Search This Blog

Friday, October 05, 2018

Бојкот

Ако до избори во Ноември дојде - за што има големи изгледи, ВмроДпмне нема да ги бојкотира. Калкулацијата е во парите кои ги добива од државата. Ако бојкотира ги губи неколкуте милиони евра кои ги добива од државата за функционирање на партијата. Во услови кога партијата има потреба од многу пари за да функционира (а другите пари ги нема затоа што не е на власт, особено додадено што не е на власт ниту на локално ниво) бојкотот на избори за парламент е нивно политичко самоубиство.

Како ке помине на избори - 300 до 400 илјди гласови е нивен максимум во овој момент. Дали тоа ке им донесе власт - не, особено во услови кога немаат можност за коалиција со ниедна албанска партија.

Дали останатите ке соберат двотретинско мнозинство тешко но достижно. Достижно е само ако се направи европска предизборна колаиција на СДСМ со албанските партии, со цел да се направат уставни измени и во наредните години се обезбеди непречено чекорење по реформскиот пат кој води во НАТО и ЕУ. Дали ова ке го подржат и сугерираат странците кои се одамно реална власт кај нас, ке видиме.

Sunday, September 30, 2018

Европска Македонија на избори во Ноември ?

Заев најави дека во рок од неколку дена ако не се обезбеди гласање на уставните измени дека коалицијата Европска Македонија оди на брзи предвремени избори во Ноември 2018 година. Така ВмроДомне ке остане со прстот во уста или да ги бојкотира тие избори и да остане со нула пратеници или да добие десетина пратеници ... Роковите го газат Заев но и ВмроДпмне е пред избор или да ги подржи амандманите сега а да оди на избори во некое подобро време.

Мириса на парламентарни избори во Ноември.

Thursday, July 05, 2018

Чинење и Нечинење ... Закон за амнестија на сите вмешани во 27 Април

Од формирањето на новата сегашна Влада - целото раководство (владина гарнитура со коалиционите партнери) ги фрли сите карти на решавањето на два проблема: Договорот за добрососедство со Бугарија и решавањето проблемот кој Грција го има со нашето име (ЧИНЕЊЕ), за да ако го реши проблемот со Бугарија и три деценискиот спор со Грција,  затварајки ги овие два проблема и отворени прашања - ДОЛГОРОЧНО да бере плодовите од извесните Нато и ЕУ интегративни процеси, кои носат со себе големи можности за раздрмување на се` па дури и на економијата, која се вбризгување на нови инвестиции, грантови и кредитни аранжмани би влегла во циклус кој на оваа политичка гарнитура која е сега на власт ке и донесе долгорочно сигурни извесни идни избори во неколку циклуси.

Од друга страна минатата владеачка гарнитура на ВМРО-ДПМНЕ доживеа две изборни фијаска. Во едното фијаско во кое бројките велеа дека е победник - победата во параментарните избори се претвори во пораз и во губење на власта. Станаа опозиција. За да потоа во другите локални избори доживее тотално фијаско и катастрофален пораз. Во сето ова време старата гарнитура се одлучи да ги тера процесите со НЕЧИНЕЊЕ - кочејки се, кочеше да се избере нов Парламент, нова Владаи, нов и институции. Овие два порази беа јасен сигнал дека дотогашниот 11 години Премиер мораше да се прости и од претседателското столче на ВМРО-ДПМНЕ (последото сидро кое му беше гарант за негов личен спас) и да целото време го посвети во судниците каде е обвинет со запретени затворски казни од многу години.

Новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ продолжува со процесите на НЕЧИНЕЊЕ и коченње на се` каде тоа го може и со негирање на се` за што е обвинувано старото раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Се чини дека новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ сакајки да ги кочи процестите само и помага на новата власт да добие се` за што се залага. На крај незнам дали Претседателот ни Иванов ке попути (“ке се предомисли“), но новиот лидер на ВМЕРО-ДПМНЕ ке одигра така како ке му свират светските сценаристи. Тој сега само глуми лудило. Пробува да го кочи референдумот со неизбирање на изборна комисија. ... Никојпат никој не добил ништо со НЕЧИНЕЊЕ.

Од лидерот на сегашното ВМРО-ДПМНЕ слушнавме дека ке подготви Закон за амнестија на сите кои на било каков начин се врзани со 27 Април и случувањето во Собранието.  Кога на сите ни станува јасно дека за тие случувања ке мора да одговаатаат сите инволвирани од оние кои се директни извршители па се до нарачателите (тоа Еу државите јавно писмено го побараа) - новиот лидер се надева дека со вакво помилување преку закон ке се испазари незнам за што? Од кого очекува подршка?? Мицковски со таков чекор на ставање на дневен ред на Закон за амнестија на сите кои се вмешани во 27 Април јавно ке признае дека ВМРО-ДПМНЕ и нејзиното старо раководство се директни организатори на немилите собраниски случувања од 27 Април. ВМРО-ДПМНЕ со вакво раководство и политики ке биде сретно ако на било кои следни избори остане на своите загарантирани 250 000 гласови.  

Thursday, June 21, 2018

Глумење лудило ... околу проблемот со името

Сега имам 63 години. Кога се случи проблемот со името на нашата држава и нација имав 36 години, бев зрел маж со две деца едното пет години едното само што се роди. Социјално и имотно бев згрижен, имав свој стан имав автомобил, одев секоја година на годишен одмор и се грижев за семејството - тоа (семејството) ми беше алфа и омега на мојот живот. Имав сигурна работа но поради транзицијата ја сменив за приватна работа. Приватната фирма ми беше успешна се до оној момент кога настапи военото лудило на нашитое простори. Не се снајдов тогаш, се исплашив за својата безбедност и безбедноста на семејството. Пробав да се иселам од Македонија - но сопргата ме одврати од таа намера бидејки таа сметаше дека тука ни е убаво, имаме се` и не треба да бараме ништо повеќе од животот. Продолжив да се грижам за моето семејство, ги школував децата и имав намера да дадам се за нивното школување - за да тие во својата иднина имаат подобри шанси во нивните животи. Керками која тогаш имаше пет години сега има 32 години, растеше и се школуваше. Јас во тој период осеќав дека информатиката ке биде вносно занимање и финасирав во семејна компјутериизација и неограничен интернет. Тоа значеше дека дома имавме скоро перманентно 4 компјутери и неограничен интернет. Тоа земаше повеќе од една половина на нашиот семејен буџет. Немав разбирање од никога за таквите големи трошоци, тоа не го одобруваше ниту женами која велеше дека се тоа фрлени пари кои ке ни требаат за други потреби. Но јас бев упорен. Осем за компјутеризација вложував пари и за школување на странски јазици. Децата одеа на кусеви, англиски и грчки. Поради курсевите и неограничениот интернет децата кога пораснаа зборуваа и читаа одлично англиски а своите професии ги усмерија во компјутерските вештини и информатиката. Керками заврши информатички факултет и поздипломски студии во информатичката наука во САД. Сега работи тука во Македонија во информатичката струка која е во просек со највисоки финасиски примања. Може да оди било каде во светот и да има солидни примања а и тука не и е лошо. Синот кој беше бебе кога настана проблемот со името сега има 30 години. Тој се насочи во компјутерските вештини и сега е успешен графички дизајнер. Позади себе има веќе скоро деседгодишно искуство во својата професија. Работеше во две фирми во Македонија во својата професија. Имаше своја (ортачка фирма) во истата професија. Три години работеше во Сингапур како графички дизајнер. Се врати од Сингапур и сега повторно е на раскрсница дали да остане тука во Македонија (каде најубаво се осеќа) или да фати пат во некоја друга светска дестинација каде ке работи во својата професија. Во меѓувреме веќе 8 години јас останав без темелоите на моето семејство, ми почина сопругата и жената а самиот остарев.

Што се случуваше во државата ни во овој период на 27 години “стоење во место“ со нерешен проблем со името на нашата држава и името на народот и нацијата. Не се најде “маж“ кој се осмелуваше да го реши проблемот и се чинеше дека тој ке биде вековен проблем. Државата и народот постепено осиромашуваше и заостануваше во својот економски развој во однос на сите комшии и останати земји во светот. Во светот владее ера на глобализација каде нема граници. Народите/луѓето се движат слободно низ светот и секој си наоѓа свое катче каде ке ја обезбедува егзистенцијата и ке формира семејство. Во нашата држава се случуваа поделби и расцепи во сите правци. Национализмот или поточно квазинационализмот царуваше. Со ветувње дека на нашиот народ ке му го сочуваат името и идентитетот поединци станаа апсолутни владари на нашата територија и на самите нас. Тоа тие дебело го наплатија и своите празни џепови ги наполнија со огромен имот и пари, правејки бизнис за себе. Сите тоа го видовме во изминатите години. Секој се бореше за власт, да од позиција на власт си го товари своето магаре.

Проблемот со нашето име стана крупно регионално прашање, кое тлее не 27 години туку 80 години и има корени во балканските војни и поделбата на географска Македонија на 4 дела од кои најголемиот дел (повеќе од половина) го има во владеније грчката држава и народ. За неговото решавање или нерешавање се заинтересираа светските сценаристи кои ги создаваат и демек ги решаваат проблемите. Сега тие решиле да понизувајки не ни дадат шанса да влеземе во светските текови на слободно движење на идеи и народ. Најдоа формула во која демек и двете страни (двете држави) попуштиле во нешто од нивните главни барања “разумен компромис“. Направија така да се реши проблемот во фази каде сите постепено ке сватиме што е поважно, дали еконоската иднина е поважна од националните и идентитетските прашања. Во светот во демократските земји каде и ние припаѓаме за својата судбина одлучува мнозинството и воената реална сила, обидувајки се тоа мнозинство да биде што поголемо.

Имам чуство дека на мнозинството од народот кој живее во нашата држава веќе му е доста од проблемот со нашето име и ке го лапнат колачето и обландата во која е завиткано постепеното решавање на нашето име. Колачето/колачињата и облантите се смислени од светските центри на моќ кои ја водат светската политика. Националистите од Македонија се се помалубројни. Се гледа и по подржувачите на таквите идеи кои јавно излегуваат на македонските улици да ги бранат своите идеи - тие секојневно се се помал број и стануваат малцинство и полека се губитници во политичката моќ. Присетете се дека тие доживеаа катастрофален пораз на последните локални избори. Поголемиот број од нивните водачи и креатори на нивните програми се во судниците каде им се запретени многу години на робијање. Парите кои ги “спечалија“ во грабежот кој го направија ке им ги земат. Нешто ке се врати на народот но поголемиот дел од парите ке им го земат светските полицајци во замена за поблаги казни и можност за егзил во некја од државите кои прифаќаат такви мафијашки структури. Нивните животи полека стануваат пекол.

Во било кои наредни избори овие кои демек се залагаат за решавање на проблемот со името ке бидат големи политички добитници. Единствен кој сега има реална моќ да ги кочи процесите на светските полицајци кои одлучија да го затворот прошањето со нашето име е Претседателот на државата ни. Но сетите се дека тој веќе двапати се предомисли во своите одлуки. Ке се предомисли и третпат и ке се испазари да нема последици во својата идна положба и статус и ке потпише се што ке му наредат светските полицајци.

На крај се се врти околу прите и колачињата. Сетите се дека најубавите жени ги имаат оние кои имаат највеќе пари и моќ а не оние кои се најпаметни и најзгодни.

Saturday, February 17, 2018

Флаша со топла вода - Лидија Лазова „Калдрма“ (влажно, темно, ладно ...)


Сите знаеме од лично искуство дека кога ти е ладно згреана керамида, термофор или флаша со топла вода помагаат да не заработиш треска и тешка прехлада.
Сторијата која ни ја раскажа во тв интервју Отворено 24 вести Лидија Лазова (само осомничена во процесот но веднаш притворена/затворена во истражен затвор) - во кој поминува повеќе од година ипол ако добро се сеќавам). Во “Калдрма“ 86 осомничени сите во еден ден притворени низ цела Македонија (бидејки во Скопје немало место за сите).
Притвореничката Лидија Лазова во случајот „Калдрма“ била притворена во самица во затвор во Битола во келија во која немло греење а надвор во таа зима температурата падна на минус 27 во Битола. Притвореничката Лидија Лазова со зборовите “влажно, темно, ладно...“ опиша во кави услови била притворена. За да се загрее барала барем флаша со топла вода но добивала само од еден раководител на смена другите не и давале ... Кој има желба нека го одгледа видеото на линкот https://www.youtube.com/watch?v=yZCGuR8rykc

Ваков притвор/затвор веројатно ке доживеат и творците на притворите во “груевистичка Македонија“. Клетвата веројатно ке ги стигне ...

Saturday, January 06, 2018

Бубњеви ... Птици (штиглици) во лет ... (сон)

Сонувам дека сум во една летна пријатна квечерина во Ново Лисиче (каде некогаш имав стан). Седам со комшиите надвор на отворен простор на клупи кои се во оругла форма. Ќаскаме така и се шалеме на тема свашта. Некако пред да решам да си појдам дома одкога скоро сите останати си заминаа по нивните домови доаѓа до мене и седна учителката на едно од моите деца (на постарата керка) која седна до мене и ме праша за птиците по дома како се - вели би сакала да земам неколку да ми летаат по дома. И велам: е супер само немој да земаш од многу различни видови земи по неколу од две три групи бидејки тие кога летаат сакаат да имаат истородно друштво за да летаат заедно во свои формации. Супер вика туку да појдеме долу до она мала продавница кај Бубе, па после ке пиеме кафе кај тебе дома - ке свари Цацка, (учителката беше пријателка со женами...) да купам лед сијалични, ми треба вика за по дома правам нешто. Супер викам таман сакам да го прашам Бубе за совет за лед сијалички во бубњевите од метални буриња ки ги замислувам да се направат. Тие да имаат метални отвори во кој ке се инсталира опна за бубањот а во внатрешноста лед сијаличките во разни бои да светкаат и како ке удира бубњарот по нив тие да светкаат во разни тактови како бубњарот ке задава ритам. Туку и велам ке морам да појдам во некоја фабрика која прави метални буриња (си мислам ке мора некаде во странство да појдам кај нас нема фабика за метални буриња) да им нарачам металните буриња пред да се затворат да им направат отвори за опни и од страните да има округли отвори од кои би светкале разните лед сијалички. Туку велам ке морам со Гаро да се консултирам какви и колку отвори да се направат во металните буриња и како да се затвараат а да може да се отвараат за да се менувааат лед сијаличките. Веројатно велам со некаков обруч како на едно од бурињата во кои ставав зелка за кислелење. Така поаѓајки накај Бубе кој имаше дуќан за осветлителни елементи и лед сијалички се пробудив - бидејки навечер се будам често за да појдам да измокрам. Седнав така на креветот и се смејам велејки каде мене неписмен за музика ми текнало да конструирам бубњеви и како то птици во лет во стан? Дури го замислував во сонот Гаро како удира на главното буре на кое треба нели да има отвор долу за педала и тоа буре да биде легнато за педалата а над него ведаш да има главно буре со отовор за лупање на кој би се лупало со оние метални гребалки со кои се дава ритам за џез звук ... И од каде велам птици во мојот сон кои летаат во мојот некогашен стан кој во меѓувреме веќе го продадов ... На сон си велам луѓето свашта “креативно“ сонуваат ... Се сонуваат дури и лица од твојот живот кои се веќе починати ... Туку велам да го запишам сонот инаку брзо ке го заборавам ...

Blog Archive

Site Meter