Search This Blog

Wednesday, September 30, 2009

Странски Инвестиции ... како стоиме во регионот ...

 
Една од темите која најредовна ја пратам одкога пишувам во мојот блог е темата на “Странски Инвестиции“. За изминатиот период од 4 години напишав безмалку седумдесетини написи. Темата ја пратам како економист кој верува дека една од мерките која може да не извлече од економската кал во која заглави транзициона Македонија се директните странски инвестиции. Не оние каде се продаваат златните економски МК кокошки кои ги градеа минатите генерации (во енергетиката пред се ...), туку странските гринфилд инвестиции.          Повеќе ».....

Минатите МК Влади сите овие години подфрлуваат во остварувањето на партијските и економските владини програми, каде во сите нив странските гринфилд инвестиции се на највисоки приоритетни места.

Владите на СДСМ повеќе се бавеа со стварање на политичка клима за привлекување на странски инвестиции - но потфрлија во стварањето на економската клима, закони и прописи. СДСМ поради спроведување на приватизацијата во МК економија како да немаше време да се посвети на директните странски инвестиции. Имаше обиди но се` завршуваше во полето на супермаркет странски грифилд инвестиции кои најмалку помагаат на домашната економија бидејки немаме новосоздадена вредност во нашата еконимија ...

Структурите на СДСМ додека беа на власт беа страшни противници на странските економски зони (идеја на Циле) осем владата на Владо Бучковски 2004 - 2006 ...

Груевски со својот програм за еконоска преродба страшно многу вети на полето на директни странски инвестиции(52-56 страна):
  • За странските инвеститори даваме исклучителни погодности во технолошко-индустриските развојни зони: ослободување од данок на профит во првите десет години, двојно понизок данок на персонален доход во првите 5 години, ослободување од данок на реинвестирана добивка, ослободување од ДДВ и царини, бесплатна инфраструктура до зоната, кофинансирање на дел од трошоците во согласност со Законот за државна помош.
  • - Значително ја подобривме бизнис-климата. Сите мерки за подобрување на бизнис-климата што ги реализиравме во изминатите две години, беа насочени кон создавање услови за зголемување на домашните и странски инвестиции, што е услов за развој на приватниот сектор и повисок економски раст.
    - Воспоставивме уникатна институционална архитектура за привлекување странски
    инвестиции, со кадровско и финансиско екипирање на Агенцијата за странски инвестиции Инвест Македонија и назначивме двајца министри задолжени за привлекување странски инвестиции.
    - Спроведовме професионална кампања во реномирани светски весници за предностите за инвестирање во Македонија.
    - Формиравме Тим Македонија и одржавме Road shows во 5 земји (Италија, Австрија, Германија, Турција и САД) со над 15 градови за презентирање на можностите за инвестирање во Македонија
    - со назначување на 23 економски промотори во 21 земја во светот за промовирање на Република Македонија како добра дестинација за инвестирање, по примерот на најуспешните земји во светот кои привлекле најмногу инвестиции.
    - Агенцијата за странски инвестиции ја издигнавме на многу повисоко ниво и со многу поголем буџет и проекти.
    - Започнавме со обука и доусовршување на дипломатите во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија задолжени за економски активности.
    - Донесовме сеопфатна Стратегија за привлекување странски инвестиции, со компаративни предности, таргетирани сектори и маркетиншки план.
    - Изработивме секторски студии со предностите за инвестирање во компаративните сектори: автомобилска индустрија, агробизнис, туризам, ИТ и фармација.
    - Ги промовираме погодностите за инвестирање во 4-те слободни економски зони: Скопје (Бунарџик), Скопје 2, Тетово и Штип.
    - Потпишавме договори за елиминирање на двојно оданочување и договори за
    заштита на инвестиции со позначајните сегашни и потенцијални земји инвеститори....
  • Странските директни инвестиции во 2007 достигнаа 240 милиони евра, што е двојно повеќе во однос на просекот од претходните неколку години, исклучувајќи ја приватизацијата на двата државни монополи (Телеком во 2001 и ЕСМ во 2006). Само во првите два месеца од 2008 уште 100 милиони евра странски инвестиции влегоа во Македонија. Во нашиот мандат светски познати фирми како Џонсон Контролс, Џонсон Мети, Сосиете Женерал, Шведска млекарница, Мобилко Австрија, Хипо Алпе Адриа лизинг, Сава Ре осигурување, Триглав осигурување, Лакталис од Франција преку Данјуб груп, Мајлстоун, ИБ Ц Израел, Газит Глоуб Израел, Поршебанк, Кејблтел, Централна Кооперативна банка инвестираа во Македонија.
  • Визијата на ВМРО-ДПМНЕ е: Да се донесе бизнис-светот во Македонија и да се
    однесе Македонија во бизнис-светот! Во мандатот 2008-2012 година, основни цели на ВМРО-ДПМНЕ во сферата на инвестициите ќе бидат:
    - Постигнување кумулативен прилив на странски директни 99 инвестиции во износ од 2 милијарди евра во петгодишниот период 2008-2012;
    - Зголемување на домашните инвестиции. Рок: континуирано;
    - Зголемување на стапката на учество на домашните и на странските инвестиции во БДП Рок: заклучно со 2012 година;
    - Зголемување на странските вложувања во гринфилд и браунфилд-инвестиции. рок: континуирано;
    - Привлекување на инвестиции ориентирани кон извоз кои генерираат вработување, технолошко претприемништво и иновација, нови техники на раководење, подобрена продуктивност и склоност кон изнаоѓање на локални добавувачи. Рок: континуирано;
    - Зголемување на проектите од областа на јавно-приватно партнерство т.е. градење на ефективни државно-приватни партнерства. Рок: континуирано;
    - Континуирано градење и одржување на имиџот на земјата како атрактивна инвестициска дестинација со поволна деловна клима;
    - Континуирана економска промоција на поволностите за странски инвеститори во Република Македонија
    ....
  • - Годишен прилив на странски директни инвестиции во опсег од 200-300 милиони евра, до крајот на 2008
    - Годишен прилив на странски директни инвестиции во опсег од 300-400 милиони евра, до крајот на 2009
    ...
  • Контактирање на 800 компании месечно во 21 земја во светот од страна на 23 економски промотори упатени на работа во странство, односно 10.000 компании годишно
Заради ваквите ветувања во својата програм ја имаше и мојата подршка, во текот на првата изборна кампања се` до навршување од година дена на владеење на владата на Груевски. Отогаш навака ги критувам големите, море огромните ветувања а слабите скоро никави исполнувања на полето на директните странски инвестиции ...

Деновиве имаме нови споредбени бројки во регионот како стоиме со странските инвестиции во однос на другите околни балкански држави:
  • босанскиот весник „Независне новине“ деновиве ја објави анализата  на споредбени податоци за падот на приливот на странски инвестиции, обемот на надворешно-трговската размена и падот на јавните приходи во пет земји од поранешна Југославија.
    Оваа анализа се повикува на показатели добиени од статистичките заводи на Македонија, Србија, Хрватска, Црна Гора и на Босна и Херцеговина. Бројките за приливот на странски инвестиции потврдуваат дека
    - Македонија не е меѓу најатрактивните дестинации за инвестирање во регионот, бидејќи во првото полугодие од годинава се вложени само 109 милиони евра. Во
    - БиХ се вложени 257 милиони евра, што, сепак, е двојно помалку од лани. Во
    - Црна Гора, пак, биле инвестирани 269 милиони евра и таа држава е единствена економија што забележала плус во инвестициите од пет проценти во однос на првото полугодие минатата година. Најмногу странски инвестиции имало во
    - Хрватска, со вложени 900 милиони евра, но со најголем пад од 63 проценти.
    - Србија привлекла 48 отсто помалку инвестиции од минатата година, но во апсолутен износ тоа се значајни 893 милиони евра
    .
Владата на Груевски покажува многу напор и желба за странски инвестиции но резултатите не одминуваат, зошто:
  1. Мора сите да сфатиме дека назадувањето на процесите на ЕУ и НАТО интеграциите се директна кочница за странските инвестиции,
  2. Добрата/лошата клима на меѓуетничките односи во Македонија најдиректно се одразува на процесот на носење на бренд имиња во МК странска инвестициона програма
  3. Недостаток на странски банки во домашниот банкарски систем. Што треба прво да влезе во домашната економија, странска јака банка или бренд странска компанија ... сеедно е, но некој прв треба да влезе ...
  4. На полето на економската клима се чини дека е доволно одработено - но без стабилизирањето на ЕУ и НАТО интеграциите, како и стабилизирање на меѓуетничките односи со дефинитивно раскрстување со мафијашките структури кои силно навлегоа во „белата“ МК транзициона економија ...
  5. Како последно е секако независното судство и гарантирање дека во текот на играта нема да се менуваат прописите, како и гарантирање дека некоја нова влада нема да меша карти во старите инвестиции, осем ако во тоа нема докажан криминал ...
  6. Треба да се работи и на процесот на изедначување на домашните и странските инвеститори ... Пари се пари, ако се чисти добродојдени се од било кој извор ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter