Search This Blog

Thursday, December 29, 2016

Бесни кучиња ...

Ги живееме годините на “бесните кучиња“. Незнам дали во кинескиот хороскоп има година на бесни кучиња - но околу нас се слуша завивањето,цвилењето и беснот лаење на “бесните кучиња“. Некои се пуштени од ланец, некои кои досега беа слободни се фатени/фаќаат во ланец.

Wednesday, December 21, 2016

Пристојни и непристојни предлози за теарчани ...

Теарце наеднаш влезе во жижа на интересот на политичките партии. Овие неколку дена до изборниот молк теарчани ке доживат многу пристојни и непристојни предлози за возврат за својт глас. Скоро сум сигурен дека ке има и полициски акции за пронаоѓање на непристојните предлози. Не би сакал да сум во кожата на жителите на Теарце. Правото на глас е сепак лично и е тајна ...
Всушност се дига џева за бадијала и вака да остане како е сега никој неможе да гарантира дека ке има сигурно мнозинство. Сепак се работи за можност само за промена на резултатот за едно пратеничко место (веројатност тоа да се случи е многу мала) кај едната или другата партија кое нема многу да промени во конечниот резултат ...
Партиите си ги мерат преку грбот на теарчани ...

Monday, December 19, 2016

Има ли сила Груевски да предизвика граѓанска војна? ...

Груевски продолжува да работи на своја штета. Со гласовите кои ги доби на последните избори не може самостојно да формира стабилна влада и тешко му оди да убеди коалициски партнер меѓу “клетите“ шиптари...
Со неговата сегашна реторика Груевски веќе делува како опозизија.
Груевски почна да војува со оние кои ги моли да не примат во нивиот сојуз. Во последните две години  Груевски не добива доволно кредит од земјите/политичарите во кои аплицираме да бидеме дел. Сега почнува да војува со амбасадорите од истите земји со што ја сече гранката на која седи.
Груевски со својата последна реторика повикува на можност за правење на граѓанска војна во РМ со желба да дојде во ситуација да се прогласи вонредна состојба во државата каде војската и полицијата ке ја преземат власта а тој и неговата влада во оставка да продожи некако да живее уште малку.
Груевски ја нема таа сила да предизвика граѓанска војна. Можно е да се направат некакви пробни сценарија за започнување на граѓанска војна но нема да му успее. Никој нема да сака да ја стави својата глава во воена ситуација заради “арамијата“ Груевски. Заради кого би ја ставил народот (како што милува да го наарекува македонскиот народ) - заради “арамијата“ Груевски и фамилијарниот “мафијашки“ клан сигурно не. Особено не кога Груевски се обидува да војува истовремено со целата алијанса на држави каде отворено сака да одиме.
Има и еден последен факт на кој Груевски изгледа не смета. Македонскиот народ е мирољубив. Нема историја на војување. МК народ е со менталитет на наведната глава која никој не ја сече.

Зошто Заев не победи на последните избори? ...

И покрај фактот што Заев и коалицијата на последните избори доби фантастична и респектабилна бројка на последните избори од над 430.000 гласови, тој сепак во апсолутна бројка доби помалку од Груевски. Зошто Заев не победи на последните избори? ...
Факт е дека Заев е потрошен политичар со многу тешки бремиња на своите плеќи. Заев не успеа да ги придобие неопределените во број каков требаше за да го победи Груевски.
Заев предизборно не ја обедини целосно опозицијата. Сега џабе е налепувањето на бројот на гласачите од останатата опозиција - двете партии со ВМРО предзнак, Левица и трите албански партии (сите тие настапија посебно).

Зошто “арамијата“ Груевски не “изгуби“? ...

Овие денови сите теоретизираме со фактот зошто “арамијата“ Груевски не “изгуби“ многу повеќе свои подржувачи. Дали се уценувани, крадени, подкупувани или лажени Груевски и покрај сите контраргументи на довчерашната опозиција повторно доби 450.000 подржувачи што е респектабилна бројка загубувајки само мал број од максималната подршка.

Има еден обичај во нашиве балкански простори. Меѓу голем дел од обичниот народ на арамиите и арамијлукот се гледа со симпатии. Погледнете ги народните приказни ке се уверите во тоа. Меѓу народот често се вели вака - “Никој ништо не му може тој е јак - па што ако е и арамија синки оној другиот не е...“

Saturday, December 17, 2016

Фатиме ...

ВМРО-ДПМНЕ ја живее судбината на Фатиме ... 

Wednesday, December 14, 2016

Заблуда ...

Премногу очекуваме од западната демократија (европската и особено САД) дека некој друг треба да ни пресуди и да ни “расчисти“ внатре во нашиот дом. Не дека они тоа не можат да го сторат - но заблуда е дека некој друг треба да ни исчисти по дома.

Monday, December 12, 2016

Интереси ...

Зошто некој влегвува во политиката? Политика е професија преку која се овозможува легално да се освоји власт. Точка. Заднината зошто преку практикувањето на власта подпоцна се испорачаат резултати во корист на оној кој вложува во политичките партии се интересите. Споредувањето на политиката (политичкиот занает) со најстариот занаеет кај човечкиот род го практикува/л низ историјата (курвинскиот занает) е сосема вообичаено. Курвата се најмува за да ги задоволи потребите на луѓето за сексуални услуги. Курванлукот обично се крие демек никој да не ги види. Така и партиите кријат кој ги финасира во кампањите. Но сето тоа е безуспешно. Сите брзо дознаваат кој е мераклија за курварење како што сите лесно и брзо дознаваат кој ги финасира партиите во изборните кампањи. Така оној кој има интерс во одредена држава најмува политичар за да одработи во корист на неговиот интерес.

Кои се главните финасиери на нашите партии? Тоа се разликува дали е партијата на власт или во опозиција или пак е вонпарламентарна партија или партија која е руки почетник во изборниот натпревар.
Ако партијата е на власт таа најчесто мнозински се финасира преку црните фондови кои лесно ги полни додека е на власт преку разни коруптивни зделки и соработки со мафијашки стрктури. Процент од тие пари оди во приватните џебови кај политичарите но голем процент оди и во тајните фондови на политичките партии. Овие пари партиите ги користат во време на изборните кампањи за подмитување на разни и бројни демек подршки кои им ги даваат “угледни“ политичари, интелектуалци, новинари и други организации. Сето тоа не е никаква тајна. Во САД ако имаш пари преку лобирањето кое таму е легално може чудо да направиш за доволно пари. Албанците така направија/прават од Косово држава.
Ако пак партијата е во опозиција тогаш таа најчесто бара финасиери меѓу многубројните фондови кои ги прават разни филантропи (од типот на Сорос да речеме). Често се тука вклучени и вмрежени меѓународни организации кои преку својот систем најчесто банкарски сакаат да остварат свој интерес во одредена земја/држава. Да речеме мултинационалните компании знаат со какво рудно богатство или нафтени полиња  располага одредена територија/држава и таа(МК) низ одреден период прави/финасира свои структури во односната земја. Мултинационалните компании го прват сето ова финасирајки одредени политички партии која најчесто се опозиција или се руки партии.
Постојат крупни држави кои ова финасирање а за свои интереси го прават преку своите служби кои се најчесто тајни. Со тие служби легално кординираат амбасадите и дипломатските представништва.

Во нашава сегашна држава скоро на сите ни е јасно кој и со чви пари парави изборни кампањи. Присутни се повеќето финасиери кои за свои интереси финасираат партии и политичари. Присатни се секако и парите од мафијашките здрелки кои партиите додека практикуваат власт ги чуваат за трошење во изборните кампањи. Присатни се разните фондации и филантропи. Пристни се и тајните служби на одредени моќни држави.

Заради свои интереси и за нивни потреби очекувам во наредниот период да се вклучат во финасиери на изборни кампањи и пари од кинеската држава. Во овие избори на голема врата влегоа пари во една од албанските партии со мирис на ориентот.

На овие избори најлошо помина онаа партија која иако беше сипатична во своите настапи и програми немаше “спонзор“. Тука мислам на Левица. 

Friday, November 25, 2016

Тивко патување/умирање

Секојдневно не тераат да замаме кредити од оние кои си ја присвојиа штампаријата на пари и ни ги продаваат (парите) како божемски вистински. Они (кредиторите) ни го кројат животот и одредуваат судбината. Се сеќавам не така многу одавна се одеше во пензија со 60 години старост т.е. 40 години стаж. Во нашата сегашна демократија оние кои требаат да ни ја плаќаат пензијат која ја заработивме ги менуваат условите за почеток на пензијата. Се заговара пензионирање на 67 години за мажи 64 години за жени. Демек многу сме живееле и неможат да не плаќаат. Не е важно тоа што не прелажале додека сме плаќале во пензиските фондови важно е дека оној кој ги дава кредитите (оние за кои тој си штампа пари во својата штампарија) гледа прво тој да биде намирен па после ако има за друго нека има. На нас обичните смртници кои сме на крајот од патот не ни се остава право на избор - осим тевко да патуваме ...

Sunday, November 20, 2016

Балкански инает

Никој кој не живее/л на балканските простори неможе да свати дека најголем мотив за некаов успех може да биде инает. Но ние кои живееме на балканот тоа добро го сваќаме и сме го осетиле - дури и преку лични примери.
Балканскиот инает особено е присутен во спортот. Познати се многу случаеви каде многу богати и познати клубови или спортисти кога ке се сретнат со некој кој во сржта го има балканскиот инает лошо поминува.
Типичен пример за успешен спортист кој во себе го содржи баканскиот инает е доскорашниот светски тенисер број еден Новак Ѓоковиќ. Тој своите постигања ги достигна со многу труд и желба. Мене тоа ми изгледа на борба сам против сите. Балканскиот инает е (“...е сега ке видите Вие...“) верјатно е најзаслужен за неговита успеси во спортската борба. Тогаш кога помалку го изгуби мотивот за докажување од инает на врвот од својата слава престанаа наеднаш неговите најврвни резултати. Му недостигаше мотив.
Се чини дека кај Новак Ѓоковиќ повторно се роди желба да се докаже од инает на сите кои не го сакаат - да докаже дека е најдобар.
Вечерва ке видиме со колкав ментална сила и балкански инает ке се докажува сам против сите. Вистина на теренот ке биде само Енди Мареј - но Ѓоковиќ стално се бори со видливите и невидливите сили и интереси кои се против него - особено против медиумите и публиката која не навива за него.

Monday, November 14, 2016

Кој ке победи Курто или Мурто?

Мојот порив да ги анализирам дневните теми се повеќе слабее. Неможам да најдам мотив да пишувам за тема која до сега некако ми изгледа исцрпено - сум ја исцрпил со некој мој напис кој е некаде запишан на мојот блог.
Еве се наближува денот кога на народот му се “враќа власта“ т.е. му се дозволува да биде прашан кој ке го води наредните четири години.

За кого да гласаме на овие избори. Имаат ли неопределените (каде и самиот се вбројувам) оние кои се најбројни во нашиот случај за когао да гласаме.
Од она што се нуди на нашата политичка понуда се плашам дека неопределените ке си останат неопределени и се ке биде по старо. Ке победи некој од двете Курто и Мурто партии, но овојпат се чини со многу тесен резулатат меѓу себе.
Дали сум задоволен од досега што е сработено на МК политичка сцена мислам ова најновото.
Само едно ме радува што МК народ беше мудар и не дозволи да се успеат сценарија каде ке паѓа крв по МК улици низ некакви “мајдани“...
Кој ке победи на овие избори и дали нешто ке се смени. Не е важно кој ке победи. За народот е неважно дали со него ке владеат Курто или Мурто ...
За крај ве подсетувам на едно мое размислување како нашите партиски елити не владеат.

Како не владеат? ... Списоци ... Државен либерален социјализам ... Организиран криминал

Friday, July 15, 2016

Радикален Ислам ... Исламизација на Европа

Современиот свет со својот начин на живеење е во глобална смисла е во “војна“ со Радикалниот Ислам. Ништо ново не кажав. Историјата е полна со глобални војни меѓу останатиот свет и Радиалниот Ислам. Сетете се на начинот на кој Радикалниот ислам се прошири од своите центри Мека и Медина кон светот. Со меч и терор се освајаше територијата и исламог глобално се ширеше кон Средноземјето и кон Европа. Европските држави одговорија со средновековните христијански војни за да справи со радикалзмот на дел од учењето на Исламот. Познати се крстоносните војни.

Исламот како верско учење е дел од религиозниот корпус на човекови права и тој не може да се забрани во целост. Но со Радикалниот Ислам светот мора да се бори како што се бори со секоја заразна болест. Радикалниот Ислам не е здрав ни за самите муслимани а секако не е здрав за останатире религии и особено со современиот концеп на глобалниот начин на живеење.

Глобалната војна со Радикалниот Ислам никојпат не е престаната само до скоро немаше глобален фронт против оваа “заразна болест“.

Светскиот полицаец долго време го користеше Радикалниот Ислам за своја борба против глобалната сила каква беше СССР. Заговарани се и финасирани многу од војнтите каде СССР се ослабнуваше. Во Европа Радикалниот Ислам се подржа во деловите на некогашна Југославија особено во Косово, Босна, делови од Македонија и делови од Србија каде живеат Муслимани. Светот се здружи да им помогне на овие “маченици“ и направи неколку локални граѓански војни во кои секојпат исламскиот елемент беше на мислост на ЕУ држави и САД. Крвави беа сценаријата во Босна. Војната во Косово демек се смири со бомнардирањето на Србија и Црна Гора. Се употребија експериментални бомби од кои се контаминира просторот и сите тука ке умираме со години како да доживејавме нуклеарна хаварија. Во Македонија 2001-ва се спроведе краткотрајна војна со долгорочни последици.

Нова цел на контаминирање со Радикален Исламизам се случува во полсените неколку години со специјалната војна која се спроведува на Радикалните исламисти со Европските држави. “Организирано“ се упатија реки од бегалци со муслиманска провиниенција во ЕУ државите - користејки го човековото право на избеглици на со војна зафатени области. Тие сега откако се инкорпорираа во ЕУ државите и ја искористиј подадената рака за помош - враќаат со Радикален Ислам.

ЕУ државите па и светот треба да се справат со начинот на справување на секоја заразна болест. Тоа е обележување на контамираните средини со Радикален Ислам и истребување на Радкалните Исламисти.

Ние на наште простори со векови живееме измешани со исламската вера. Но во последните дваесет триесет години Радикалниот Ислам се инфилтрира во обичните исламски верници и се осеќа контаминиацијата на Радикалниот Исламизам и во нашите простори. Мора да ги следиме новите мерки кои ке бидат донесени против Радикалниот Ислам - а таквите ке се донесат оној момент кога со тоа ке се согласат главните инструктори на Радикалниот Ислам кој доаѓаат од единствената светска супер сила... Интересен е начинот со кој со Радикалниот исламизам се справува Јапан.

Thursday, May 26, 2016

Шарена револуција - дилеми

Автентична или неавтентична нашата шарена револуција за мене има повеќе дилеми.

Најпрвин дали треба да се протестира на МК улици против актуелната власт? Тука немам дилема - апсолутно треба да се протестира. На сите ни е јасно дека актуелната власт ги ОКУПИРАШЕ сите институции и ги присвои - владеачката партија (читај раководството на владеачката партија) ги стави под свое сите институции во државата. Нема никаква разлика меѓу она што го зборува и прави владеачката партија и било која од институциите на државата кои се освооени од сегашната актуела власт. Собранието кое треба да е врв на власта се претвори во апарат за исполнување на желбите на врхушката од актуелната власт - гласачка машина. Сите министерства, сите државни институции прават онака како им се диктира од еден центар. Нашите заеднички пари се трошат онакака како тие замислуваат дека е добро. Ги окупираа и сите повжни медиуми (со  наши заеднички пари) за да преку нив ни соопштуваат колку се они добри и колку добрини ни прават. На крај видовме т.е. чувмо дека ни го окупирале и правото на глас преку изборните манипулации кои ги правеле во повеќе изборни циклуси. На останатите партии кои не се во власта и на неопределениот народ (кој е најброен) не остана ништо друго туку да излезе на улица и да протестира - да соопшти дека царот е гол ...

Начинот на протестирање е она што ми прави најголема дилема. Од една страна видовме дека мирните и ненасилни протести не врод/уваат/ија со плод. Мува не ја полази власта порди таквите протести. Тие таквите протести ги посматраа околу себе како декор и не ги ни приметуваа. Се оглушуваа на нив и ке спроведеа нови избори каде со помош на изборните манипулации и работа со одделни структури на гласачите кои ги претвараа во свои “пациенти“ - ке забележеа нова изборна победа со што ке ја зајакнеа власта во самите институции.

На крај ја запоседнаа судската власт сосе јавното обвинителство. Не се знае кој води истрага, полицијата, јавното обвинителство или политичарите на власт. Правдата стана селективна и избликна паролата на протестантите “Нема правда нема мир“. Се се сведе на познатата парола Кадија те тужи, Кадија те суди.

Одкога сите чувме какви се маниплации се правени со сите наши права сосе изборното право и од кога слушнавме како позади сето тоа сите од врхушката на власт се богатат преку коруптивни зделки со јавните инвестиции и проекти - тие пак се обидоа преку брзи избори се да покријат со демек изборната воља на мнозинството.

Уличните демонстрации се зајакнуваа со дејствија кои се карактеристични на анархистичките движења. Се мава по полицијата која ги штити институциите, се кршат некои институции за на крај да се почне со боење на институциите преку таканаречената шарена револуција. Удирањето по полицијат која ги штити институциите, кршењето и шарањето на институциите се елементи на анархија и тука е мојата дилема. Дали така треба и дали тоа ке доведе до резултат - до смена навласта? Она што сите го знаеме е она кое јас најмалку го посакувам а тоа е дека само револуција која ке се натопи со крв е револуција која носи резултат. Такво крваво сценарио за нас не посакувам.

Од друга страна мене ми е јасен односот на таканаречената меѓународна заедница. Тие прават се да се оневозможи некоја од страните да биде појака од другата - бараат на утакмицата играчите да имаат слични оружја и шанси. Јас не верувам дека се они на било чија страна. Не верувам дека се противници на власта бидејки они се главните финасиери на кредитите кои халапљиво ги зема власта. Од друга страна од авион се гледа дека се и главни финасиери на оние кои се на улица и кои протестираат ...

Wednesday, May 18, 2016

Патување низ времето во минатото низ македонските стари и свети места.

Уште од школските времиња ме привлекуваше историјската наука која всушност патува низ минатите времиња и цивилизации раскажувајки ни како се живеело некогаш. Во младоста како и секој млад човек ме интересираше одкривањето на самиот себе, ме интересираа сите работи кои ги интересираат сите млади - ме интересираше вљубеноста и љубовка... Во раните млади години (кога започнува зрелоста) кога формирав семејство, ме обзема потребата да обезбедам иднина за мојата фамилија и моите деца. Да ги израстам и воспитам моите деца - од две кила месо, се до период на завршувањето на нивното школување, кога ке го доживеам моментот да тие самите почнуваат да летаат низ својот живот. Секојпат се обидував да ги научам самите да ловат риби. Во тој зрел период од животот кога незабележително почнува староста (есента и зимата на животот на секој човек) повторно ми се врати љубовта и интересот кон историјата пред се на мојот роден крај но и светската историја. Тогаш почнав да ги пратам археолошките истражувања кои во последните десетина години во Македонија испливаа на површина и како да добија задача да го докажат името (Македонија, Македонски народ, Македонска нација, Македонски јазик ... Република Македонија ...) кое го носи овој Македноски народ - кој меѓу последните нации на балканот формира своја држава и државност.

Некаде пред десетина години започна ерата на интернетот. Тогаш препознав дека интернетот за кратко време ке стане новата светска александријска библиотека и дека ке се развие заедно со развојот на информатиката и компјутеризацијата како последна индустријска револција. Пред дваесетиосум години ја купив мојата прва видео камера (Сони супер 8) и тогаш со неа ги филмував и го документирав мојот фамилијарен живот и растот на мојата фамилија со посебен акцент на моите деца. Од секојпат од кога знам за себе имав фото апарат. Најпрвин тоа беше неизбежната Смена 8. Потоа дојде аналогна фото камера во боја Коника. Пред десетина години дојдов во посед на првиот дигитален апарат за мали фамилијарни потреби - Canon PowerShot A430. На ‎04 ‎јули ‎2007 година го купив мојот омилен фото апарат OLYMPUS SP550UZ со кој ги направив моите први посериозни обиди за дигитална фотографија и полека од обичен фото аматер прераснував во напреден фотограф аматер. Бидејки осеќав дека е време да се посветам на попрофесионална опрема за фотографија на ‎24 ‎јули ‎2012 го купив мојот сегашен професионален фото апарат NIKON D800E со неколку објективи и друга фото опрема. Со мојата фото опрема почнав да ги посетувам старите и светите места во Македонија. Сето тоа го пренесував во моите написи со фото прилози на моите блогови. Почнав да блогирам со неколку мои блогови од почетокот на 2006. Стално имав проблеми да ги хостирам моите фотографии бидејки тогаш не се нудеше бесплатно хостирање на фотографите. Увидувајки дека Фејзбук е првото место кое нуди бесплатно хостирање на фотографии без ограничување почнав да ги запишувам моите фото приказни од МК стари и свети места на мојот Фејзбук профил. Пред седум години ја формирав и Фејзбук фото групата MACEDONIA - Foto Stories. Така повеке од десетина години трае моето патување низ времето по македонските стари и свети места. Ке посакав да посетам некое старо и свето место, ке го посетев, фотографирав и лично ке го доживеев. Потоа следуваше проучување на написи и книги за тоа место и од сето тоа произлегуваше фото запис со пригоден напис на моите блогови и мојот ФБ профил. Некои места се повеќекратно посетени и секојпат одново ке ја почувствував енергијата на старото и свето место, сеедно дали е тоа само некое старо дрво, област каде ке осетам енергија кога расте мојот адреналин или е стар манастир, џамија, археолошки локалитет ...

Најнов проект/идеја кој/а ми е во зародиш е да од сето тоа направам свој личен тајмлајн на патувањето низ времето во минатото низ македонските стари и свети места. Така секојпат споредувајки ги датумите на градбите на нашите стари и свети места ке знам колку вредиме кога ке посетам некој значаен објект, градба или место низ светските градови. Ние имаме обичај да си ја подценуваме нашата вредност, култура и историја од една страна - но имаме и обичај да го преценуваме сето тоа посакувајки да кажеме (некои од нас) дека се` од нас почнало и дека ние и амебите сме најстари ...

Thursday, April 07, 2016

Улична “демократија“ ...

Институционалната демократија сношти даде виза на уличната “демократија“. Дали МК улична демократија има сила да спроведе крваво сценарио од украински или афрички тип - ке дознаеме во деновите кои предстојат. Од сето ова зависно од развојот и темпото на уличната МК демократија - меѓународната заедница најпрвин ке ни ја одземе препораката а потоа ке формира суд во Хаг (по углед на Косово и бившата ни заедничка држава Југославија) - каде ке ни суди за она кое до сега МК “демократи“ го сториле и она што овие денови ке го сторат.

Tuesday, April 05, 2016

Пу јазк ... Оствка на Премиерот на Исланд само за милион долари во Панама Оф-шор ...


Пу јазк ... Оствка на Премиерот на Исланд само за милион долари во Панама Оф-шор ...
Многу ниски критериуми имаат ова исадѓаните. Види колку народ му се собра на плоштадот. А тој пак наместо да си организира контрапротест си даде оставка. Пу јазк ... Колку ќар пропуштиле сендвичарите во Исланд, мислам од она седвичите за контрапротестот кој заисли не е ни организиран ... Загуба сигурно се и аутобуските превозници - оние кои од цел Исланд ке си ги донесоа подржувачите на Премиерот на Исланд ...

Имунитет ...

Во последните неколку години сонувам некои “креативни“ сонови. Бидејки ги сонувам при крајот на спиењето ги запамтувам како да сум гледал некој добар филм. Читав порано дека истражувачите на соновите многу барале да читаат случаи на одсонувани сонови и така анализирајки доаѓале до  откривање на психолошки и парапсихолошки феномени.

Во мојот последен сон една група на млади научници го проучува феноменот како се пренесува имунитетот од здравиот кон болниот, при тоа и здравиот постанува уште поздар бидејки тој лечејки го болниот го впива кодот на болеста на болниот и станува уше поздрав зајакнувајки го својот имунитет. Имено како се лечи болниот. Се поврзуваат здравиот и болниот ставајки ги еден до друг го впиена положба и при тоа се врши пренос на имунитетот од здравиот кон болниот. Кога малку ке размислам вака природно мајката го пренесува својот имунитет кон своето бебе преку своето доење. Вака се зајакнува имунитетото преку вакцината. Имено вакцината е всушност убризгување на мал код од болеста и му се препушта на организмот на време да се излчи - учејки го кодот на болеста преку победување на кодот на болеста. Организмот го запамтува кодот на имунитетот на болеста и така го штити секогаш кога истата болест ке го нападне во некој нареден период на живот.

Интересно беше дека во сето ова имунитетот се пренесува и со самата близина на допирот на телото. После сватив зошто е добро мајката и детето своите први пет до седум години да ги минат заедно во ист кревет. Демек мајката така го пренесува својот имунитет на детето - со својата близина. Понатака размислив зошто мажот и жената кои спијат заедно особено кои милуваат да спијат испреплетено еден во друг - зошто по одредено време почнуваат да си личат и физички и особено имаат исти сваќања за нештата. Имунитетот се пренесува со близината. Или друг пример зошто кодот на молитвата измолена во црквата се пренесува кон другите кои се молат во истата црква. “ВиФи“ лечење и прансфузија на кодовите на животот. Или зошто читајки добра книга таа на некој начин и те лечи. Всушност читајки добра книга или гледајки добар филм ти го впиваш кодот на животот кој те прави појак. Истовремено зошто некој кој ке појде во затвор за ситен криминал од затворот ке излезе многу полош криминалец од тоа што бил предтоа. Просто е во затворите сме ги споиле криминалците едни до други и тие тука го пренесуваат својот код долго време едни на други ...

Monday, March 28, 2016

Камен во бубрег

Современ апарат за кршење на камен во бубрег на база на ESWL- Терапија со екстракорпорална шок бранова литотрипсија претставува револуција во третманот на уринарна литијаза. ESWL се изведува во посебна просторија за таа намена, опремена со најсовремен апарат за анестезија кој овозможува третманот да се изведе безболно. Специфичноста на овој метод е во тоа што генерира релативно слаби бранови, кои поминуваат преку телото, но добиваат голема сила во фокусот т.е. каменот, што резултира во негова фрагментација. Постојат три видови генератори на сила: електро-хидрауличен, електромагнетски и пизоелектричен. Најдобри резултати во однос на дефрагментација и елиминација на камења се постигнуваат со електро-хидрауличниот апарат. Предноста на овој метод е што се работи за амбулантска процедура и не е потребна хоспитализација, а пациентот може да ја напушти болницата еден час по третманот. Стапката на успех на оваа процедура е 90% за каменчиња од 1,5cm и 75 % за камчиња поголеми од 1,5 cm.

Едена од честите последици на болеста на уринарниот тракт е камен во бубрег. Велат дека е последица на недоволно пиење на течности, вода пред се. Нормално е да возрасен човек пие две литри течности дневно и повеќе за да ги части бубрезите кои се нели филтери на крвотокот и бубрезите дневно пумпаат до 120 литри крв прочистувајки го. Како последица на тоа чистење во некои организми се ствараат камења во бубрег. Тие ако се помали и има доволно течност вода пред се се исфрлуваат преку уринарните канали во бешиката па со мокраќата се исфрлаат надвор од телото. Мажите имаат поголем проблем за исфрлање на камен од бубрег затоа што имаат потесни канали и критични точки особено во делот на простатата. Така во просек скоро трипати повеќе камен во бубрег имаат мажи во однос на жени. Камен во бубрег денешната медицина лесно го лоцира со снимањето на бубрезите и уринарниот тракт. Постојат стандардни лекови и народни лекови во форма на чаеви и напитоци кои луѓето ги пијат за да го исфрлат каменот во бубрегот. Кога каменот ке почне да патува низ уринарните канали тој ако е поголем заглавува во каналите и тогаш се чувствува една од најсилните болки кои ги препознава човечкиот организам. Последица е повраќање и мачнина се до онесвестување. Каменот сепак наоѓа начин да искочи природно од уринарнииот систем ако е до димензија помала од сантиметар. Течности и тинктури кои се пијат за омекнување и разбивање на камен во бубрег или во уринарните канали а кои се препорачуваат во традиционална/народна медицина се бројни: на база на лимунов сок, на база на просо (руски напиток), на база на чаеви - увин чај, клека, листови и корени од бреза, и многу комбинации од чаеви кои всушност допринесуваат на организмот да го исфрли каменот по природен пат а притоа да ги залечува воспаленијата кои настануваат како последица од запушувањето на уринарните канали. Всушност најбитно од се е да се пијат доволно количини на течности (ако треба и на сила да се пијат) а пред се вода. Литар ипол до две литри дневно.  Современата медицина долго време усовршува методи на вадење на заглавените поголеми камени структури над сантиметар два а понекојпат знаат да бидат и поголеми, се до големина на топче од голф. Хируршките интервенции со класично сечење во пределот каде е каменот се се` поретки затоа што постоперативното лекување е долго. Затоа се усовршени лапараскопски уреди на база на ласерско сечиво кои се вметнуваат или преку мали резови до еден сантиметар на погодно место или преку природните отвори т.е. преку уринарните канали за да се дојде до каменот кој се зафаќа со мала канџа водена со систем на мини камера и вешто се вади надвор. Лапараскопијата е многу ефикасна при вадењето бидејки е високо прецизна и многу малку ги оштетува уринарните канали кои предходно се припремаат со соодветен третман на антибиотска и друг вид на терапија. За ден два по вадењето на каменот пациентот оди дома. Во поново време за да се разбијат поголеми камења во кои се наоѓаат во бубрегот или во уринарните канали се користи метот на разбивање на каменот со помош на надворешно усмерени зраци - Терапија со екстракорпорална шок бранова литотрипсија претставува револуција во третманот на уринарна литијаза - ЕSWL.  На ваков третман бев подложен и јас во уролошкиот центар на Воена Болница Скопје  (сега клиника 8 Септември), види ја почетната фотографија и едно од видеата. Процедурата траеше сат време. Ми беше убризган интервенозно мала доза на опивка. Беше лоциран каменот од ренген апаратот кој е составен дел на овој апарат и со малата плава рака се дојде до бубрегот под соодветен агол за да не се оштетат околните коскени структури нарочито кичмата која е многу блиску. Беа извршени 4000 удари. 90 CW/мин со јачина до 4 КЈ. Ми беше појаснето дека од ударите делумно се оштетуваат и каналите и дека извесен период на време заедно со малите каменчиња кои се разбиени ке мокрам и крвен секрет - за што се даваше доза на антибиотика... Каменот не успеа и по сел час на кршење да се разбие во потполност. Ми беше кажано дека по месец дена ке бидам повторно третиран на доза на кршење на каменот на истиот апарат. Во меѓувреме ке се прати колку од каменот сепак се подршил. Додека го кршеа каменот јас бев свесен и самиот пратев на екран како го третираат од разни агли и на сите делови од камената структура.

Би сакал да кажам неколку збора за самата болница 8 Септември (бивша Воена Болница). Историјтот на оваа болница е долг, видете на посочениот линк. Самата сегашна зграда е изградена во 1971 година. Вкупната површина што ја зафаќа овој комплекс изнесува околу 90.000 м2, од кои под покрив се околу 60.000 м2 а во слободната површина доминира болничкиот парк и паркиралиштата. Стационарниот дел од Воената болница располага со 400 болнички легла. Вработени се околу 700 воени и цивилни лица – здравствени работници, лекари од сите специјалности, специјалисти и субспецијалисти, доктори на науки, магистри, медицински техничари, административен, технички и друг помошен персонал.  ... Оној дел кој јас го посетив е реновиран со совршени подови се до нови болнички кревети. Она што посебно плени е одност на пресоналот кон пациентите - строго професионален со високи стандарди на квалитет и грижа за болниот. Трипати дневно има визити на дежурните лекари се до комплетната визита на целото оделение со сите лекари и медицински сестри. Особено плени односот на медицинските сестри и особјето задолжено за хигиена. Се е кристално чисто - веројатно е задржан редот и поредокот на некогашната дисциплина од воената болница. Тоалетите и бањата се подеднакво чисти. Го нема дури ни препознатливиот мирис на болница. Дневно се менуваат постелнините кои ке бидат запрљани поради оперативните зафати кои се прават и многуте течности кои се последица на постопоеративнаите опоравки. Значи самата клиника е на ниво на приватните болници - единствена разлика е што нема телевизија и интернет во просториите. Визитата е во строго определено време од еден час дневно. Дури и храната е соодветна на болничката храна која оди посебно по име и презиме за секој пациент соодветно на неговата болест и периодот во кој се наоѓа пред или после операција ...

Она што е последица на неорганизираност во јавното здравство се прегледите кои се прават како припрема пред приемот во болницата. Гужва која е хаотична. Има ред, но редот не е доволно добро организиран. Има ред само за оние кои имаат закажано преглед преку мој термин. Има листа со точно определена сатница. Она што е интересно таквите пациенти имаат прединство и пред они кои имаат ургентни упати. Лекарите ваквите пациенти со ургентни упати и контролни прегледи ги примаат кога ке им се појави простор ако некој не дојде на мој термин или по исцрпување на листата на мој термин. Па така имаме ситуација каде болни со јаки болки чекаат предолго во ходниците каде нема доволно столчиња за пациентите. Хаосот е уште поголем по разните лабаратории каде ве упатува лекарот за да ја направи точната дијагноза. Мокраќа, крв, разни ренгени ... Секаде се чека на три места еднаш се пријавуваш, на друг шалтер плаќаш партиципација и на трето место чекаш ред без ред пред соодветната ординација. Можело тоа многу подобро да се организира со систем на бројче за чекање према системот прв дојден прв услужен. Така нема болни да чекаат во ред пред шалтерите. Сите партиципацији би требало да се платат одеднаш и на еден шалтер. Вака испаѓа дека во болницата се вработени непотребно голем број на администрација која не е болничко особје ...

Во продолжение ке ви дадам линкови на неколку написи кои се важни за болеста камен во бубрег, како тие/камењата настануваат и како се лечат со помош на народната традиционалната медицина но и со современите процедури на лекарската пракса. Некои од нив се написи а некои се видео презентации. Кликајте на линковите за да ги прочитате оригиналните написи или кликајте на видеата за да ги изгледате. Интернетот е чудо - секој ден е се поголема александриска библиотека. Има стручни написи и видеа но и доволно упростени сознанија за да ги разбере секој .... Овој мој напис им го посветувам на сите болни од камен во бубрег кои читајки ги овие редови ке најдат мали и големи појаснувања за својата болест ... Одавна немав напишано вистински блогпост со бројни линкови за темата која сум ја одбрал ...

  1. ЗДРАВЈЕ - И ОД МНОГУ СЕДЕЊЕ СЕ ФОРМИРААТ КАМЕЊА ВО БУБРЕЗИ. Секое десетто лице барем еднаш во својот живот доживува ренална колика или напад на бубрег. Создавањето камења во уринарниот систем или уролитијазата претставува светски здравствен проблем. Колку од луѓето ќе заболат од оваа уринарна болест зависи од генетски, нутриционистички и географски фактори. Се проценува дека од ова заболување страдаат околу 0,5 отсто од луѓето во светот, или 10-15 отсто од светското население барем еднаш во својот живот ќе заболи од уролитијаза. Ова практично значи дека секое десетто лице барем еднаш во својот живот ќе доживее ренална колика или напад на бубрег. Овој процент за источните земји се искачува дури и до 25 отсто. (повеќе на линкот тука)
  2. 8 причини да пиете 8 чаши вода на ден ... 
  3. ПРИРОДЕН СОК ПРОТИВ КАМЕН ВО БУБРЕГ...
  4. Руска медицина: Брзо отстранување на камен и песок во бубрег...
  5. Koje zdrave namirnice su prirodni lekovi? ...
  6. dr Nikola Marković - Lečenje bolesti bubrega na prirodan način (epizoda 8) ...
  7. NAŠI BUBREZI - NAJBOLJI FILTERI ...
  8. Bolesti bubrega: "Kako na vreme otkritinastanak bolesti bubrega?" ... 
  9. Безболно кршење камен во бубрег во КлиничкаБитола - потполно ист со апаратот во 8 Септември Скопје/Воена болница ...
  10. Extracorporeal lithotripter / trolley-mounted / with C-arm / with lithotripsy table PiezoLith 3000 ...
  11. eswl ...
  12. Ласерско кршење на камења во бубрезите иуринарниот тракт во Хил клиника ... 


  13. Možemo li sprečiti stvaranje kamena u bubregu? ... 

Wednesday, March 16, 2016

Груевски аболиран ... СЈО да се самораспушти

Сега кога се знае дека Груевски ке биде веднаш аболиран за изборниот криминал нели како водич на злосторничкото здружување како го нарече СЈО во првата прес конференција - редно е да покрене обвинение и против Груевски за изборен криминал, па потоа и тој да биде експресно аболиран и со Заев да си се фатат под рака и да одат да си бараат друга работа бидејки во политиката ке бидат/веќе се потрошени ... Сега кога председникот ни има право да аболира се предлагам СЈО да се самораспушти ...

Tuesday, March 15, 2016

Предуслови за скопски “Мајдан“...

Контрапротестот на Стевче Јакимовски (ГРОМ) и протестот на “Ајде“ - вечерава пред уставниот/усраниот суд се предуслови за можен скопски “Мајдан“... Тука некаде ке се појави со камениците и ромскиот поглавица. Се надевам полицијата ке знае да се справи со овој можен инцидент.

Sunday, March 13, 2016

Има разлика ...

Државно и приватно здравство - има разлика.
Во нашите клиники за моја среќа во мојот живот 61 година сум бил само три пати. Еднашка како дете од 5 години, едвај и се сеќавам на случката. Каков бил односот (пациент болничко особје) во клиниката скоро и да не се сеќавам. Вторпат пред година дена оперирав машка хернија, како последица на мојата непослушност, невнимателност и тврдоглавост. Се оперирав во приватан болница - не е битно името. Односот пациент особје е како кога влегуваш во драгстор каде има се. Се е брзо и оптимално. Денеска појдов, утредента припремни прегледи, другиот ден ме оперираа наредниот ден бев дома. Три дена сето траеше и одеше професионално и со насмевки. Ок. на крај си платив колку кошташе. Услугата беше испорачана и платена, се спрема ценовникот. Последниов пат сега кога ме заболе бубрегот толку многу да морав да одам на клиника. Пак појдов во приватан болница иако сум државен осигураник. Повторно реков нека биде брзо и професионално. Денеска преглед пред надлежниот уролог, за 15 минути дијагноза. Утредета длабинско снимање, скенер и лабараторија. Наредниот ден лекарот лече за жал апарат за кршење камења со толкави димензии немаме кај нас. Препораче две државни клиники каде го има. Поштено и брзо дијагностицираа се ... Ноќта пред да одам во препорачаната клиниката овојпат државна каде го имаат соодветниот апарат имав страшен напад и морав да одам хитно на таа клиника. Ме примија веднаш - бидејки имав дијагноза од приватното здравство со сите лабаратории, требаше само да го преживеам ноќниот период и во утринските часови да почне неопходната процедура. Е тука почнаа проблемите и дефектите на државното/јавното здравство. Три реда администрација еден ред лекување. Онака скршен и во јака болка морав да чекам два часа да дојдам на ред кај лекарот. Процедурата била таква да прво одат редовните закажани пациенти (мој термин) а дури потоа оние ургентните со болка и специјален/ургентен упут како јас. Секако пред да ме прегледа првиот лекар специјалист за мојата болка морав на два шалтера да чекам ред. Како ли ке чекав ред ако бев сам а сум со голема болка. Никако. Нејсе ме прими и ме прегледа уролог ги виде резултатите од приватното испитување. Првото што ми го рече беше. Што си чекал толку, што си се мачел со толку големи болки. Си реков добро е сега ке почне процедурата. Но не специјалистот бара нови снимки, лабараторија и припремни работи. Со сета болка мора да го поминеш редот пред секој нареден преглед. А редот е чекаш со сите редовни пациенти кои само се контролираат на место каде прво плаќаш партиципација која е мала, доволна само да ја плати платата на тие кои само нешто пишуваат и ти земаат некој денар со фискална се разбира. Си мислам ова што се плаќа не е никако доволно за нивните плати и се прашувам зошто тоа е воопшто потребно. Нејсе, си влегол во орото и мораш да играш. Завршил прегледот или снимката е за резултатите утре а утре е сабота - значи не ти гине чекање до понеделник. Така по два реда чекање пред секој преглед и шалтери. Зошто тоа не е се како во приватните клиники се што ке плаќаш го плаќаш на крајот и се заедно. Ми се вратија спомените кога јас самиот како придружник на мојата мајка и жена пед години (во пет последователни гоини) по ред одев и чекав од шалтер до шалтер со болесниците кои ги шетав во инвалидска количка. Ништо не се сменило. Можеби се купени нови апарати и е извршен некаде реконструкција - но за тие нови апарати како ке ги задржат луѓето специлајализанти кои се брани во странство или во домашните приватни клиники. Зборот ми е дека во државното здравство има две добри работи то се зградите и просторото кој е соодветно дизајниран и изграден. Се останато е во фалинка. Луѓето најдобрите особено специјаллистите бегаат во приватното здравство или во странство. Се е преполно со администрација и папирологија која на нас пациентите не ни е вопшто потребно. А најлошо од се во државното здравство НАСМЕВКАТА како да е забрнета.
Заклучокот ми е дека мора да има реформи во јавното/државното здравство. Така како е во целиот свет. Еден тип на здравствени услуги кој е неопходен треба да е достапен до сите жители на нашата држава. За се повеќе од тоа да се пушти простор на приватна утакмица на клиниките. Но тоа ке значи дека дел од парите кои ги плаќам кога сум здрав сакам да можам да ги усмерам точно во одредена клинка која ке ја изберам самиот а дел да оди за потребите на јавното здравство.
Има разлика...

Thursday, March 10, 2016

Бети 128


Дојде и тој ден кога морав да се справам со болката на левиот бубрег. Во болницата во која ја оперирав минатата година хернијата појдов на преглед кај уролог поради повеќе годишната болка на левиот бубрег. Урологот ме прими истиот ден и ми направи преглед на бубрегот и простатата. Утврди дека постои каменче во левиот бубрег кој е некаде во каналот под бубрегот заглавен веќе три години а можеби и повеќе. За простатата при првиот преглед посумња на јако воспаление. Ми закажа за утредента лабараторија и снимање на toshiba aquilion cxl 128 - што ке каже скенер со можност на ротациона фотографија од 128 слаза во минута. Лабараторијата одеше брзо а резултатите беа готови за час и поовина. Толку мислев дека ке трае и скенирањето. Се напив од таа металната теност две чаши и појдов во просториите на скенерот. Ме придружуваше Бети. Ме упати што ке се прави и што јас имам задача. Диши недиши мирувај и така цел час и половина. Се снимаше тошибата сите абдоменални органи ги имам сега во три димензии со сите пресеци. Но бубрегот левиот оној заглавениот со каменче во каналот велат бил мрзлив. Ме пратија да прошетам 15 минути околу болница и да дојдам повтонрно на снимање. Заврши и тоа. Резултатот беше готов за три часа. Ренгенологот направил дијагноза за сите органи кои се во абдоменот - за моја среќа повеќето се добри резултати. Денеска ке појдам кај урологот тој да ги види деталните снимки и да се договорам како ке се вади каменот. Верувам дека ке биде со кршење на каменот.

Зборот ми беше дека со еден преглед, лабараторија и скенер за два дена се добива детална дијагноза. Си велам зошто ова не им е овозможено на сите во државното здравство. Да појдев таму по системот на мој термин процедурата ке траеше можеби и шест месеци, со бескрајни чекања по шалтери. Да не зборвам дека тука во болницата во која се лекувам се оди со насмевка и ургентно брзо ... 

Friday, March 04, 2016

Време на чување на изборниот матерјал

Колкаво е времето на чување на изборниот материјал, особено на списоците кој гласал со подписот на гласачот. Имам сознание дека изборните материјали и списоците не се трајни документи - што ке рече дека власта има интерес да ги сокрие трагите на изборните кражби.

Friday, February 26, 2016

Што повеќе мрдаш - повеќе ти влегува ...



Во природата кога на пример ке се фатиш по некоја случајност на некој трн, драка на пример - важи правилото не мрдај инаку повеќе ке ти влезе (трнот де).
Во сексуланиот живот оние кои се поискусни знаат дека секојпат повеќе ти влагува кога ке мрдаш.
И во политиката скојпат е така - кога ти стои мувата на кашата ти мрдаш и ја ишкаш. Во последно време некој од власта многу мрда. Те игра рап со прстите си, те околу глава, те во уста ... Дали и што и на кого ке му влезе - ке видиме брзо ... Особено е прпорачливо да не мрдаш “специјално“ ...

Wednesday, February 24, 2016

Аболиција

На 28 Феброар 2015 година предвидов дека и оваа политичка криза ке заврши со Аболиција.
Тресла се гора родио се миш. Те Пржино, те Специјален обвинител - се е тоа ветер и магла. Оној што ги прави законите се прави да е легално, од изборните кражби кои ни се случуваат пред очи до невидени кражби на наши пари ... Се е легално дури и да ги фати некој со рацете во мед. Законот и полицијата ги штитат. Таква правна заштита немаат ни кралските фамилии.

Што е надеж за нас? Има ли надеж? Да имаше надеш немаше најпаметните и најквалитетните младади кадри иднината да си ја бараат на друго место. Барем ако мора на некого да му служат тоа да го прават за доволно пари со кои ке можат и да живеат.

Thursday, February 18, 2016

Миксери “Македон“ ...

Денеска на излегување од една институција каде ме изнервисаа до коска - на патот пресретнав три џилит нови миксери кои вртејки бетон гордо го имаа испишано името “Македон“ ... Чиви ли се миксерите и чив бетон вртат во своите големи мевови ...

Ке видиме ли деновиве некое ново име во црното тевтерче на САД ?

Ке видиме ли деновиве некое ново име во црното тевтерче на САД ? Нешто ми мириса ...

Wednesday, February 17, 2016

Молзење од празно виме ...

Народецов наш е кроток/мирољубив, трпелив и си трае (синдром на Трпе, Трајче и Мирче). Народецов е научен да ја почитува лекцијата дека наведната глава никој не ја сече. Таа дефиниција ја знаат сите наши освојувачи. Сете се дека само турците не молзеле 500 години. Но и тие имале усул кога ке виделе дека народецот нема, ги олабавувале стегите - се со цел да имаат кого да молзат и во иднина.

Таа лекција не ја научија нашите сегашни домашни властодршци. Секојдневно измислуваат нови намети и глоби за секој жив створ во државата ни. Не се ни свесни дека ако така продолжат, поради големиот егзодус на младите од државата ни - не ке имаат кого веќе да молзат. Ке почнат во своите редови да бараат ждртви за молзење ... Веќе се пресушени сите вимиња и молзат во празно ...

Saturday, February 13, 2016

Од еуфорија до разочарување

Од еуфорија до разочарување. Така изгледаат повеќето случувања во нашето политичко секојденевие. Таман некоја од таканаречените страни во спорот за владение со МК народ ке ја опфати еуфорија дека успеало нешто да се помрдне од забраздениот пат на владеачката партија, за која слушнавме од СЈО дека извршиле злосторничко здружување на изборите - ке севне поливање со ладна вода со некоја од одлуките на гангренисаните институции на системот. Се олашам дека сношти токму тоа и се случуваше. Повторно ке се доживее разочарување - наместо притвор за осумнечените, ке имаме матно образложение дека доказите на СЈО не се доволни ...

Monday, February 08, 2016

Мрмудот предвидува дека Груевски нема да ги добие следните избори кога и да се одржат.

Познат сум по моите бурни соништа во нашите случувања од денешницата. Овојпат жижата на мојот сон беше исходот од следните избори кога и да се организираат. Клатното на среќата на Груевски и неговата клика беше цело време со тасот накај тоа дека ке останат на влааст тој и неговата клика - иако сите слушнавме колку тој и неговата фамилија и кликата/клиентите се поштени и фер играчи. Колку тој, кој се колнеше во својата чесност и поштеност чесно играл.

Долго време клатното беше на нивната страна. Се се чиниеше дека за нив среќно повторно ке заврши и ке продолжи периодот тој упешно да манипулира со народот - дека демек тој прави тоа што го ветува а ветува она што народот демек посакува. Но овојпат мрмудот и неговата сенка предвидоа среќата на Груевски да се смени и тој да не заврши онакака како тој и неговите сценаристи посакуваа.

Го прашувам мрмудот што пресуди тој да предвиди дека Груевски ке биде губитникот и како тој ке заврши. Ке оди во затвор или како? Мрмут како мрмут не ми одговори ништо во детали како ке заврши сета игра околу Груевски чии алтернативи се:
  1. Да заврши во ран притвор поради барање на специјалниот обвинител уште пред закажаните избори во друштво со своите соиграчи од минатиот деседгодишен владетелски период;
  2. Да биде помилуван од Председателот Ивановски тој и уште еден дваица од врвот на кликата на Груевски - но тоа ке значи дека е крај на неговата политичка кариера;
  3. Да ја напушти Македонија на време додека бродот му тоне во земја каде си ја купил слободата со парите што успеја “поштено“ да ги измолзе од македонскиот народ;
Го прашувам мрмудот кој се ке биде зафатен со актинвностите на специјалната: Мрмудот рече:
  1. Во почетокот ке бидат ситните риби - но кога тие ке видат дека тонат, они ке пробаат да се извадат и ке почнат да бараат да сведочат против покрупните риби;
  2. Неколку министри и покрупните риби од таборот/кликата на Груевски брзо ке ги изгори специјалната.
Добро го прашувам пак мрмудот кој всушност вака му го сместува на Груевски. Се заврте и мислеше да не ми каже но како да промрмља - него го издадоа неговите, оние кои беа незадоволни од пленот што го добиваа.

Живо ме интересираше како ке завршат изборите. Го прашав мрмудот како тие ке завршат:
  • Мрмуд како мрмут ништо не го разбрав во неговото мрмљање но пак насетив дека на овие избори нема да има победници - дека сите е бидат губитници;
  • Демек ке се појавеле два нови играчи во двата табора македонски и албански и дека и двата табора ке гризнат голем дел од колачот на сегашните две главни партии од МК блок а и од двете албански партии, дека едната албанска ке ја снема од МК парламент.
Добро го прашувам мрмудот што пресуди да се смени гласачкото тело:
  • Мрмудот пак промрмља нешто а јас како да го разбрав - пресудија оние кои не беа задовлни од колачот во владеачките партии. Доста им било некој да им диктира и сугерира за кого да го дадат гласот и овојпат гласале од инат за трет - ни за едниот ни за другиот. Пресудило тоа што на изборите се појавиле два нови играчи и во МК блок и во албанскиот блок.
  • Избори парламентарни нови ке има заедно и со локалните избори - тогаш ке се формира малку постабилна власт со окосница со оние две нови партии кои сега првпак ке истрчаат на овие избори ...

Saturday, January 16, 2016

Заев да најави повлекување од СДСМ - демократски партијски промени

Ако сака Заев и старата елита на СДСМ да престане ерозијата на недовербата во СДСМ - Заев, Шекеринска и старите кадри од СДСМ треба да најават партијско одстапување на следниот партијски конгрес кој би се оджал  по овие предвремени избори, ако воопшто се одржат. Ако велиш дека си за демократија треба првин тоа дома да го спроведеш и да ја укинеш сулинократијата најпрвин во СДСМ. Треба под итно да бараат нова свежа крв меѓу членови на СДСМ кои до сега не се појавуваа во јавност. Да го смени статутот на партијата и да дозволи фракции на пример. Да воспостават правило ако некој изгуби на избури веднаш да си поднесе оставка од партијското раководство и да оди во советот на партијата. Ова во нормални партии кои се демократски не ни треба да го пишува - тоа е практика во скоро сите европски демократски партии. Да се сучуваат и слични други демократски промени во СДСМ. За да кажеш дека си демократа треба прво демократски да си ја средиш куќата т.е. партијата.

Јас лично се согласувам со ставот на Заев дека несмее да се излезе на избори каде не се исполнети пржинските договрни услови за чисти избори.

Заев уште сега треба јавно да го најави своето демисионирање од раководството на СДСМ - да остане во СДСМ но во позадина. За да ја поврати довербата јавно треба да најави дека на изборите тој лично нема да учествува ниту како пратеник - а особено не како кандидат за Премиер. На Заев мора да му биде јасно дека во борбата за вистината за Македонија тој и самиот се потроши, како што го потроши и Груевски.

Thursday, January 14, 2016

Кланање ...

Поради потребата добро да ми се испразни бешиката во последно време употребувам рецепта кога одам во ВЦ- да седнам на шољата, да ги слечам панталоните или пиџамите до грежњеви, широко да ги раширам нозете, да ги ставам рацете на стопалата и што повеќе да притиснам со телото на стомачниот дел. Денеска кога го правев ова - се подсетив дека сето ова ми личи на една јога вежба (некојпат во младоста додека студирав вежбав јога). Па така клекнат чекајки да ми се испразни бешиката - ми прелета мисла низ главата, дали клањањето на верниците од муслиманската вероисповест има поврзаност со соодветната јога вежба. Можеби и да има ... 

Спање, срање и е*ање ...

Има една кумановска поговорка која вели ако сакаш да имаш долг и добар живот мора да ти се погодат три ствари (по кумановски де): Спање, срање и е*ање ...

Wednesday, January 13, 2016

Совет за мочање/мокрење - за постари мажи/повозрасни де :)

Веќе неколку години особено во зимските периоди ме мачи бешиката или што ли е. Имам чест нагон за мочање/мокрење - и покрај тоа на крајот имам чувство дека не ми се празни целосно бешиката. Скоро секојпат додека мокрам ме печат и каналите за мокрењето. Уште ако сум малку настинат проблем- тешко мокрам. Секојпат во такви прилики ке се сетев на детството како кога ке излезам за мокрење на село во долгите летни ноќи, гледајки во млечниот пат, уште ако сум јадел лубеница - мокрев како од тече од цивун од чешма со јак проток на вода. Мокриш убаво до крај и после правец на слатко спиење. Ако пак е зима - шараш со мокраќата по снегот и си го пишуваш името :).
Проблемот настана кога дојдов блиску до 60-сетите години од животот. Ми недостасува искрајно чучавец. Убаво да чучнеш и да се испразнеш притискајки ја бешиката со колената во стомакот. Но вака на современите шољи жива мака. Мокриш неколку пати во ноќта и повеќе пати дење а имаш чуство на сеуште полна - недокрај испразнета бешика.
Пробував повеќе методи за да си помогнам. Често пијам и чаеви. Додуше пијам течности и вода во доволни количини - ја сакам водата. Ја пијам секојпат кога ке осетам жед.

Од пред некој ден чучнувајки на шољата за да мокрам и размислувајки си како да си помогнам - решив наместо со собрани нозе додека мокрам да ги раширам нозете што повеќе можам за да демек ги осободам каналите за мокрење од притисокот на нозете во и околу бешиката и каналите за мокрење. Како да ми олесна - како да си го најдов лекот. Не случајно се вели дека лекојпат е тука и секојпат е многу евтин - само треба да ти текне - да ти светне... Со максимално раширени нозе ддодекаш мокриш седејки на шољата се мокри многу полесно

Saturday, January 09, 2016

Пројект - Жални врби (надграден и проширен) ... Груевски Македонски Царе

Сношти пак јас си сонувам, се како на филм во боја.
Обичај е меѓу нас фотографите кога ке дознаеме некоја нова убава патека каде можеме шетајки да фотографираме да си јавуваме дека таму и таму има прекрасна патека каде може да се помине убаво и попат да се направи добра фотографија. Е - ми се јавува пријател на мобилен и ми вели знаеш што: оди веднаш на коритото на Вардар од Камени мост нагоре да видиш што “лудаците“ овојпат направиле. Го прашувам што кажи, не ме мачи мислејки дека е некаков штос. Не е штос, но не ти кажувамнам на телефон, мора да го видиш самиот, но земи со себе и апарат. Јас во тој момент бев во автобус упатен кон Центар и си велам ај ке свратам да видам што е штосот. Одам јас до Камен мост се симнувам во мајор коритото и што да видам во средината на Вардар таму каде тече водата, сосе целата канализација направена е рајска градина. Ги тријам очите мислејки дека сонувам но не. Узводно се направени такви рајски градини кои се надоврзани една на друга испресечени со мали градежни зафати како оние на сред улиците низ Скопје и насадени со сето можно украсно зеленило и сите можни цветови кои до тогаш дури и не ги бев видел. Се насмејав во себе - па добро бе на кој ЛУДАК му текна да изгради вакво нешто, кога само еден посилен дожд ке го однесе ова се во неврат. Одам нагоре и по малку ми беше криво што немав со себе фотоапарат иако  никојпат не сум без апарат. Велам никој нема да ми верува дека вакво нешто постои а постои. Седнав на една клупа малку да се одморам на една од многуте клупи попат низ коритото на Вардар. Врие од народ кој шета меѓу рајскава убавина. Меѓу народот ме изненадија многу странски туристи. Во близината имаше собрано народ покрај еден панел со огромен ЛЕД ЕКРАН. Одеше сечење на лента на проектот “Жални врби  (надграден и проширен)“. Ги гледам изнаредени сите парламентарни фаци од позиционите партии на ВМРО-ДПМНЕ со својата коалиција. Во првиот ред позади беше цела влада. Сите дотерани и облечени со знаменца весело мавтаат додека лидерот Груевски пред да ја пресече лентата соопштува:
Никој не ни веруваше кога го почнавме овој сега веќе грандиозен проект. Скромно го почнавме овој грандиозен проект на уредувањето на коритото на Вардар со засадувањето на првите три жални врби. Но ние кога нешто ке ветиме ОСТВАРУВАМЕ - за разлика од нашите политички противници који додека беа на власт камен на камен не ставија. Ги трошеа буџетите а ништо не изградија. Но ние етапно продолживме со остварување на нашите плански ветувања. Ги изградивме многуте споменици долу од врбите нагоре. Ене ја препознатливата девојка која скока во Вардар и ги наброја стотиците споменици низводно. Со овој проект на спомениците ние ги вработивме сите завршени студенти на уметностите кои ако не бевме ние ке останеа никојпат не вработиени и досега ке се иселија во странство. Поради бројните проекти на ваквите споменици ги вработивме и сите класи на сегашните студенти на уметностите. Проектот го продолживме со изградбата на неколкуте градски плажи покрај мајор коритото со ситен солен песок увезен од Грција и палми од Африка, ветувајки Ви дека не мора да одите во Грција на нивните скапи плажи - сето тоа Ви го донесовме тука. Со тоа заштедоме големи пари кои ке се одлејаа во соседна Грција. Нема да заборавам дека се огромни очекувањата и желбите на завршувањето на Панорамското тркало и проектот на новиот Луна парк кои се во почетна фаза. Иако е тоа сеуште во развој и е мала тајна вакви панорамски тркала но малку помали ке градиме и во Гостивар, Тетово, Велес и Гевгелија. Ние сме домаќини и размислуваме за секој денар кој го трошиме да Ви донесе два а попат сето тоа да изгледа светски а наше. Не е случајно продолжува Груевски што Скопје стана најпосетуван град од европските светски метрополи. Видете само колку групи од странски туристи се шетаат низ центарот и весело фотографираат. Понатака продоживме со зградите по левото течение на Вардар, почнувајки со новата зграда на Царината, новиот прекрасен објект на Водовод, обновениот Стар театар, Музејот на ВМРО, Грандиозниот Археолошки музеј, низата од згради за останатите државни институции сосе Зградата за надворешни работи, кои до тогаш нели беа под скапи кирии. И тука штедиме од Вашите пари. Продолживме со уредувањето на плоштадите и пристапните патишта околу овие објекти уредувајки ги со бекатони и разни мермерни украси со сите оние споменици и многуте фонтани, кои ги градевме се надолу до Црквата на Света Богородица, заштитничката на Скопје. Посебен белег и атракција даваат војниците на Александар Македонски кои шетаат межу спомениците. Сите сакаат да се фотографираат со нив. Да не заборавам да ги додадам велосипедиските и рол патеките од двете страни на Вардар. Сега таму се шетаат сите скопјани, во друштво на своите фамилии, и дишат од убавиот воздух кој со специјални пумпи го пумпаме секојдневно 24/7 од воздухот од Шар Планина. Соопштувам дека овие специјални пумпи и цевоводи се проект на наши млади каддри од Машинскиот факултет. Овој патент е сега баран низ светот. Со ова дадовме допринос за намалување на загаденоста на воздухот од Гостивар Тетово се до Скопје и низводно сега за сега до Велес. Во финални пресметки семе за економска оправданост на пумпање на свеж воздух во зимските денови во најзагадените МК градови Гостивар, Тетово, Скопје Велес, Битола и Куманово. Но ако размислиме дека животот на нашите граѓани нема цена се поблиску сме до одлуката недостатокот на ветерот во МК градови во зимски услови да го надокнадиме со пумпање на свеж воздух од околните планини. Ке откријам и уште еден проект кој е тајна. Долж целото течение на Вардар таму каде нема вакви рајски градини ке градиме систем на мини хидроцентрали. Системот е прост и е дело на друга група на студенти од Машински, Електротехнички во комбинација со студенти од Аритектонскиот факултет. Се гради во многу делници мала брана - а над Вардар дож неговото течение се поставуваат многу бројни турбини како за воденица и целата кинетичка енергија се претвора во елктрична. Се е поврзано со систем на нивелација на водата, како расте водата така турбините одат погоре и обратно како се намалува одат подолу. Ова ке биде најголемиот енергетски зафат во историјата на МК хидроцентрали и ке ни овозможи да се ослободиме од увозот на електрична енергија. Со тоа ке ги уживаме економските, финасиските и еко плодовите. И за овој проект иако е во најава има заинтересирани многу странски држави е мултинационални компании.
Не застанавме тука ги изградивме сите оние пешачки мостови над Вардар, каде преку изложување на скулптури на сите историски личности го продолживме проектот на запознавање со нашата историја и крупните историски фигури кои живееле и твореле тука од предисторијата до денеска. Тоа е нашата историска читанка на отворено. Овој проект веќе е преземен од Белград и неколку други метрополи. Сето го продолживме со спектакуларните фонтани низ  коритото на Вардар. Кога ги подигнавме првите галии во Вардар, некои ни се подсмеваа дека се тоа залудно потрошени пари. Сега погледнете како е сето ова. Галиите се полни со посетители од кои пола се од странските посетители кои носат странски пари повеќе и од најголемите странски инвестиции. Сето ова позитивно се одразува на нашите финасиски текови и имаве позитивни трендови во вработувањето кое никојпат не било поголемо. Сега имаме ситуација да ни се враќаат нашите некогашни иселеници во Просперитетна Македонија. Се гордеам со сите Вас кои учествувавте во остварување на сите овие проекти (покажа со раката кон бројните домашни но и неколку странски инвеститори). Забележав и неколку групи на банкари од Кина кои со знаменца на Кина и Македонија весело одпоздравуваа - беа во посебна ВИП ложа и одпоздравуваа на насобраниот народ кој во диелириум ракоплескаше и извикуваше. Ечеше: Груевски Македонски Царе, Груевски Македонски Царе, ГруевскиМакедонски Царе, ... Посебно во одпоздравувањето се истакнуваше ложата во која беа сместени ромите на Амди Бајрам кој со рејбан очила загонетно и задоволно се смешкаше.
Сега кога сме при крај на уредувањето на овој дел на коритото (продолжи Груевски) - покажувајки кон рајската градина во средината на течението на Вардар Ви соопштувам дека тука не застануваме - продолжуваме најпрвин узводно се до Тетово и Гостивар и низводно до Велес и во фази се до Гевгелија. Ние можеме, велеше Груевски, додека беше прекинуван од овациите на народот ... можеме зошто имаме подршка од Вас на сите избори кои десет години по ред ги добиваме секојпат со поголем и подобар резултат. Ние работиме за Вас 24/7 и продолжуваме со остварување на најавените нови проекти кои ги добивме од Вас и ги градиме за Вас. Набргу продолжуваме со проектот на жичарите во Скопје. Еве веќе го одобривме проектот на продолжување на кракот на жичарата од Средно Водно до подините на Водно. Сега најавувам дека тој проект како високо исплатлив кој носи и еколошка димензија брзо ке го прошириме со жичарници од неколку места во центарот на Скоје до падините на Водно. При крај се и пресметките за исплатливост на големиот проект за замена на јваниот превоз во Скопје со комплетно покривање т.е заменување на јавниот градски автобуски превоз со жичарнички превоз по сите градски линии во Скопје. Пилот проект е градската линијата на двојка и петка. Најавуваме дека за две години фазно ке го завршиме тој проект а за десет години ке ги замениме сите градски линии. Сето тоа ке се продожи во другите десет години со приградските линии. Ова ке донесе до ефтин превоз во Скопје и до огромно намалување на загаденоста на Скопје. Од тука најавуваме дека овој проект на жичарници наместо автобуси ке го продолжиме и во поголемите градови во Македонија, се до моментот кога ке ги замениме и меѓуградските линии со соодветни жичарници. Следеше огромен громогласен аплауз со скандиранје Груевски Македонски Царе, Груевски Македонски Царе, ГруевскиМакедонски Царе, ... толку јак што ме пробуди од убавиот сон. Се насмеав и реков добро е ова било само сон. Триејки ги очите се запрашував како ли сум се поврзал со мислите и соновите на Груевски, дали е тоа божја промисла или некој од тајните проекти на Никола Тесла кои дошле во посед на Груевски наш.

Thursday, January 07, 2016

На сон ми дојде Ѓорге Иванов

Ноќва меѓу Бадник и Божиќ на сон ми дојде Претседателот Ѓорге Иванов. Не е ни чудо ноќва кога се наспав се пробудив и го пуштив телевизорот на Сител 3, одеше емисијата на гости кај Претседателот Ѓорге Иванов. Емисијата имаше време да го представи фамилијарно Претседателот Ѓорге Иванов, неговата побожна сопруга, која нели била на аудиенција кај дваица Папи, Вселенскиот патријарх Вартоломеј а и во светиот град Ерусалим, неговиот перспективен син магистар сега докторант и неговото куче шарпланинец.
Туку да се вратам на сонот. Слушнав од дневната дека некоја кола дојде пред мојата капија и оп на  врата Ѓорге Иванов. Го примив внатре иако нели не очекував гости и не ми беше најсредено. Го прашувам што тука баш кај мене. Ми вели имам обичај одвреме навреме да одам кај обичниот народ да видам како живее а имам и еден личен проблем. Видов дека во рацете носи некаков мобилен од оние првите како цигли што беа, црн по боја. Викам можеби е голем бидејки мора да биде енкриптиран.
Во еден момент го прашав што има проблем со телефонот - ми вели расипан ми е и незнам кај да го дадам да се поправи. Осетлива е работата знаеш и самиот дека во сегашните телефони се зачувани фолдери од разговорите и немам поверење во било кого. Да реков незгодно е некој да ги слуша приватните разговори. Сакав да го прашам да не имаш приватни разговори со некоја од швалерките - нели секој Претседател има швалерка, ако имаше Глигоров, зошто Ѓорге Иванов да нема. Но ме прекина звоното на врата, некој завонеше. Знаев дека некој сака да провери дали навистина на гости ми е Ѓорге Иванов Претседателот на РМ и зошто баш кај мене на гости да дојде. Улицата ми е слепа и е шпиунска, имам комшики кои не пропуштаат да зирнат кој ти доаѓа на гости. Сигурно пратиле некоја комшика да провери што е работата. Таман да станам кога Ѓорге Иванов ми вели почекај јас ке видам кој ти е на врата, обичај ми е кога ке појдам вака кај мирјаните јас да ја отварам вратата. Стана ја отвори вратата и вели добар ден јас сум Ѓорге Иванов Претседателот на РМ што Ви треба. Јас од позади рамото на Ѓорге Иванов видов која комшика е во прашање - таа вели Ве познав веднаш, не мора да ми се представувате, ја барам керката на домаќинот да ја прашам нешто, туку сега знам дека не е тука работно време е а таа е сеуште на работа и брзо озарена и расцерена се симна по скалите.
Седнавме на масата и таман се спремав да го прашам имаш ли швалерка - но ми стана незгодно, па му велам - да, навистина е незгодно на било кого да му го дадеш телефонот - тој секако ке може да ги преслуша сите телефонски разговори. Му велам проста е работата синот не ми е тука инаку тој веднаш ке ти ги извадеше фолдерите на телефонските разговори и така ке можеше безбедно да го дадеш на мајстор. Но не му кажав каде е синот - кој пред скоро година дена нели се одсели во странство во потрага за економска сигурност своја и на својата фамилија, онака како во последните неколку години се одселија скоро 500.000 млади Мадедонци/ки.
Во меѓувреме искористив прилика да му кажам дека се чудам што кај мене си дошол на посета. Јас при твојот избор пишав дека си неподобен за избор на Претседател, бидејки имаш говорна мана и не е згодно Претседател да почне да преврскува/пелтечи кога наспрем него ке застане странски новинар или некој друг Претседател.
Имав голема желба да го прашам дали главната причина што е избран за Претседател е неговата улога да го аболицира Груевски и неговата фамилија на власт, кога судството еднаш ке почне да го гони за криминалното владеење и особено личното богатење, кога ке ги откријат сите изборни манипулации. Дали заради договорената аболиција на Груевски тој (Груевски) може мирно да спие ... Таман најдов прилика да го прашам и да ја проверам таа моја теза за аболиција за која пишував веднаш по објавување на телефонските разговори (бомбите на Заев) на Груевски и неговата клика. ... Но не успеав се пробудив - видов дека сум сонувал ... Се насмејав на сонот - но си велам ај барем тоа да го запишам во мојот блог, каде пишував и за некои други сонови. Само се прекрстив на сон ми дојде Ѓорге Иванов и почнав да го пишувам постот ...

Wednesday, January 06, 2016

ФИНАНСИСКО ЛИХВАРСТВО ДО РОБОВЛАДЕТЕЛСТВО

Десетици фамилии кои се сопственици на најголемите мултинационални компании владеат со светот. Ке речете како - одговорот ке го најдете во познатите “теории на заговор за големиот брат“. Но мене тука пред се ме интересира како тоа оние кои владеат со светот, од сите нас многу лесно направија робови преку финансиското лихварство до робовладетелство.
Ако ја погледнете состојбата со задолжување на сите држави - моментално е таква да нема ни една држава независно дали е развиена или неразвиена или земја во развој која нема долг према меѓународните кредитори, предствувани од најголемите банкарски светски системи организирани и затскриени преку здруженија какви се Светската банка, ММФ или слични на нив светски финасиски организации. Моментално е таква ситуацијата да некој одредува колкав процент од националниот бруто производ со кој може да изнесува задолженоста према странските кредитори. Па имаме ситуација на ниско задожни земји т.е. средно или високо задолжени земји.
Тука нема да ве замарам со бројки и проценти - тоа е стручна дискусија. Ке навлезам само во битот на лихварското задолжување кое во еден момент предизвикува да земјата должник т.е. должникот стане роб на оној кој ти дал кредит или позајмица со одредени договорни услови. Едноставно доаѓа ситуација да не може да се плаќа/враќа долгот поради неговиот прогресивен раст предизвикан од високите лихварски камати.
Да се присетиме дека вакви случаеви имаме неколкупати во Грција, која се доведува во ситуација да не може да го враќа долгот. Позната на сите ни е народната изрека “Должен си као Грчка“. Вакви слични ситуации имаме и во многу други европски држави, Шпанија, Португалија, Италија, Исланд ... Светот се тресел со вакви финасиски скандали а во иднина ке се тресе уште повеќе.
Сето ова започна во оној момент кога престана да важи златното покритие на печатењето на парите и се отиде под контрола (без контрола) на приватните банкарски фондови на кои дури и САД им ја има доверено функцијата на печатење на пари. Е сега кога некој може да печати пари без златно покритие, туку само со некакви финасиски трансакции лесно се прават манипулации. Оттука во последниве години имаме огромни количини на слободни пари (печатени пари) за кредитирање и отука е трката за демек намалување на каматите на таквите “поволни“ кредитни аранжмани.
Нас не не боли глава колку се задолжени другите држави - нас не боли колку е задолжена нашата држава и на што се трошат кредитите кои нашата влада ги зема во странство со државни гаранции.
Сведоци сме дека во последните седум осум години нашиот долг е во константен пораст и го пробива “звучниот зид“ со тенденција да во одреден момент експлодира со финасиски крах на нашата држава - што ке значи неможност да ги враќаме кредитите кои сме ги земале во минатото. Сега моментално ситуацијата е таква да секоја година земаме нови кредити најмалку во обем кој е потребен за да вратиме стари кредити сосе каматите - но со плус износ кој демек ке го трошиме за потребите на “развој“ на државата, читај слободно за потребите на покривање на буџетскиот дефицит кој е дури и програмиран при формирање на буџетот секоја година. Така вадата ни си дава законска можност да ги троши парите за што сака, демек за што ветила во својата изборна програма - за да дојдеме во ситуација да буџетскиот дефицит највеќе се користи во изборна корупција преку ненормално големиот број на буџетски вработувња, зголемувања демек на плати и пензии и разни проекти демек стимулации и слични манипулации, кои имаат за цел да се одржува изборниот клиентелизам кој вешто го скројува секоја влада додека е на власт а оваа сегашната тоа го усоврши.
Во нашиот најнов случај партијата на власт (читај фамилијата на власт) направи систем да не може да се разликува до каде е власта на партијата а од каде е власта на институциите. Сите државни институции сосе судскиот систем се формирани така да лидерите на институциите и нејзината врхушка се именуваат од неколку луѓе на власта (фамилијата на власт). На таков начин под закана - ако не играат по нивно ке бидат сменети и не само сменети туку и гонети со сите средства на државна принуда, полиција и судство.
Да се вратам на основната теза за финасиското лихварство до робовладетелство. Кога државата ке земе кредит од меѓународните финасиски системи, кога ке ги врати старите кредити сосе каматите - делот кој преостанува го упатува преку домашните банки кон стопанството и граѓаните. Е сега за да земете кредит од банка потпишувате договор со нив/банката, кој представува облигационен однос со банката - да таа како гаранција за вашиот долг го зема под хипотека вашиот имот и вашите идни приходи. Во оној момент кога нема да вратите рата од кредиот банката ја активира гаранцијата, хипотеката или вашите примања и преку принудните извршители дури и без судска одлука го зема својот дел зголемен за трошковите на наплатата на долгот со адвокатски, судски и трошоци на извршителот. Што во најчест случај неколкупати го надминува вашиот долг и вие со една две такви трансакции станувате социален случај.
Ние светските проблеми не можеме да ги решиме, но како граѓани можеме/мораме да го решиме проблемот на нашата држава. Решението ни е овозможено само при избори - да гласаме за оној кој нема да не задожува непотребно и нема нашите пари да ги користи за финасиски манипулации и лично богатење. Нашиот сегашен проблем е што немаме избор. Ги видовме и Курто и Мурто. Ни требаат нови луѓе во постојните партии или нови партии.

Blog Archive

Site Meter