Search This Blog

Tuesday, July 17, 2012

Wednesday, July 11, 2012

Тешки одлуки ...

Во животот во некои негови моменти мораме да носиме тешки одлуки. Една таква тешка одлука морам да донесам деновиве ...

Скаменето срце

Даровит писател може да напише добра поема под оваа фотографија. Да сум даскал во школо би ја дал на децата како мотив на тема скаменето срце. ...

Monday, July 09, 2012

Детска игра ...

Сонце, вода, песок, ветерче, деца. Идеални услови да се развие детска игра. Се чини дека во тие моменти на занесеност во играта за детето на постои ништо поважно на светот. Секако детето со едно око ја осеќа присутноста на своите родители кои му влеваат сигурност.
Оној кој го загубил детето во себе ја загубил среќата на искрајната детска игра, ја загубил среќата.
Сакам да гледам детска игра бидејки така ја гледам вистинската среќа на животот. Животот е игра. Оној момент кога ке престанеме да се играме престануваме да бидеме среќни.

Saturday, July 07, 2012

Убавина/Грдотија ... Добро/Лошо

Секојпат кога ке погледнеме околу нас имаме судир на убавина и грдотија. Тоа е слично како судир на доброто и лошото и тие одат заедно. Прашање на нашата перцепција е што гледаме кога гледаме, всушност што сакаме да видиме. Ист призор за некого е убав за друг грд. За мене убаво е се што е природно или барем личи на природно. Природата прави хармонија.

Friday, July 06, 2012

Боите на летото

Боите на летото се врзуваат за нашите годишни одмори. Тоа е време кога сакме да мрднеме од нашето гнездо, да избегаме за кратко на некое егзотично место каде можеме да ги уживаме благодетите на летото. Да симнеме голем дел од нашата облека и да дојдеме во допир со природата - изворно. Сето ова е поврзано со водата која не разладува и гали. Со ветерчето кое ни пирка и лади. Нема иделано место за одмор. Идеалното место го бира секој индивидуално, зависно од неговите потреби и можности.
Не мора да е правило, но за мене најдобро место за мојот одмор е мојот дом, мојот град. Чудно можеби, но секојпат се радувам кога се враќам во мојот дом, во мојот град ...

Blog Archive

Site Meter