Ако сака Заев и старата елита на СДСМ да престане ерозијата на недовербата во СДСМ - Заев, Шекеринска и старите кадри од СДСМ треба да најават партијско одстапување на следниот партијски конгрес кој би се оджал по овие предвремени избори, ако воопшто се одржат. Ако велиш дека си за демократија треба првин тоа дома да го спроведеш и да ја укинеш сулинократијата најпрвин во СДСМ. Треба под итно да бараат нова свежа крв меѓу членови на СДСМ кои до сега не се појавуваа во јавност. Да го смени статутот на партијата и да дозволи фракции на пример. Да воспостават правило ако некој изгуби на избури веднаш да си поднесе оставка од партијското раководство и да оди во советот на партијата. Ова во нормални партии кои се демократски не ни треба да го пишува - тоа е практика во скоро сите европски демократски партии. Да се сучуваат и слични други демократски промени во СДСМ. За да кажеш дека си демократа треба прво демократски да си ја средиш куќата т.е. партијата.
Јас лично се согласувам со ставот на Заев дека несмее да се излезе на избори каде не се исполнети пржинските договрни услови за чисти избори.
Заев уште сега треба јавно да го најави своето демисионирање од раководството на СДСМ - да остане во СДСМ но во позадина. За да ја поврати довербата јавно треба да најави дека на изборите тој лично нема да учествува ниту како пратеник - а особено не како кандидат за Премиер. На Заев мора да му биде јасно дека во борбата за вистината за Македонија тој и самиот се потроши, како што го потроши и Груевски.

No comments:
Post a Comment