Search This Blog

Friday, October 02, 2009

Tуристички каталог - Старо Нагоричане



сл. 1  Tуристички каталог - Старо Нагоричане
За потребите на туристичка промоција на Општина Старо Нагоричане, општината изработи мала монографија (81 страница) која представува туристичка промоција на тринаесетина познати културно историски и туристички локалитети. Општината Старо Нагоричане е составена од 39 населени места (села) на 451 км2 и има 4840 жители. Општината е погранична и спаѓа во редот на неразвиените МК општини. Жителите претежно се занимаваат со земјоделие и сточарство. Од Куманово е одалечена дванаесетина километри (се мисли на седиштето на општината) а од Скопје е одалечена 55 километри.         Повеќе ».....

Општината изобилува со бројни културно историски и археолошки локалитети. Во скоро сите историски периоди има одреден број познати и веќе утврдени археолошки и клултурни локалитети. Па така во:
  • Неолит ................. 3
  • Енеолит ............... 3
  • Бронзано време .. 1
  • Железно време ... 7
  • Рана Антика ....... 1
  • Римски период ... 11
  • Доцна Антика .... 14
  • Среден век ......... 29
Од палетата на попознати седумдесетина културно историски и археолошки локалитети во монографијата се представуваат тринаесетина, кои се на скоро сите туристички мапи. Чести десинации на таканаречениот специфиче црковно манастирски туризам туризам кој Македонија сака да го промовира - комбиниран со поголеми и позначајни археолошки локалитети, природни убавини и реткости ... Кој уште нема слушнато за Кокино, за црквите св.Ѓорѓи, испосницата на св. Отец Прохор Пчињски и Манастирот Забел во Старо Нагоричане, за црквите св.Петка и св.Ѓорѓи, архео локалитетот Костоперска карпа како и спомен костурницата посветена на загинатите во првата балканска војна Зебарњак (сите на територија на Младо Нагоричане), преубавите и многу стари цркви во Карпино и Сув Ора, Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце. Свое место во монографијата завзема и термалната бања Стрновац како и помалку познаттиот Свет Даб кој се наоѓа веднаш под Кокино.

Во монографијата се поместени соодветни фотографии за поменатите места и кратки написи поврзани со нив. За промоцијата во странство има и англиска верзија. Да се надеваме дека набрзо ке ја пронаоѓаме лесно и на интернет.

Сигурно дека се изоставени многу места кои вределе да се поместат во ваков амбициозен туристички каталог. Пред се` мислам дека има уште неколку археолошки локалитети со голема докажана вредност, како Бранченица; Плошка и Под село во Старо Нагоричане, Градиште; Грамада; На брег; Среѓеница; Ќурчинска Карпа во Младо Нагоричане. Градиште во Пелинце заслужува исклучително внимание, Кула и Добросељане во Чолопек ...

Испуштени се прекрасните предели во горниот тек на Пчиња, места кои и досега се исклучително посетени од рибарите и љубителите на речните сливови и ливади, прекрасна стара селска архитектура од многуте зачувани селски куќи и домаќинства. Испуштени се големите ловни површини ... испуштени се прекрасните планиски предели и шуми во пределот на Козјак планина и особено пределот од Длабочица до Буковљане. Пределите изобилуваат зо убава дабова и борова шума. Испуштена е промоцијата на селскиот туризам, особено оној на планинските подрачја ...

сл.2

сл.3

сл. 4

Сл.5

сл.6  Промоцијата се одржа во комплексот “Етно Село“ кој се наоѓа во Младо Нагоричане, близу до реката Пчиња ...



сл.7, 8 и 9  Посебно внимание предизвика балонот кој го пробаа многу од присатните новинари и гости како и една блогерка ...

сл. 10
сл.11 и 12  Освежување на вечерта беа етно девојките и момците ...
сл.13 и 14

 сл.15 и 16

 сл. 17 и 18  Комплексот “Етно Село“ има големи потенцијали

сл.19


сл.20 и 21



сл.22, 23 и 24  По потпишување на договори и поздравно/промотивни говори, следеше прекрасен концерт на Синтезис, се` зачинато со мала закуска од етно кујната на овој крај ...


сл.25 и 26

сл.27


сл.28 и 29

No comments:

Blog Archive

Site Meter