Search This Blog

Saturday, October 31, 2009

Груевски сепак преферира референдум за името ...


Се чинеше дека притисокот на таканаречена меѓународна подпомогнат со ставовите на опозиционите и албанските партии од Македонија ке го одведе Груевски до решавање на спорот со името без ветениот референдум. Солана на последната средба со Груевски ова му го испорача. Како што стојат работите Груевски останува на своето цврсто уверување дека за промена на името мора да се праша народот на референдум ... Со ова Груевски кој за ова веројатно го сондирал мислењето на народот застанува на страна на народот и по цена на кочење на интегративните а со тоа и економските процеси, ризикувајки притоа да биде изолиран од меѓународната ... Водата ја мати Пртседателот Иванов кој деновиве изјави дека постои варијанта проблемот со името да се реши и без референдум.                 Повеќе ».....

Friday, October 30, 2009

Самовработување - економски и психолошки аспекти ...

Темата вработување т.е. самовработување е пред се економски проблем. Тони книги се испишани за таа тема, пред се од економисти иако за неа се изјаснувале и психолози. Во нормални периоди кога не владее рецесија и економска криза тековите на вработување и самовработување одат сами по себе, особено во либералните економии и во економиите кои се со ниски стапки на даночни оптеретувања.         Повеќе ».....

Thursday, October 29, 2009

Што соли Солана ...


Солана, Карл Билд, Ахтисари и уште неколку дипломати солат по балканските простори и спроведуват нечии агенди. Од сето тоа солење излезе будењето на националистичкитените апетити кои на балканските простори во 21 век створија мали и поголеми граѓански војни. Се палеа куќи се убиваа дури жени и деца, се ствараа логори на смрта ... Држава која функционираше по многу од принципите на сегашната ЕУ е засекогаш симната од картите на државите.             Повеќе ».....

Tuesday, October 27, 2009

Преподобна Мајка Параскева (Петковден)

 http://preminportal.com.mk/images/stories/vesti08/sv.Paraskeva.jpg http://ohridnews.com/sliki/vesti1/2009/10/26/17-47-54_5617/Petkovden.jpg
Преподобна Мајка Параскева (Петковден)            Повеќе ».....

Власта не ги брои “магарињата“кои деновиве изумреа ...

 
Нов месечен пад на индустриското производство се бележи во Македонија. Заводот за статистика излегува со податоци за нов последователен месечен пад на индустриското производство - во Септември 9.8 проценти. Процентот на падот е во сличен однос како и во Август. Падот на индустриското производство е главен двигател на падот на БДП-то. Македонија веќе прогласи рецесија,поради падот на БДП во два последователни квартала. Министерот ни за финасии сепак е полн со оптимизам - дека кризата ке трае само до нова година ??. Веројатно тој знае нешто што ние не го гледаме. Тоа не го гледа ни Гувернерот на Народна банка, кој не гледа причини за попуштање на каматните стапки ...        Повеќе ».....

Monday, October 26, 2009

Еден ден “магарето(народот) што власта го учи да не јаде“ - ке мора да цркне ... или

Власта направи кампања на сите медиуми (се разбира со народни пари) дека секој ден во секој поглед се повеќе и повеќе напредува ... да не спомнувам бројки - не гледам ни еден економски показател кој оди напред и покрај силното штимање на бројките на статистиката ... Посото Невработеноста - прашање на менталитетот! - пробува да ни појасни дека за високата невработеност крив е народот кој не се самовработува во малото стопанство.         Повеќе ».....

Saturday, October 24, 2009

Скопје Skopje - на maps.google.com


Google.com не изненадува уште еднаш - Скопје Skopje полека се поставува на maps.google.com, со што станува достапно за многуте можности кои ги пружа maps.google.com.        Повеќе ».....

Thursday, October 22, 2009

Повторно најава за нов Хотел во Скопје ...

http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/53103A4A7438CC4F927B1A6AFD398BAA.jpg  http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/4E567689AD014141809D39ED934090C1.jpg
Во транзиционит период на Македонија никако да ни тргне со инвестициите, особено оние странските и особено оние стопанските инвестиции. Досега скоро се што се инвестираше беа инвестиции во “самопослути“ (трговија), и мали хотели на разни локации ... Од стопански нвестиции ни трага ни глас осем во периодите на изборите кога цела Македонија се претвара во “идно градилиште“ на стопански објекти - кога се говореше дека од странски инвестиции ке ни здосади ...          Повеќе ».....

Tuesday, October 20, 2009

Руски морков тежок 1 милијарда долари ... кредит доделен на Србија ...

 
Русија и Кина во последните десетина години се вистинските нови економски гиганти, кои делуваат на светската политичка сцена - делуваат преку своите економски инекции во форма на кредитни линии. И Кина и Русија дадоа огромни средства на ММФ при последната светска економска криза. Руските економисти година дена пред кризата најавуваа крах на западните економии. И Кина и Русија даваат непосредни кредитни линии за да делуваат и политички.

Минатите години Русија додели големи инвестициони кредитни линии во Србоја (особерно во енергетскиот т.е. нафтениот сектор и снабдување со гас). Србија “цица“ од две мајки, како што некојпат “цицаше“ Тито со неговата политика на земање помош и заем од двата спротивствени блока (истокот и западот). Путин и Медведев ја продолжуваат политиката на доделување на кредитни линии на србското стопанство. Денеска при посетата на Медведев на Србија се обелодени нова кредитна линија од милијарда долари за српското стопанство. Проблемот со Србија е што Србија не ја научи лекцијата од историјата - кога Русите во најтешките моменти престануваа да помагаат и си ги гледаа своите интереси ...

Дали сето ова ке повлијае за некакви наши (македонски) нови позиционирања во светската политичка сцена и барање на алтернативни економски и политички решенија за нашите проблеми. Можеме ли т.е. умееме ли ние во сето ова да профитираме или нашите политичари како и досега ке си ги товарат само своите лични магариња а нас ке не дават во калта на разгорените национализми ...

Проблем со подигање на фотографии на нет - проблем со Photobucket ...

Бесплатно подигање на фотографија е голем проблем. Постојат неколку места на кои е возможно да се подигаат фотографии и потоа од таму со просто пренесување на линкот да се ставаат во постови по нашите блогови:                 Повеќе ».....

Sunday, October 18, 2009

Кучевиште ... Kučevište ... фото и видео запис

http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/8-11.jpg?t=1255965102
сл.1
Кучевиште е едно од поголемите скопски села. Селото е ридско и куќите се издигаат на надморска височина од 530 до 620 метри. Од градот Скопје селото е оддалечено 15 километри. Кучевиште има 1 869 жители од кои, 367 Македонци, 1 467 Срби, 4 Роми и 4 Турци. Во селото има 4 цркви и еден манастир (петата црквичка старата Света Параскева кај водениците ја немам сликано, незнаев за нејзиното постоење - веројатно сега е возобновена близу Селото Св.Петка ...), што потврдува дека називот Скопска Црна гора треба да се промени во Света Црна Гора. Има многу голем атар и плодна земјоделска површина. Низ селото се протега богата со вода Кучевишка река на која има бројни стари воденици, дури 140 ...     Повеќе ».....

Saturday, October 17, 2009

ЕФИКАСНОСТ НА ПРОГОНОТ ВО СЛУЧАЈ НА СВЕДМИЛК - Сличности на Пирамидите на ТАТ и Сведмилк ...


Една од темите кои ревносно ги пратев на овој блог беше и случувањето околу Сведмилк. Ја пратев и во времето кога уште беше само добра идеја на новата власт која во 2006 победи на избори. Новата влада на сите усти ја фалеше оваа “странска“ и ретка гринфилд инвестиција (почетокот), градеше една широка стратегија во земјоделието каде млекопроизводството се стимулираше на разни начини. Се заговараа нови стандарди во фармерското производство на млеко, бидејки нели шведската млекара ке донесе знаење кое ке ни овозможи да се справиме со лошиот квалитет на млекото и млечните производи кои неможат да најдат пазар надвор од Македонија.              Повеќе ».....

Friday, October 16, 2009

ПРЕСЛИКУВАЊЕ ... владино-невладини блогови

На блог сцената има јасни блогови кои се бават со политички теми (ги има доста) со социјални теми (ги има малку) и со економски теми(ги има многу малку). Во последните неколку години блогови кои се бават со политички теми ги има се помалку а нивната читаност е се послаба. Се виде дека политичките блогови се само окупација на блог просторот а бидејки не нудат ништо ново тие станаа нерелевантни и не читани.                         Повеќе ».....

Thursday, October 15, 2009

Се слави почеток на нешто што нема да се случи ...

http://media.a1.com.mk/media/vesti200/izvestaj-reakcii1.jpg http://www.novamakedonija.com.mk/Uploads/News/baknuvanje.jpg
Македонската Влада и ние граѓаните деновиве славевме нешто за кое сите шпекулираме дека нема да се случи (почеток на преговори со ЕУ) во декември оваа година ... иако нели над 95 % од граѓаните го послакуваат ...               Повеќе ».....

Tuesday, October 13, 2009

Каскаат МК содржини кои дигитално може да се најдат на интернет ...

Во последните неколу години Владата на РМ даде бајаги пари да воведе компјутеризација во државата, особено во школството и администрацијата. Владата перманентно се фали и со зголемување на бројот на нтернет корисниците. Но сето ова не го следи процес на соодветно бројни македонски содржини на интернет.               Повеќе ».....

Победите и поразите на Груевски ...

 
По поразот во Букурешт Груевски на магионичарски начин поразот во Букурешт го претвори во три триунфални победи на вонредните парламентарни избори, на локалните и на претседателските избори ... сето тоа е изнесено на ветувањето дека нема да попушта во спорот со името и големите ветувања во економијата ...              Повеќе ».....

Sunday, October 11, 2009

Света Богородица Перивлепта (Св. Климент) - Охрид ... Sveta Bogorodica Perivlepta (Sv.Kliment) - Ohrid ... фото запис

http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/8-141-1.jpg?t=1256062228
сл.1  Света Богородица Перивлепта (Св. Климент) - Охрид ... Sveta Bogorodica Perivlepta (Sv.Kliment) - Ohrid
Света Богородица Перивлепта е една од најстарите и најзначајните цркви во Охрид.        Повеќе ».....

Thursday, October 08, 2009

Побожје - Pobožje ... фото запис

http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/9-21-1.jpg?t=1256062055
сл.1  Вчера во еден убав есенски ден појдов во потрага по фотографија на светите падини на Скопска Црна Гора. Овојпат бев во Побожје и Кучевиште. Самото име на селото Побожје говори дека во селото и околу него големо внимание имаат светите места и вербата во бога. Побожјани веруваат дека во некое минато време во сушни години одкога нивните предци во близината на селото подигнале неколку крстови, селото било спасено од суша, а жените почнале да раѓаат. Осем крстовите во селото во неговата близина има манастир посветен на Пресввета Богородица, црква  посветена на Света Петка и уште една црква кај селските гробишта. Селото изобилува и со староградка селска архитектура со малку нови куќи. Карактеристични се тесните селски сокаци кои сега се асфалтирани. Осем со земјоделие (градинарство, овоштарство сточарство) мештаните се занимаваат и со сточарство. Во есенскиот период дел од мештаните се занимаваат со сеча и трговија на огревно дабово дрво ... Низ селото тече Побошка Река која према истражувањата е една од рекичките од падините на Скоска Црна Гора од која се каптирало вода за Скопскиот антички/средновековен аквадукт ... До Побожје оди приградскиот автобус број 61 ...             Повеќе ».....

Wednesday, October 07, 2009

Зебрњак - Zebrnjak ... фото запис

http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/9-121.jpg?t=1256053757
сл.1  Зебрњак - Zebrnjak ...
Спомен костурница на погинатите србски борци (687 убиени, 3.280 ранети, 597 исчезнати) во текот на прочуената Куамновска Битка 23 и 24 Октомври 1912 година (Прва балканска војна Србија-Турција). Ова е битка каде србите по поразот на Косово 28 Јуни 1389 година - првпат извојуваат победа против османлиите. По оваа битка србите влегуваат во Скопје без борба. По битката во Битола 16-19 Ноември 1921, турците повторно се воено поразени и потиснати надвор од балканските простори ... Историски извори говорат дека на страната со србската војска учествуваат локални чети, предводени од локални војводи. Коските на МК доброволци и на србските војници најпрвин се чувани во црквата св.Ѓорѓи Старо Нагоричане. По изградбата на импозантниот споменик во 1937 година по проект на архитектот Миодраг Коруновиќ, коските со пригодни црковни обреди на 30 Октомври1937 се пренесени во импозантната спомен костурница на Зебрњак и осветени.             Повеќе ».....

Tuesday, October 06, 2009

Државата и граѓаните од пожар се спасуваат молејки се на господ ...

 
Пожарот во прастариот манастир во Бигорски првенствено се гаснеше молејки се на господа. Монасите и Игуменот се молеа на светата икона на св.Јован - господ да ја поштеди барем црквата од пожарот. Противпожарната бригада од Дебар се молела на господ да не откажат двете антиквитетни олтајмер противпожарни возила во текот на гаснењето на пожарот ... за чудо нема да има кривец за овој пожар. Никој нема да се прогласи за виновен што до пожарот дојде ...             Повеќе ».....

Monday, October 05, 2009

Демократска лекција на Караманлис ... си даде оставка од председателското место на Неа Демократија

Костас Караманлис одкако доблесно и чесно му ја честита победата на Јоргос Папандреу, објави дека дава оставка од чело на својата партија Неа Демократија. Према нецелосните изборни резултати ПАСОК на Папандреу има за десетина проценти повеќе гласови од Неа Демократија. Има можност да формира и еднопартијска влада.                      Повеќе ».....

Sunday, October 04, 2009

Книга на блог - Родослов (Генеологија) Рада Јовчиних из села Старог Нагоричана

За да се подигне книга на интернет, најдобро/најлесно/најбрзо е таа да се претвори во ПДФ формат и како таква да се подигне на некој сервер. Веројатно и оваа книга ке доживее такво интернет издание. Во таков случај незнам колку пребарувачите ке можат да ја пребаруваат и преку соодветни зборови да пронаоѓаат делови од содржината. Бидејки Родословот (Генеологија) Рада Јовчиних из села Старог Нагоричана - пишуван од почитуваниот РАДЕ ВАСИЉА СПАСИЌ, го сметам за исклучително значајна книга, етнолошки и културолошки извор за Старо Нагоричане - се решив да направам експеримент и книгата да ја подигнам на мојот блог Старо Нагоричане, се разбира по добивањето на согласност од авторот.           Повеќе ».....

Saturday, October 03, 2009

Friday, October 02, 2009

Tуристички каталог - Старо Нагоричане



сл. 1  Tуристички каталог - Старо Нагоричане
За потребите на туристичка промоција на Општина Старо Нагоричане, општината изработи мала монографија (81 страница) која представува туристичка промоција на тринаесетина познати културно историски и туристички локалитети. Општината Старо Нагоричане е составена од 39 населени места (села) на 451 км2 и има 4840 жители. Општината е погранична и спаѓа во редот на неразвиените МК општини. Жителите претежно се занимаваат со земјоделие и сточарство. Од Куманово е одалечена дванаесетина километри (се мисли на седиштето на општината) а од Скопје е одалечена 55 километри.         Повеќе ».....

Blog Archive

Site Meter