Познат сум по моите бурни соништа во нашите случувања од денешницата. Овојпат жижата на мојот сон беше исходот од следните избори кога и да се организираат. Клатното на среќата на Груевски и неговата клика беше цело време со тасот накај тоа дека ке останат на влааст тој и неговата клика - иако сите слушнавме колку тој и неговата фамилија и кликата/клиентите се поштени и фер играчи. Колку тој, кој се колнеше во својата чесност и поштеност чесно играл.
Долго време клатното беше на нивната страна. Се се чиниеше дека за нив среќно повторно ке заврши и ке продолжи периодот тој упешно да манипулира со народот - дека демек тој прави тоа што го ветува а ветува она што народот демек посакува. Но овојпат мрмудот и неговата сенка предвидоа среќата на Груевски да се смени и тој да не заврши онакака како тој и неговите сценаристи посакуваа.
Го прашувам мрмудот што пресуди тој да предвиди дека Груевски ке биде губитникот и како тој ке заврши. Ке оди во затвор или како? Мрмут како мрмут не ми одговори ништо во детали како ке заврши сета игра околу Груевски чии алтернативи се:

- Да заврши во ран притвор поради барање на специјалниот обвинител уште пред закажаните избори во друштво со своите соиграчи од минатиот деседгодишен владетелски период;
- Да биде помилуван од Председателот Ивановски тој и уште еден дваица од врвот на кликата на Груевски - но тоа ке значи дека е крај на неговата политичка кариера;
- Да ја напушти Македонија на време додека бродот му тоне во земја каде си ја купил слободата со парите што успеја “поштено“ да ги измолзе од македонскиот народ;
Го прашувам мрмудот кој се ке биде зафатен со актинвностите на специјалната: Мрмудот рече:
- Во почетокот ке бидат ситните риби - но кога тие ке видат дека тонат, они ке пробаат да се извадат и ке почнат да бараат да сведочат против покрупните риби;
- Неколку министри и покрупните риби од таборот/кликата на Груевски брзо ке ги изгори специјалната.
Добро го прашувам пак мрмудот кој всушност вака му го сместува на Груевски. Се заврте и мислеше да не ми каже но како да промрмља - него го издадоа неговите, оние кои беа незадоволни од пленот што го добиваа.
Живо ме интересираше како ке завршат изборите. Го прашав мрмудот како тие ке завршат:
- Мрмуд како мрмут ништо не го разбрав во неговото мрмљање но пак насетив дека на овие избори нема да има победници - дека сите е бидат губитници;
- Демек ке се појавеле два нови играчи во двата табора македонски и албански и дека и двата табора ке гризнат голем дел од колачот на сегашните две главни партии од МК блок а и од двете албански партии, дека едната албанска ке ја снема од МК парламент.
Добро го прашувам мрмудот што пресуди да се смени гласачкото тело:
- Мрмудот пак промрмља нешто а јас како да го разбрав - пресудија оние кои не беа задовлни од колачот во владеачките партии. Доста им било некој да им диктира и сугерира за кого да го дадат гласот и овојпат гласале од инат за трет - ни за едниот ни за другиот. Пресудило тоа што на изборите се појавиле два нови играчи и во МК блок и во албанскиот блок.
- Избори парламентарни нови ке има заедно и со локалните избори - тогаш ке се формира малку постабилна власт со окосница со оние две нови партии кои сега првпак ке истрчаат на овие избори ...
No comments:
Post a Comment