Потекнува од имуќна селска фамилија која во минатото има поповска лоза. Поповите од фамилијата служеле во селската Црква Свети Ѓорѓи (добро позната на сите поради преубавиот фрескоживопис) и во блиската Црква Пресвета Богородица-Забел.
http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/8-7Large.jpg?t=1268158313
Сл. 5
Дедоми Александар Димитријевиќ (Ќопа) е воен ивалид од првата световна војна, одликуван со два високи ордени, Караѓорѓева Звезда и Орден Бели Орао - за воени заслуги во борбите на Солунскиот фронт. Орденот кој тука гордо го носи го залужил затоа што сам во некоја од ноќите на Солунскиот фрот заробил десетина Австроунгарски војници. Ранет е во таа војна (првата световна војна) во ногата и кривел (кумановски ќопал - од каде му е и надимакот Ќопа). Поповската лоза на дедоми кој не бил поп потекнува во неколку претходни генерации. Поп Денко и неговиот брат Поп Арса се организатори на отпорот против турската власт, во слично време кога сличен отпор прави и дедо Иљо Малешевски. Во тие години отпорот бил залуден и загушен. Турците доаѓаат во Манастирот Забел, едниот поп го убиваат на лице место а другиот го затвараат во Солун од каде не е вратен. И дедоми има слична судбина во текот на втората световна војна. По убиството на бугарскиот кмет во средсело - како одмазда убиени се осумина видни луѓе од селото а нивните куќи запалени. Меѓу нив се дедоми и неговиот најстар син. Нешто повеќе за дедоми напша мајками во нејзиниот напис Мала меморија за мојот Свекор.
http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/8-6Large.jpg?t=1268159272
Сл. 6  Бабами Петрија Димитријевиќ. Доживеа длабока старост. За нејжиниот живот пишуваше мајками во нејзиниот запис Моја некогашна Свекрва, а можам да кажам и мојата втора Мајка.
Во времето кога тактоми требал да се осамостојува и припрема за живот модерни биле занаетите. Тој се определил за столарскиот занает кој го учел кај тетин ми Милан Денковски. Велат дека бил добар мајстор и особено добар и прецизен кога земал мерки за столарија. Некое време работел во рудникот во Лојане, за да потоа се вработи во Скопје во Градежната Задругата Нов Дом - пак по стапките на тетинми Милан Денковски. Купува мал стан во Скопје кај сегашна Универзална сала и спремил пари да купи плац за куќа. Меркале локации под Панорама во тогашните еврејски гробишта, но и во Ѓорче. Задругата Нов Дом се интегрира во Пелагонија каде поминува со работа таткоми. Пред да го купи станот секој петок со точак редовно патувал до Старо Нагоричане за да во понеделник дојде рано наутро. За жал во станот со мајками заедно живееле само половина година до моментот кога во градежна несреќа го губи животот на само 27 години.
http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/8-3Large.jpg?t=1268160529
Сл. 7   Мајками и таткоми во времето на нивната венчавка 1951 година
http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/8-4Large.jpg?t=1268160700
Сл. 8
http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/8-5Large.jpg?t=1268160764
Сл. 9  Мајками и бабами се сликаат со сестрами постарата 1953 година, за да ја пратат сликата на таккоми кој е во војска. Верувам дека не се двоел од сликава додека бил во војска.
http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/8-10Large.jpg?t=1268160961
Сл. 10  Мајками јас и сестрами во денот на големата болка поради загубата на мажот и такткото.  Дедоми е тука за да не утеши ...
Постот е посветен на таткоми. Деновиве навршија 52 години од неговото заминување од овој свет. Во спомен на таткоми син ми го носи неговот име, исто како што јас го носам името на дедоми.

No comments:

Blog Archive

Site Meter