Search This Blog

Tuesday, October 06, 2009

Државата и граѓаните од пожар се спасуваат молејки се на господ ...

 
Пожарот во прастариот манастир во Бигорски првенствено се гаснеше молејки се на господа. Монасите и Игуменот се молеа на светата икона на св.Јован - господ да ја поштеди барем црквата од пожарот. Противпожарната бригада од Дебар се молела на господ да не откажат двете антиквитетни олтајмер противпожарни возила во текот на гаснењето на пожарот ... за чудо нема да има кривец за овој пожар. Никој нема да се прогласи за виновен што до пожарот дојде ...             Повеќе ».....

Во Македонија противпожарните бригади се освежуваат со нови противпожарни возила само со донации, на пред се постари возила од побогатите држави. Македонија станува музеј на олдтајмер стари противпожарни возила, кои се најдолго во функција ... Нови запослувања во протипожарните бригади нема.

Во Македонија зависно од временските прилики секоје лето и есет горат иљадници хектари шума. Владата на Груевски донесе одлука да набави нова современа механизација за гаснење на шумски пожари (хидроавиони), требаше да дојдат во Македонија пред два месеца - но бидејки сеуште не се платени тие стојат во хангарите на производителот. За среќа молбите на МК народ да нема нови пожари беа услишани од господ и оваа година немаше толку многу и толку страшни шумски пожари ...

За наша несреќа изгоре еден од најстарите манастирски конаци, кој сигурно ке доведе до ситуација да се смени кодот и начинот на заштита од пожар на многуте останати свети и стари места (Манастири, Цркви и Џамии, археолошки локалитети, музеи, библиотеки ...)...

Од друга страна секојдневно имаме опожаривање на објекти за станување во кои, или никојпат немало противпожарна опрема или таа е неисправно или украдната ... и за ова никој не го боли глава. Кога ке настане пошар гори се, во пожарот горат не само предметите со кои живееме, во пожарот горат и спомените, гори личната документација и фамилијарната историја. Со секој нов пожар гори македонскиот  национален идентитет на опожарената личност, кој пак е севкупност од националниот идентитет на целиот народ.

Како да се спасиме од пожарите, како осем молитвите кон господ да нема пожари - да ги намалиме штетите од пожарите. Веројатно исто како и кога треба да се справуваме од болеста - најлесно, најбрзо, најефтино и најефикасно е да се справиме со превентива:
  • да работиме така како утре (во секој момент) може да настане пожар ...
  • да избегаваме непотребно играње со оган ...
  • да градиме со материјали и стандарди кои ги задоволуваат нормативите во противпожарната заштита ...
  • ниеден стан, автомобил или зграда да не биде без исправна лична противпожарна заштита ...
  • колку и да не ги сакам мерките кога државата казнува, казните за непоседување на противпожарни апарати и противпожарна култура треба да бидат ригорозни ...
  • противпожарната култура треба да се гради секојдневно, идеална е некоја од актуелните кампањи за подигање на свеста за штетата од пожарите (колку и да не ги сакам секојдневните бројни рекламни кампањи на владата ...). Една од ретките кампањи кои по мене заслужуваат да одат по медиумите е подигањето на свеста и културата за опасноста од пожарите и начините како да се заштитиме од нив (ваква кампања веќе одеше во медиумите) ...
  1. Македонија гореше ... Како да се справиме со пожарите ...
  2. Противпожарна опрема и лифтови ... За пожарите и собраниските препукувања ...
  3. СЕЗОНА НА ПОЖАРИ ...
  4. Шумски пожари ... повторно ...
  5. Доцнат авионите за гаснење пожар ...
  6. „АТ-820“ - авион за гасење пожар, паметна инвестиција на оваа Влада ... 2 авиона пристигаат летово ...
  7. Народна Полиција ... дали ...
  8. 4 Противпожарни возила донираше Велика Британија ...
  9. ЕУ двои милијарда евра за пожарите во Европа

No comments:

Blog Archive

Site Meter