Search This Blog

Tuesday, October 27, 2009

Преподобна Мајка Параскева (Петковден)

 http://preminportal.com.mk/images/stories/vesti08/sv.Paraskeva.jpg http://ohridnews.com/sliki/vesti1/2009/10/26/17-47-54_5617/Petkovden.jpg
Преподобна Мајка Параскева (Петковден)            Повеќе ».....
**  Преподобна Параскева (Петка)  Оваа славна светителка се роди во градот Епиват, меѓу Силинаврија и Цариград. Родителите ѝ беа богати и благочестиви христијани, а освен Петка имаа и еден син, Ефтимиј, кој за време на животот се замонаши и подоцна стана угледен епископ Малитски. По смртта на родителите девицата Петка желна за подвижнички живот го напушти родителскиот дом и отиде најнапред во Цариград, а потоа во Јорданската пустина, каде што се подвизуваше до својата старост.

** Култот кон света Петка кај нашиот народ е многу раширен. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи но и од многу болести поради што народот ја нарекува уште и мајка Параскева. Многу лековити извори се поврзани со нејзиното име и се наречени Петочни води. Петковден како домашен празник со служби посветени на св. Петка, со чекање гости и со други обичаи и свечености го празнуваат голем број македонски семејства.
Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка ... 
Во спомен на маченицата и чудотворка Преподобната Параскева Петка светата православна црква го востановила празникот што се празнува секоја година на 27 /14 октомври и што во народот е познат како Петковден. Во народот Петковден се смета за почеток на зимските празници што следуваат и што се проследени со домашни служби како што се Митровден, св. Ѓорѓија, Аранѓел, св. Никола и др.

** Света Петка го послуша небесниот глас, ја остави својата омилена пустина и се врати во Епиват. Тука таа поживеа уште две години, пак во непрестајна молитва и пост и потоа го предаде својот дух на Бога. Се упокои во 9 век. ...
Нејзините чудотворни мошти низ вековите беа пренесувани: во Цариград, во Трново, па пак во Цариград, па во Белград. Сега се наоѓаат во Романија, во градот Јаши. Во Белгард постои вода (агијазма) на Света Петка, којашто чудотворно ги лечи сите болни што ѝ притекнуваат со вера во Бога и со љубов кон светителката.

** Светата православна црква празнува три личности со исто име Параскева-Петка поради што во народот често се мешаат и се мисли дека се работи за иста личност. Најчесто трите се идентификуваат со Петка Трновска, чиј спомен се одбележува на 27 октомври. Името го добиле поради тоа што се родени во петок, а петокот како ден пред сабота, (во стариот завет саботата била празник, а не неделата) бил ден за подготовки пред празникот. Во петокот евреите се подготвувале за саботата. Параскева значи подготовка.

** Св. Петка (позната и како Св. Параскева) е родена во градот Епиват, меѓу Силинаврија и Цариград. Родителите ѝ биле богати христијани, а освен Петка имале и еден син, Ефтимиј, кој за време на животот се замонашил и подоцна станал угледен епископ Малитски.

 

No comments:

Blog Archive

Site Meter