Search This Blog

Monday, July 31, 2006

Дали Французите станаа пуританци - или

Градското собрание на Париз, на чие чело е социјалистичкиот градоначалник Бертран Делано, донела одлука со која се забранува недоличното облекување, односно тангите, топлесот и нудизмот на париската плажа покрај Сена. Секој што ќе ја прекрши забраната се соочува со парична казна од 38 евра.

Изворно тука.

Ме чуди што ова се дешава во Париз. Местата од каде човековите слободи потекнаа ...

Рамковна Археологија

Археолог од Албанија да учествува на археолошките ископувања е условот што го поставиле сопствениците на земјиштето во кумановското село Липково, ако нашите стручњаци сакаат да ископуваат на некрополата каде што 24 века лежат закопани најмалку две мумии. Археолошките ископувања се закажани за септември. Бехиџудин Шехапи, директор на Националниот центар за конзервација, објаснува дека сопствениците на земјиштето се согласиле да се направат археолошки истражувања на теренот, но барале да има археолог-Албанец.

„Дневник“ во март објави дека сопствениците на земјиштето не дозволуваат никому да припари на локалитетот, ниту да го фотографираат профилот на земјата од која стрчеле две нозе од природно зачувано тело и ковчег од издлабено стебло во кое се наоѓа и другата мумија. Залудни биле ургенциите кај липковскиот градоначалник да разговара со своите сограѓани и да ги убеди да им дозволат на стручњаците да направат увид, да го фотографираат и документираат епохалното откритие. Обидот за увид го направиле стручњаци од Националниот центар за конзервација и од Управата за заштита на културното наследство лани на 20 јули. Откако инспекцијата си заминала, по неколку дена сопствениците на земјиштето ги затрупале мумиите.

Телата се наоѓаат во месноста Кисела Вода, на патот што води во Липково, крај млинот на кој пишува „Браќа Вејсели“. „Дневник“ објави дека местото на кое се закопани телата воопшто не се чепка. Населението го почитува култот кон покојниците.

Липковскиот регион е познат по мумиите што биле таму пронајдени пред повеќе од 40 години. Првите мумифицирани тела биле откриени во 1957 година, кога се градел пристапниот пат кон браната на Липковското Езеро. Двете неоткопани тела лежат во сива глина - совршена средина за природно да се зачуваат телата на покојниците. Едниот од нив, чии нозе стрчеле од земјата, носи панталони од коноп и обувки. Археологот Звонимир Николовски од Управата за заштита на културното наследство раскажува дека веднаш се сетил на својот професор Иван Микулчиќ, кој му објаснувал какви биле мумиите што тој ги откопувал во Липковско во 1963 година.

Изворно тука.

Регионализација - почетен стадиум на “легално“ одцепување

Блокади на закони и регионализација.

Еве ова е планот на ДУИ и воедно одговор кон Груевски за неуспехот на преговорите за Владина коалиција.

Изворно тука.

Коалицијата ДУИ - ПДП вели дека ќе ги искористи сите демократски средства за да не се дозволи да се гази врз политичката волја на мнозинството Албанци.

„СВЕТИ ПЕТАР И ПАВЛЕ“ - Преспа

Македонските иселеници од прекуокеанските земји на врвот од Подмочанска горица, од каде што се гледа цел преспански регион изградија нов македонски Плаошник. До големиот е изградена новата црква „Свети Петар и Павле“ со камбанарија и камбана чие одѕвонување се слуша во повеќето преспански села. На осветувањето на новоизградениот храм завчера присуствуваа поглаварот на Македонската православна црква, г.г. Стефан, како и владиците од Светиот архијерејски синод: Кирил, Методиј и Пимен, а со црковната служба чиноначалствуваше преспанско-пелагонискиот митрополит г. Петар.

Црквата „Свети Петар и Павле“ во византиски стил се градеше две години. Иконостасот го изрезба познатиот македонски копаничар Цветан Николовски, а фреските ги наслика иконописецот Петар Герасимов. Храмот го подигна познатиот македонски градител на цркви, Петар Митановски.

Изворно тука.

Громовите убиваат !!


Ова веќе мислам ке ја надмине бројката и на упуцани луѓе. За неполн месец ова е четврта несреќа досега во која гром усмртува некого. Битолчанецот, шеесет и петгодишниот Мирко Белевски во петокот попладнето, околу 17,30 часот, го загуби животот од удар на гром, напасувајќи овци во месноста Стари Лозја, атар на селото Ношпал, Битолско.

Изворно тука.

Што толку ни се наљути Господ.

РЕГИСТРАЦИЈАТА НА ВОЗИЛАТА И ЗЕЛЕНИОТ КАРТОН - поскапуваат !!

Од утре поскапува регистрацијата на возилата и зелениот картон, документ без кој ниту едно возило со македонски регистарски таблици не може да ја напушти државата.

Националното биро за осигурување одлучи од 1 август да се зголеми цената за регистрација на возилата во просек за 15 проценти, бидејќи сопствениците на моторни возила ќе плаќаат поголем износ за задолжителното осигурување од авто одговорност.

За вадење на зелениот картон, пак, возачите ќе плаќаат различно во зависност од траењето на важноста на документот. За зелен картон кој има важност од еден и три месеци поскапувањето е најголемо дури 60 проценти. Возачите ќе плаќаат 2.450 денари, наместо досегашните 1.530 за картонот со важност еден месец. За три месеци новата цена е 3.670 денари. Помало е зголемувањето на цената при вадењето на овој документ со важност од шест месеци и една година. Тоа изнесува речиси 30 проценти. Новите цени се 5.500 денари за половина година и 9.789 денари со важност на картонот за цела година. Од Националното биро за осигурување велат дека ова не е ништо ново, бидејќи поскапувањето било најавено пред речиси една година, а регулирано со Закон за осигурување од 1 ноември 2005. Висината на минималната и максималната тарифа за задолжително осигурување од авто одговорност е утврдена на владина комисија, која е одговорна за висината на премиите. Новите цени, се резултат на анализата направена со сумирање на податоците од последните пет години
.

Изворно тука.

Со новите цени на Бензините - струјата - и некои други покачувања. Ке ги баталиме колите. Останува само виртуелното возење - на нашите памети... А патувањето во странство одамна е лукзуз со кола - а вака луксузот станува поголем...

Sunday, July 30, 2006

Техничка подршка - Кадис

Денеска имав прекин на интернетот повеќе од сат време. Ништо чудно. Се дешава кај сите па и кај Кадис. Почекав повеќе од половина час - викам ај ке ја средат работата. Тогаш ми текна дека денска е недела и дека може ако нема никој во техничка подршка - да скиснам кликајки со пробување дали “дошол“ интернетот - се јавив во техничката подршка. Разговорот течеше вака некако:

-Добар ден, дали е тоа техничка подршка на Кадис ?
-Да. (глас на млада и неситурна особа)

-Немаме интернет во Ново Лисиче, повеќе од половина час. Што е работата?
-Незнам.

-Како бе незнаеш нели си ти техничка подршка?
-Да, ама јас сум нов тука и незнам зошто нема интернет.

-Ми зовре наеднаш во главата -Го подигнав малки гласот - Како бе незнаш - за кој к*р си техничка подршка?
-Ама господине - не се лутете. Јас навистина незнам зошто немате интернет...

Сватив брзо дека ми е џабе да се нервирам и затворив телефон - пред да ми се дигне притисок... Во себе си се тешам - Работата е за смеење и плачење...

Најубавите плажи на светот

Одамна си имам ветено на себе дека - ке ја прошетам Европа се покрај море. Ама сега за сега желбата ми е само пуста. Па така ке ми биде пуста желбата и за десете највубави плажи на светот - кои ги предлага денешно Време.

Листата на 10 топ-плажи на „Неделно време“ се движи од Карибите, преку Хаваите, космополитската Австралија, спектакуларниот Бразил и развиеното Мексико, до гламурозниот Медитеран распослан околу островот Миконос, па се до југот на Франција и африканскиот брег.

Ми остана “виртуалната“ посета.
Најпесочна : АнсеСурсд'аржант
Најромантична - Бора Бора
Најстара: Тулум

Еве јас ги одбрав овие места. А сега сите имаме различни вкусови, па Вие сигурно ке изберете некое друго место...

Saturday, July 29, 2006

Тепачка у Парламент

Многу убаво се сеќавам на една тепачка во едн Парламент во една од државите на жутата раса (Кореа ако не се лажам) - кога еден од тепачите извади кондура и со кондура маваше по “политичкиот противник“.

Имало и други тепачки во Парламентите низ светот - но се се завршувало многу брзо. Бокс у зуби и малку гњаважа и толку...

Најнова тепачка избила во Албанскиот парламент. Изворно тука.
Расправа во албанскиот парламент за изборот на членови на Централната изборна комисија (ЦИК) заврши со тепачка, а опозицијата најави повторување на кризата од деведесеттите години.

Екс премиерот и лидер на опозиционата партија Сојуз за Социјалистичка интеграција Илир Мета и други пратеници од опозицијата, денеска обидувајќи се да се пресметаат со раководството на парламентот, разменија тупаници со обезбедувањето на парламентот.

Во инцидентот целосно се уништени седиштата и другиот ентериер на парламентот резервиран за членовите на владата.

Охрид



Охрид деновиве ке биде средиште на збиднивањата во Македонија. Сите Македонци или барем поголем дел од нив, одат на одмор во Охрид - или барем на еден продолжен викенд. Скопските горештини ги тераат Скопјани во Охрид на разладување.



Шемата во Охрид е одамна почната и највеќе младите во ова време го опседнуваат Охрид. Деновиве конечно и водите од езерото ке се затоплат и ке бидат погодни за капење.

Моја препорака до заљубениците на Охрид да не пропуштат да посетат дел од Културноисториските знаменитости и археолошки локалитети - многубројните цркви и манастири...

Еве неколку корисни линкови 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8,

АЛБАНИЈА - ТУРИСТИЧКА ДЕСТИНАЦИЈА

Кристално чиста морска вода, камени и песочни плажи, археолошки локалитети од античко време, убави медитерански гратчиња, а, пред се, љубезни домаќини ќе ве пречекаат на албанското приморје.

Ако ги заборавите часовите поминати низ тесните, недоградени и лоши патишта низ високи и стрмни планински предели, ако не ви пречи нередот и нечистотијата од многубројните градилишта, каде што ударнички се градат огромни хотели, на албанското приморје можете да си поминете како во некое од познатите грчки и турски туристички места.

Убавите гратчиња, модерните хотели, прекрасните плажи и преубавата природа од Бога дадена, а пред се гостопримливите Албанци, ќе направат да се почувствувате како во рајот.

Изворно тука.

Многумина се фалат дека убаво си поминале во Албанија на летовање.

Friday, July 28, 2006

Бунари - Септички јами

Бунар изграден во непосредна близина на септчка јама - е честа појава по дивите густо населени приградски населби во Скопје па и во други делови на Македонија.

Луѓето пијат вода од овакви бунари - иако водата не се испитува од бактериолошки аспект и само чудо и јаката цревна флора ги спасува овие наши сограѓани од труење...

Ваква глетка видов и во Кумановската населба Рајкова куќа - каде во еден двор избјојав 4 бунари и четири септички јами.

Затоа не е ни чудно што помошта што ја добива Македонија од ЕУ и другите пријатели од светот е наменета пред се за изградба на водоводна мрежа. Луѓето од странство го увиделе нашиот огромен проблем.

Да не заборавам да кажам дека во многу населби по Македонија - фекалиите слободно течат низ среде улица и децата се шлапкаат по нив. Пример Скопска Топана... .

Навистина вака богата држава со чиста вода е греота да пие вода со укус на септичка јама.

Инспирацијата ми е од тука.

Општина Ѓорче Петров ќе започне со изградба на првата фаза од фекалниот колектор и канализациската мрежа за Волково. Целиот проект, кој предвидува изградба на колектор со должина од 2.000 метри и канализација со должина од 6.000 метри ќе чини повеќе од три милиони евра. - Волково и од околните села Орман, Кисела Јабука и Стопански двор, каде што има над 6.000 септички јами.

Урбано Скопје се дави во септички јами
Дури триесет отсто од граѓаните на Скопје во почетокот на 21 век користат септички јами, бидејќи немаат изградена фекална канализација.

Или фекална канализација во Љуботенски Пат, или блокада на работата на обиколницата

Ќерамидница со септички јами во дворовите

Вардарци во центарот на Скопје, но со септички јами



АЕК се пробуди

АЕК - конечно се пробуди од сонот и поќна да извршува дел од своите надлежности.

АГЕНЦИЈАТА ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ КОМУНИКАЦИИ МУ НАЛОЖИ НА "МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ"

Измена на ценовникот за поврзување


АЕК смета дека цените кои Телеком треба да им ги наплатува на мобилните оператори за користење на нејзините услуги се за 50 проценти повисоки од реалните трошоци .

На АЕК му требаше скоро пола година да утврди дека цените за интерконекција се за 50 проценти поголеми од реалните трошоци.

Се сеќавате од порано ова Космофон го тврдеше уште одамна - но тогаш немаше подршка од АЕК.

Сега АЕК уште да утврди дека цените за ЛЛУ (локалната јамка - последната миља) се високи - па да добиеме и понуди од други компании за АДСЛ - на ниво на цени како што има во околните држави...

Дали АЕК со ова мисли дека ке го фати последниот вагон и ке се качи на возот на новата влада...

Thursday, July 27, 2006

Дојран - Хит дестинација

Нешто како да лебди во воздухот, покрај брегот, на шеталиштето, или по главната улица, додека ги набљудувате убаво уредените дворови, и доминантната розова боја на расцунетните леандри. Погледот ви се спушта и кон автомобилите, сакајќи да видите од каде се се дојдени туристи. Меѓу регистарските таблички ќе забележите велешки, кумановски, скопски, гостиварски, штипски, па дури и охридски.

Август е идеално време за одмор во Дојран. Тогаш водата е најтопла и тогаш почнуваат да цутат алгите. Од нив испарува јод, што е одличен лек за подобрување на имунитетот, за лекување настинки и проблеми со дишењето, и токму поради тоа најголемиот дел од гостите се семејни луѓе со мали деца.

Покрај лековитоста на алгите, дојрани ќе ви кажат и за лековитото дејство на калта од езерото, за лекување на проблеми на коскено-мускулниот систем. На многу места на плажите ќе видите луѓе како „се печат на сонцето“ премачкани со кал.

Цените за ноќевање се движат од 250 до 300 денари за кревет во приватно сместување, а пансионите се движат од 900 до 1.200 денари. Во моментов посетеноста е 3.000 до 4.000 луѓе, колку што е и капацитетот на градот .

Капацитетот на општината е околу 2.000 легла во приватно сместување, 1.500 за сместување во работничките одморалишта и околу 600 легла во комерцијалните хотели. По цена од 1.000 денари можат да се изнајмат и луксузни апартмани во приватни вили, опремени со фрижидер, клима-уред и со веце.

Изворно - тука.

Дојран е неизбежна дестинација за Младите брачни парови со мали деца кои имаат проблеми со дишните патишта на своите деца. Во времето кога мене ми беа мали децата - неколку пати одев и убаво си поминував.

Јулијана Ѓорѓиева (22)

Секојпат се радувам кога ке прочитам дека некоја наша млада особа успева во животот и се издвојува со својот успех од другите, околу неа.

Такаов случај е и случајот на младата Јулијана Ѓорѓиева од Кавадарци е прогласена за најдобар студент по математика на колеџот Харви Мат, во САД. Оваа 22- годишна Македонка дипломирала со просек од 3.91, од можен 4.00. Конкурирала и добила стипендии за постдипломски студии на повеќе врвни универзитети во светот, а ги избрала најпрестижните, Кембриџ во Велика Британија и Принстон во Њу Џерси, Америка. По пет години, вели дека се гледа себеси како доктор на науки по применета математика, како професор на некој од познатите универзитети во Америка, но и како човек кој ќе и' се посвети на истражувачката работа, од областа на математичката биологија.

Изворно тука.

“..Амбициозната девојка од Ваташа, во светот тргнала пред неколку години, кога по завршувањето на втора година во кавадаречката гимназија, конкурирала и добила стипендија од Сорос. Третата година од средното образование ја завршила во американско училиште во Пенсилванија. По матурирањето во гимназијата во Кавадарци, Јулијана конкурирала на петнаесетина колеџи во светот, а на половината од нив добила целосни стипендии. Од вкупно околу 700 студенти на Харви Мат, само четириесетина биле странци...

...На младите им препорачува повеќе да користат Интернет, да си одредат цел во животот кон која ќе се стремат и успехот нема да изостане...“

Албанизација на делови од ЈУ

Ова сите го знаеме - современици сме - но сите по малку се правиме како да не постои. Така дел по дел - територија по територија се прави Албанизација на Косово - Делови на Црна Гора и Западна Македонија со Куманово. Ова едино не им успева со деловите на Грција - кои се во интересната сфера на Албанците...

Вечер дава добар напис за ова: Албанската тајна полиција Сигурими од 1945година почнува со акции во Косово

Веднаш по Втората светска војна, Енвер Хоџа создава инсталации на Сигурими во Косово, и севрозападниот дел од Македонија, со акции кои имаат крајна цел: поттикнување на локалното население кон немири и бунт, и создавање политичка клима за присоединување на тие југословенски територии кон Албанија


За оваа работа Албанците имаат постојано историски сојузници. Во различни периоди тоа се Италија, Германија, Бугарија, Хрватска и Словенија. И секако во најново време САД. Сите овие држави и со свои цели - да преку јакнењето на Албанската држава јакне нивното влијание на Балканот - а секако се работи на “демолрање“ на просторот кој го имаат пикирано Албанците...

Тито - по мене со својата политика на “помагање“ на Албанците ни зададе нож во срце (сталниот прилив на Албанци од Албанија - кои “угнетени“ од режимот на Хоџа се раселуваа и умножуваа со геометриска прогресија по интересните сфери на Албанците) - и допринесе да дојде забрзано до овој процес на Албанизација на Западна Македонија со Куманово и сеако делови од Скопје...

За ова секако допринесе и Албанската цврста верска организација - со градење на Џамиите како потенцијални фортификациски утврдувања - и цврстиот став спрема Албанската жена - т.е. неприкосновената фамилијарна послушност и шеријатот се причини кои помагаат на овој процес на Албанизација на просторите од екс ЈУ.

Сега едини излез од оваа ситуација е - култивирањето и Европеизацијата на младите Албанци и поготово младите Албанки. Тој процес е започнат ...

Wednesday, July 26, 2006

Мозаик на Римскиот форум

Мозаик на Римскиот форум




Мозаикот датира од 2-3 век



На Римскиот форум на локалитетот Стоби летово посетителите можат да го видат и годинава прв пат презентираниот мозаик, датиран во периодот од 2-3 век, а откриен во 1972 -74 година.

Неговата целосна површина сж уште не е дооткриена, а тој е пресечен со бедем кој за заштита на раноримскиот град од водите на реките Вардар и Црна бил изграден врз него на крајот на 4 век. Мозаикот ги зачувал геометриските орнаменти, а впечатливи се и кружните остатоци од лежиштата на питоси кои врз мозаикот ги поставувале некогашните жители на Стоби. Постепеното откривање на Римскиот форум со сите негови елементи претставува видлив предизвик за археолозите, но и возбудлива авантура за посетителите кои на лице место можат да се сретнат со дел од далечната историја. (К.Б)

Немам што да додадам на краткиот содржаен напис... осем на сите да им препорашам а го видат Стоби и да го осетат мирисот на Антиката на просторот...и да се воодушевуваат на прекрасниот Археолошки локалитет...

„Вечер" ја купи печатницата на НИП-от

“..Словенечката фирма „Цетис" ја продаде печатницата што ја купи минатата година од некогашниот НИП „Нова Македонија". Новиот газда на печатницата е Бојо Андрески, сопственик на Европскиот универзитет и на дневниот весник „Вечер". Купопродажниот договор е склучен во петокот минатата недела, но Словенците не ја откриваат сумата од продажбата на печатницата. Се шпекулира дека Андрески платил 4,2 милиона евра за преземање на печатницата. „Цетис" ја купи печатницата на НИП-от во април минатата година за сума од 2,6 милиони евра, а ја продаде само 15 месеци по преземањето..“

Повеќе види тука.

Вечер со ова станува една од појаките медијски куќи во Македонија. Самиот лист веќе привлече и квалитетни новинари - со тоа што во уредувачката политика се осеќа блага нитка (некој ке рече голема) на подржна на ВМРО-ДПМНЕ.

“..Плановите на новиот сопственик е печатницата, која се наоѓа во центарот на градот, веднаш до зградата на некогашниот НИП, наскоро да се дислоцира. Андрески вели дека, најверојатно, печатницата „Цетис принт" ќе се смести кај „Агросервис", каде што се и просториите на универзитетот, во населбата Ченто. Предвидено е капацитетот на печатницата да се зголемува. Во таа насока се и најавите за купување две нови машини до крајот на годинава, а наредната ќе се набават уште две. Бројот на вработените во печатницата од сегашните 110 ќе се зголеми за дополнителен кадар..

..На местото каде што се наоѓа во моментот печатницата на „Цетис принт" наскоро се планира изградба на објект кој ќе содржи подземни гаражи, шопинг-центар, универзитетски центар, како и хотел со пет ѕвездички. Вкупната инвестиција на овој градежен зафат ќе изнесува околу 100 милиони евра. Зградата каде што е сместена печатницата ќе се урне за најмногу 10 месеци, а во меѓувреме Општина Центар ќе направи измена на Детаљниот убранистички план за да се реализира градежниот зафат. ..“

Земјотрес

По повод годишнината на катастрофалниот земјотрес - кој се случи во Скопје утрото на 26 Јули 1963 годинам во 5 часот и 17 минути - го пишувам овој напис со мое лично сеќавање за замјотресот.

Било кога да се спомне зборот земјотрес ми навираат сеќавања на разрушеното Скопје кое од тој ден навака не е исто.

“..Според конечната листа, 1.070 граѓани загинале во земјотресот што го зафати Скопје со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала. Меѓу загинатите имало и 16 странци, кои биле во Скопје на пропатување. Црното досие е дополнето и со над 3.300 повредени, од кои повеќето останале со трајни последици и со висок степен на инвалидитет. Речиси 80 отсто од градот бил разурнат, а 200.000 луѓе останале без покрив. Биле разурнати и многу индустриски капацитети..“

Мене лично како 8-иполгодишно дете - земјотресот ме дочека во родното село кај дедоми - каде бев на летен распуст заедно со сестрами - двеиполгодини постара од мене.

Тоа утро се сеќавам на загриженте лица на постарите кои слушајки вести на радио - кои од час на час пренесуваа слики од разрушено Скопје. Се кажуваше кои згради се паднати а првичните слики што се пренесуваа беа страва и ужас за сите што скаменето слушаа покрај радиото. Се набројоуваа и имиња на веќе идентификувани лешеви.

Сите онака жално ме гледаа и се прашуваа дали е можно по трагичната смрт на таткоми (кој почина 5 години пред овој настан) да во една ваква катастрофа ја загубам и мајками.

Никој не се секираше во тие моменти за имотот - сите чекаа абер за блиските кои беа таму. Телефоните не работеа иако во тоа време беа реткост за да се јави мајками и пушти абер дека е жива... Не се сеќавам како но аберот дека е жива и здрава - брзо стигна - пратен по некој кој доаѓаше од Скопје.

Не се израдувавме видно иако на нас блиските ни олесна - вестите кажуваа големи разарања и големи човечки загуби...

Со пораката дека е жива-мајками пратила и абер хитно да си дојдеме во Скопје. Се организира акција на испраќање на децата од Скопје во другите делови на ЈУ.

Не качија во амболантниот џип и во друштво со дедоми јас и сестрами дојдовме во Скопје - пред зградата на Партизанска кај сегашна Универзална. Попат сликите од паднатите згради беа ужасни. Немаше неоштетени објекти - некои повеќе - некој помалку - некој срамнети во куп тули и шут...

Се спиеше на отворено - сеуште немаше доволен број на шатори. Спиевме на едниот дел од Партизанска - кој уствари беше зарамнета ливада - а тука порсно ни беше игралиште за фудбал. Спиењето и не беше спиење - земјата нон стоп се тресеше и бучеше - а очајните луѓе лелекаа по забубените блиски - и онака голи по пижами - никој не се осудуваше да се качи низ рушевините и да фрли низ прозор нешто од облеката која беше потребна. Утрото веќе похрабрите тоа и го правееа - летеа облеки - јоргани душеци јастуци и се што е меко од домовите - заедно со книгите - чиј лет од неколку спрата посебно ми се впиша во меморијата.

После ден два од оваа одисеја се најдовме во вагони - поредени пред денешен Капиштец и заедно со сестрами и други иљадници деца бевме оргнизирано евакуирани низ цела ЈУ.

Ние бевме одредени за Словенија-Камник. Беше многу жешко по возот. Имаше многу малку воспитачи појдени со нас од Скопје и постарите деца се грижеа за помладите. Сестрами беше една од постарите имаше 11 години. На секое застанување на возот трчаше да наполни вода од чешмите и јас секојпат се плашев дека нема да успее да се качи. Како помал најдов комоција да спијам на местата каде беше предвидено да се одлагаат куфери. Куфери никој и немаше. Имавме само тоа што го имавме на себе. Местото за спиење ми се виде дури и удобно - мржа за куфери и ми беше некако меко. Ке ми пропаднеше газето во мрежата и така ке се ширев на мојот простор. Видоа од мене и други деца, им се виде добра идејата и тиа ги запоседнаа “лежаите“. Попат сега веќе некако поорганизирано во попатните станици не пречекуваа Југословенските сограѓани и ни делеа вода и хран во шишиња - сите до еден расплакани. Шпалир од луѓе кои искочиле да пречекаат таму некои деца од Скопје. Возот одеше бавно - патувавме две ноќи и два дена до Камник. Како забава почнав да ги бројам многуте тунели. Ми се видоа многу иако сега знам дека баш и нема многу на патот до Словеија...

KamnikВо Камник не сместија во еден дом за часни сестри - кој во едниот дел бил и коњушница. Железни кревети и душеци. Не ошишаа сите до даска. Ни ги земаа нашите алишта и ни дадо други и полека организирано некако течеше животот. Словенија во Камник е една голема ливада со прекрасни шуми наоколу. Највеќе ми сметаше што не се разбиравме со тамошните деца - порди разликата во јазикот а тие и не избегаваа и не сметаа за помалку вредни од нив. Ни се подсмевнуваа. Уште тогаш не нарекуваа сите шиптари - иако како дете не ни знаев што значи тоа. Деца како деца - го кажуваа гласно оноа што нивните постари го мислеа потајно. Постарите секојпат со грижа се однесуваа кон нас.

Од ливадите околу Камник и шумичките околу ми останаа полно спомени, иакао во Камник бевме кратко - неколку месеци. Се сеќавам на еден многу крупен град кој ги наполни ливадите со десетсантиметри град кој два дена потоа не се стопи. Се сеќавам и на многуте обележја по раскрсниците на дева Марија. Одвреме навреме ке не прошетаа во Камник и околните брежуљци - но Камник и не е така големо место. Се сеќавам на бистрите води на рекичката во Камник и малите камени мостови кои ја преместуваа Камничка Бистрица. Водата беше брза планиска но студена како мраз.
Kamnik
За крај на испраќајот од Камник ни приредија Логорска ватра. Имавме задача сите од оближната шума да довлечеме по едно дрво - кое се заложи крс на крс и се направи еден огромен стог од дрва кој се вивна уште во поголем пламен.

Porec - Croatia

Другиот ден веќе бевме на пат за море - најпрвин спиевме една или два вечери во Црквеница за на крај крајно да не сместат во Пореч и тоа во сегашната општинска зграда. На само море. Пред зградата имаше алеја од цвеќиња. Тука за прв пат не разделија со сестрами која како постара беше сместена во депандасите на хотелите низ Пореч на Плава лагуна - неколку километри далеку од моето место на смештај.

Море тогаш го видов првпат во мојот живот. Солена вода. Чудни рипчиња кои ги имаше безброј во морето и лесно се фаќаа со јадица но не се јадеа - листови. Други животинки Морски звезди - ежеви. Залез на сонце на море и морска клима.
Luftbild von Porec und der Küste.
Морската клима направи од мене да ги залеќам сите предходни болести на плуќа кои ми беа хронични. Тагував за Скопје - за другрите со кои игравме плочка и купчиња со семки од кајсии. За џамлиии. Са семки кои ги немаше во Пореч. Па пишував писма до дома да ми ги поздрават играчите на Вардар и да ми пратат семки. Мајками не издржа ни дојде на гости и два месеца беше со нас - како негователка за нас и другите деца. Тогаш бев цар...Незнам зошто мајками мораше да се врати во Скопје. Веројатно за да реши каде ке мораме да живееме - Зградата беше бележена со црвено и мораше да се избере некаков смештај по бараките низ околината на Скопје - кои беа богу иза леѓа и Скопјани не ги сакаа. Се плашеа дека беа од лесно запаливи материјали - дека ке изгорат во нив. На многумина тоа покасно и им се случуваше.

Во Пореч презимивме - таму завршив трето одделение. Се сеќавам на моето влегување во продавница во Пореч близу до школото. Влегував за да “купам“ - украдам некое чоколадце од животинско царство и мастики кои во словенија беа со поголема популарност од Скопје. Да тука немаа ни боза. Ми фалеше бозата која ја навикнав да ја пијам од слаткарницта на Апче...

Интересно беше моето “купување“ на чоколадца од животинско царство. Теткиците не научија - зошто доаѓаме да “купуваме“ но никојпат не се деси некого да фатат и покрај неколкуте огелдала - наменети за таа работа. Сега знам дека уствари тие не сакаа ни да не фатат...

Сега кога ке видам домски деца - некако ми се враќаат спомените од тој периот од живото. Мајка и фамилија не може да замени никој...

Оставки во СДСМ

Некако по поразот на СДСМ на последните избори работите се стишаа. Сите очекуваме од Партиски лидер на Владеачка партија да си поднесе неотповиклива оствка од местото на партиски лидер - по углед на Партиските лидери од ЕУ државите.

За ова пишував и порано. Линк 1, 2, 3.


НА СИНОЌЕШНОТО ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО НА СДСМ СЕ ОЧЕКУВАШЕ

Колективна оставка на партиското раководство?

Во овој напис кој јас повеќе го сваќам како шпекулација Вечер ни го кажува најверојатното сценаријао - како ке се одвиваат работите во СДСМ со оставките и со тоа кои се можните нови луѓе на СДСМ.

Не е случајно што сликата на сегашното раководство е ставена во црна рамка...

Па така се вели дека целото старо раководство си оди од СДСМ
Бучковски-Ќуркчиев-Митрева-Димов-и други постари кадри...

За снаги во СДСМ се типува на Шекеринска-
Игор Ивановски-Миле Зечевиќ-Каролина Ристова-Астеруд-Тања Томиќ-Ѓорѓи Трајчев-и други млади сили...

За Бучковски се типува дека нема така лесно да се откаже од местото на председател на СДСМ...

Се најавува и сценарио на можен начинкако СДСМ ке дејствува како опозиција...преку медиумите и т.н.

Искрајно се надевам дека Бучковски ке има доблест да се повлече од партијата како вистински џентелмен и да си се посвети на професорската кариера...

А овој напис го сметам како начин со кој се покушава да се одвлече вниманието на јавноста од формирање на владеачкото мнозинство и проблемите околу тоа...

Tuesday, July 25, 2006

Око за око, заб за заб

Ова одамна го практикува Еврејската држава Израел како единствен начин да се справи со тероризмот на своите први комшии.

Во еден од своиете постови нагласив дека можеби ова Израелците го научија од една друга идеологија која Историјата ја осуди а која велеше “..За еден германец - сто ....“

Еве сега Ереите од Израел - најголемите мачениви од Хитлерово време се служат со слични повици:

“За секоја ракета на Хезболах ќе паднат десет згради во Бејрут“
“..Израелските сили добиле наредба да бомбардираат десет згради во јужен Бејрут, упориште на Хезболах, за секоја испукана ракета од шиитската милитантна група врз израелскиот град Хаифа, објави денеска Армиското радио..“

“..Во нападите на Хезболах врз Хаифа загинаа две лица. Израелскиот град беше бомбардиран неколкупати откако почна конфликтот. Во текот на ноќта израелските авиони извршија 40 напади, додека пешадијата навлегува се повеќе на територијата на Либан..“

Промоција на скопскиот туризам

Синоќа гледав на телевизија и еве денес по весниците дека Скопје се сети да се промовира - како туристичка дестинација.

Советниците листаа материјал-публикација кој содржи прекрасни фотки за Скопските Историски знаменитости и Археолошки локалитети - како и карта на Скопје...

Еве и денешен Вечер има свој напис:
ВО СРЕД ЛЕТО
Конечно, промоција на скопскиот туризам
Изработени се два постера, туристичката карта и две публикации со историјатот и значајните споменици, како и атрактивните места во градот, а се подготвува ВЕБ-страницата и мултимедијално ЦД

И пак донација - е ова ме нервира многу. За вакви “мали“ работи - навистина не ни се потребни донации - но кога на нас не ни текнува еве другите ни помагаат...

“..Овој чекор Градот го спроведува со финансиска поддршка од страна на италијанска влада, односно асоцијацијата СЕЕНЕТ, а дел и од сопствените средства од градската каса од која се издвоени пет милиони денари..“

“..Едната брошура е наменета за странскиот пазар, со цел да побуди кај туристот интерес, да го привлече и да даде одговор зошто треба да го посети токму нашиот град. Во таа насока е создаден и нов мит за Скопје како град на седум порти.. .

втората публикација е туристички водич, кој би им бил даден на туристите при нивно пристигнување во Скопје. Во него е содржани сите места што секој турист треба да ги посети, музеите, како и седумте најбитни работи кои треба да се видат во нив. Внесени се и туристичките тури во Скопје и пошироко, како и места каде може да се седне и да се нарачат традиционалните јадења. ..

...Она што останува е изработката и печатење на проспекти од селективен карактер, односно за Старата скопска чаршија, Матка, цркви и џамии, споменици на културата и природата, како и за Мајка Тереза....

Македонските Антички Театри

Колку време ке ни треба да ги ставиме во функција сите антички театри во Македонија - или барем оние поголемите.




Античкиот град Хераклеја Линкестис датира од средината на четвртиот век пред Христа



- Најдалеку има отидено Хераклеја - во Битола. Битолчани со години наназад не можат да ги замислат своите топли лени вечери, без добрите културни збиднувања на хераклеја...

“..Почетоците на градбата на театарот датираат во времето на царот Хадријан, а завршните зафати биле изведени во времето на Антонин Пиј. Со откривањето на бината, потврдена е двојната функција на театарскиот објект - за сценски изведби и за претстави со животни кои биле чувани во трите кафези. За безбедноста на гледачите бил подигнат висок ѕид од ортостати околу оркестрата со метална ограда врз нив. Гледалиштето има дијазома со дваесет редови седишта, а над горниот ред се наоѓал Немезионот. Почетната ложа со седишта била помеѓу третиот и седмиот ред. Сцената се состои од пет правоаголни простории и раскошно украсена северна фасада. Театарот бил а и сега е со капацитет за околу 3000 посетители од сите сталежи..“


- Сите сега се гордееме со Античкиот театар во Охрид. Тој е главното место на Охридскиот летен фестивал. Престижен е и на него сакаат да настапуваат и славни музички имиња од светот.

“..Тетарот е ситуиран под Самоиловата тврдина блиску до Горната порта на источнот дел на ридот во Охрид, од каде што се пружа незаборавна глетка на езерото и планините кои го опкружуваат.

Класичниот театар бил изграден пред околу 2000 години или во Доцниот Еленистички период или кратко по Римското освојување. Првите најдени запишани споменувања на постоењето на театарот беа направени на крајот на 19 и почетокот на 20 век. Уште тогаш биле направени напори за откривање на театарот но тоа резултирало со делумни ископувања кои не ги дале саканите резултати. Сондажите во 1960 година помогнале да се открие поточно локацијата како и да се одреди точно големината на тетарот. Систематски археолошки ископувања започнале 1977 и по шест годишна пауза продолжиле во 1984.

Без сомневање едно од најважните откритиа е она на имињата на членовите на публиката врежани во нивните седишта во аудиториумот. Тоа биле луѓе кои биле претплатени или имале сезонски билети за присуство на претставите.

Класични драми - трагедии и комедии - биле изведувани на отворената сцена, исто како во другите театри во класичниот период..“

Античкиот театар во Охрид датира од втората половина на 3. век п.н.е. до 3. век н.е., а неговото конечно згаснување е кон крајот на 4. век и првата половина на 5. век со силната христијанизација на овие простори - од театар во римско време бил преадаптиран во монументална арена, што на други простори, во Македонија и пошироко на Балканот, сега засега не е потврдено.
-Театарот е поставен на природен терен со извонреден поглед према источното охридско крајбрежје и Галичица. Кога бил изграден во 3. век п.н.е. бил наменет исклучиво за театарски претстави. Тогаш имал полукружна сцена со гледалиште - театрон и театарска зграда. По римско - македонските војни кога Лихнид потпаѓа под Римјаните, театарот многу бргу бил пренаменет во арена за борби од типот венеторис, забава и циркуски игри. Борбите венеторис не биле многу опасни (лисица брка зајак и слично), а во тоа време е поставена и метална мрежа. Кон крајот на 1. век се појавува потреба од посериозни гладијаторски борби и тогаш театарската зграда е урната, направен е кружен sид со монументални димензии со влез во арената и странични тунели за внесување животни. Во првата половина на 3. век потребата за гладијаторски борби ја достигнала својата кулминација и арената со sидот околу неа ги достигнале најголемите димензии. За да се прошири арената извадени биле долните седум реда седишта од кои бил направен монументален кружен sид со четири кафези за диви животни. Извадените седишта биле надоместени со изградба на епитеатрон, всушност со трибини, а во овој период гледалиштето собирало околу 10 000 посетители. Sидот околу арената бил висок 3. 80 метри, што потврдува дека во борбите се користеле најкрволочните животни, па и борби со гладијатори, со што е направена заштита за публиката, зашто скокот на најкрволочните животни е 3.50 метри. Во арената се одвивале гладијаторски борби се до крајот на 4. век кога започнала и масовната христијанизација. Тогаш христијаните почнале да го затрупуваат театарот носејќи земја од полето, што укажува на тоа дека во гладијаторските борби најмногу страдале тие, а за да ги заборават своите страдања го затрупувале театарот


- Понатака доаѓа Античкиот театар во Стоби - кој во последните неколку години се развива во одлично место за театарски престави и разни други манифестации од експерименталната театарска и музичка сцена.

“.. Кон крајот на 2. почетокот на 3. век од н.е. во Стоби бил изграден Античкиот театар, што претставува еден од најголемите и најрепрезентативни објекти. Граден е по примерот на грчките театри, а можел да собере од 7000 8000 посетители. Седиштата во театарот биле распределени според важноста на племињата што живееле во Стоби, па така и ден денес на големите камени блокови може да се прочитаат имињата на стобските граѓани, кои биле поделени во пет поголеми племиња. Во 3. век театарот бил пренаменет во арена за гладијаторски борби, а околу сцената била поставена висока заштитна мрежа. Театарот се користел како Арена се до 325 година со примањето на христијанството, кога престанал да се користи било за борби, било за театарски претстави. Тогаш, всушност, започнува и неговото уништување со вадење на камените блокови и нивна употреба во други јавни градби. Жителите на Стоби сега христијани, почнале да го затрупуваат Театарот за да не ги потсетува на гладијаторските борби во кои тие и најмногу гинеле. Веднаш пред театарот христијаните ја подигнале и големата Епископска базилика, со монументален изглед, која целосно го скрила театарот од видното поле, за да може што побрзо да биде заборавен. Но, тој останал цврст и непокорен до ден денес за да сведочи за едно време на сјај и раскош..“


- За крај останува Античкиот театар во Скупи. Тој иако се наоѓа во центарот на Скопје - три километри од сегашниот центар - е најзапуштен, најнеистражен и најмалку експлоатиран. За него одвреме навреме ке блесне некој напис и некоја невладина организација ке организира некое случување. Такви културни случувања во последно време организра и општината Карпош. Но сето тоа не е доволно. На градот треба што поскоро да му се врати и пушти во функција еден од најголемите антички театри во Македонија и пошироко.

“..Подигнат е во времето на Хадријан ( II век од н.е.). Според димензиите најголем од четирите антички театри на територијата на Македонија. Можел да прими околу 9000 гледачи. Откриени се главните контури на објектот. Театарската зграда долга 98 м. и широка 15м., а низ неа водат три ходника до орхестрата која има радиус од 15 м . Театарската зграда и фасадата на сцената биле богато и луксузно украсени со мермерни архитектонски елементи. Припаѓа на римскиот тип театри, а служел главно за забава. Се изведувале комедии, сатирични игри, пародии, пантомими и др..“

“..ТЕАТАРОТ ВО СКУПИ СО ГОДИНИ ЗАПУСТЕН
Најголемиот антички театар во Македонија го прекрија гробови
Античкиот театар во Скупи собирал 9000 гледачи. Лежи на југозападната страна на Зајчев рид, надвишувајќи го и доминирајќи над поголемиот дел од градот. Театарот, граден спопред тогашните римски архитектонски правила, го чинат театарска зграда, сцена или бина, оркестрата и гледалиштето. За градбата на гледалиштето била искористена природната падина на ридот, а за сцената и театарската зграда теренот бил нивелиран. Во прашање е навистина монументален објект со импозантни димензии. Театарската зграда е долга 98 метри, широка 15, а низ неа водат три ходници со радиус од 15 метри. Надворешниот раб на гледалиштето е повисок од 16 метри, колку шо најверојатно била и висината на театарската зграда. Бината се издигала на два метра над оркестрата и била обложена со разнобојни плочи од мермер, темно зелен и кафеав шкрилец. Пред фасадата на театарската зграга и т.н. скена археолозите откриле парчиња на капители, бази, архитрави, довратници, покеривни венци и други елемнети и украси со исклучително убава и богата орнаментика, чие уметничко и техничко ниво на изработка е на ниво на најпознатите дела од тоа време во останатите Римски метрополи. Бидејќи не се откриени остатци на бина се претпоставува дека театарските престави се одвивале во оркстрата која е во форма на неполн круг ( пречник 15 метри) карактеристичен за римскиот тип на театри. Гледалиштето ( кавеа) лежи на коса падина. Седиштата му се потпирале врз сложена масивна структура од концентричНи полукружни sидов, кои ја следат линијата на оркестрата. Горната пак половина на гледалиштето е формирана од два полукружни sида, поврзани со 24 sидови носачи, исто поврзани со свдови. Импозантно, навистина.
По сите овие пронајдоци на археолозите театарот го датираат во времето на Хадријан, прва половина на вториот век од нашата ера. Се претпоставува и точната година на неговото градење, 125 г. токму при посетата на Хадријан на Скупи.
Во театарот се играле главно трагедии, комедии и мимови, еден вид пантомима. Досегашните откритија не потврдуваат дека се одвивале и гладијаторски борби. Освен како што вели раководителот на локалитетот Скупи, архелогот Ленче Јованова- Алексиева, од Музејот на Скопје, одредени индиректни показатели кои укажуваат дека и таму можеби имало крвожедни борби на гладијатори, на животни и сл..“

Monday, July 24, 2006

Референдум на Албанците за одцепување од Македонија

ДУИ лого
Маските паѓаат. Под притисок на случувањата во Косово - кои најверојатно ке завршат со поделба на Косово - нашите Албанци организирани од “незадоволниот“ Ахмети ке организираат референдум за одцепување на западна Македонија. За ова ке се погрижат 14-те градоначалници на Ахмети.

Ова било главна тема на средбата во Мала Речица која завчера ја имале командантите на поранешна ОНА со лидерот на ДУИ.

Изворно тука.

Еве ги првите резултати од “добриот“ закон за локална самоуправа. Оние кои беа против овој закон - предупредуваа за ваквите сценарија...

Sunday, July 23, 2006

Селските автобуси се селат под Транспортен центар

Конечно и ова се деси. Крајно е време Скопје да го уреди и овој простор. Секако тоа е голем зафат. Но мора да се уреди просторот непосредно на левата страна на Вардар - кој е запуштен - но за среќа е празен. Левата непосредна страна на Вардар е тотално запуштена - тоа не е дозволиво за еден Главен град на Држава...

Saturday, July 22, 2006

Марковите кули на Водно




Се истражува една од двете цистерни за вода



Антика и среден век на Марковите кули на Водно
Македонско-американски тим досега открил поголем број наоди и артефакти меѓу кои и 60-тина монети

На падините на Водно на локалитетот Маркови кули (познат меѓу жителите на Скопје и како Марково Крувче), привршуваат тронеделните археолошки истражувања на македонско – американскиот тим од Музејот на град Скопје и Комјунити Колеџот од Сент Луис, Мисури, раководени од м-р Кире Ристов и проф. д-р Мајкл Фулер.

Досега сe откриени 60 – тина монети кои заедно со другите артефакти говорат дека на овој простор постоела одредена населба што била користена во два периоди, од 4 -6 век и од 11, 12 до 14 век" - локалитетот Маркови кули претставувал воено утврдување со населба, за што говорат и откриените градби на источниот и западниот дел од локалитетот.


Најдени се многу сличности меѓу средновековните култури што им припаѓаат на источните Словени и на оние што живеат на Југот од Балканскиот полуостров.

Повеќе тука.




Friday, July 21, 2006

Бренд - „бамболино“

Нов вид на лубеница под бренд име Бамболино успешно се произведува по струмичкото поле. Овој производ лесно се пласира по ЕУ пазарите.

“..Минилубеницата „бамболино“ е нов хибрид на најголемата светска компанија за семенски материјал „Семинас“. Има специфична зелена боја, зрее на големина од околу три килограми или малку поголема од диња, има ситни, меки семки што не пречат при консумирањето. „Бамболиното“ има поголем процент суви материи и витамини што му даваат посебен вкус. Специфична е и по тоа што во продажба не може да се најде ниту едно зелено или презреано парче. Се продава во идеална зрелост. Покрај овие предности, доста е погодна за транспорт и има специфично и единствено хартиено пакување со рачка, атрактивно за пребирливите европски муштерии..“

Изворно тука.

Бунарџик - по изборите

“..Владата во заминување заборави да ја подготви слободната економска зона „Бунарџик“ за американската компанија „Џонсон контролс“, која пред два месеци најави дека таму ќе гради фабрика за електронска автоопрема. Вчера кај зоната не забележавме градежни активности, кои, како што беше договорено со потенцијалниот инвеститор, требаше да бидат завршени најдоцна до 1 септември..“

Повеќе тука.

Порталот на Учителската школа

Пак Донација за нешто што е наше - старо...



Порталот на Учителската школа ќе се обнови и покрај многуте оштетувања



“..Турски стручњаци ќе го обновуваат порталот на Учителската школа, кој и покрај низата оштетувања и катастрофалниот скопски земјотрес, сж уште опстојува во кругот на општинските бараки на Центар. Помошта на турските стручњаци општинарите од Центар ја добија при неодамнешната посета на нивните колеги од збратимената истанбулска општина Ејуп. Обновата, пак, на порталот на Старата учителска школа градоначалничката Аларова планира да ја вклопи во проектот за изградба на новата општинска зграда за која маркичката ќе се вклопи во нови ДУП-и за Дебар Маало 1..“


Изворно тука.

Учителска школа била лоцирана во кругот на денешна Општина Центар во Скопје. Oстаток од неа е само порталот како споменик и сведок на минатото.

Хафиз Мехмед-паша (турски:Hafiz Mehmed Paşa), роден во Багдад, доаѓа 1820 во Скопје за скопски валија. Помеѓу другото неговото внимание го посветува на образованието па почнува со градба на средното училиште "Идадија" во близината на градскиот парк, кој е исто така негово дело, во тоа време познат под името „ислахански парк“.

Во средното осмогодишно училиште можеле да учат сите деца и од сите вероисповеди, учејки во дневно или вечерно училиште.

Набрзо потоа се трансвормира во гимназија а во 1898 во Учителска школа. Во неа се создава кадар за потребите на образованието - учители така да во учебната 1913/1914 година завршиле 287 ученици.



Во 1935 Учителската школа е поплавенa од излевањето на Вардар. Kако спомен на таа непогода на едниот столб од порталот е издлабена годината и водостојот која го зафатила.

На 3 ноември 1944 во селото Горно Врановци, е донесена одлука за основање на Школата за народни учители во Скопје.

Школата за народни учители во Скопје официjално започнува со работа на 1 март 1945 година, со 13 наставници и 314 ученици во 9 паралелки.

Третиот кат бил интернат за женските ученици, со болнички стационар, a машките биле сместени во објектите во дворот на истата.

Подоцна од Учителска школа се преименува во Учителска школа „Никола Карев“ – Скопје.

По втор пат во 1962 година реката Вардар го поплавува училиштето, а веке следната година по катастрофалниот земјотрес во 1963 година се урива зградата, оставајќи го само влезниот портал од Учителската школа, како нем споменик.

Во 2006 Општина Центар започна со иницијатива порталот од Учителската школа да претставува симболичен влез во новата општинска зграда, спечувајќи го така неговото пропаѓање од забот на времето.

Горното е преземено од Македонската Википедија - Учителска школа (Скопје)

Концерт во Скупи

http://www.finance.gov.mk/mk/telekom/8/81/large/large-07.jpg
Здружението за негување на древните традиции „Ксантика“, утре организира и голема манифестација во археолошкиот локалитет Скупи.

Цел на настанот е возобновување на античкиот театар во Скупи како место на кое треба да се случуваат голем број културни збиднувања и негова поголема туристичка афирмација.

Манифестацијата ќе биде збогатена и со културно-уметничка програма. Покровител на настанот е Општина Карпош и Андреј Петров, градоначалник на Општина Карпош.

Изворно тука.

Сценарјата за Либан и блискиот исток

Војната беснее веќе неколку дена во појасот Газа и Либан. Добар напис дава денешнитот Дневник. Линк тука.

За сите е големо изненадуваше што Хезбололах успеа да погоди прецизно модерна Израелска корвета на море - и усмрти неколку Израелски морнари.

Измама

Што представува зборот измама.
На wikipedia од јазиците што лесно ги разбираме има само на Хрватски. Prijevara
На англиски Fraud

Па така по законот за облигациони односи имаме Измама кога:
1 - Ако една страна предизвика заблуда кај друга страна или ја оджава во заблуда, со намера да со тоа ја наведе другата странка да склопи договор.
2 - Страната која има склучено договор под измама - заблуда има право да бара накнада на претрпената штета.
3 - Ако измамата ја направила трета особа, измамата има влијание на самиот договор ако другата договорена страна знаела или морала да знае за измамата.

Што е целта на Измамата :
Целта на измама е остварување на добивка, најчесто материјална - но се појавуваат и други причини за остварување на Измама.

Основен принцип на Измамата :
Не би било ни една измама кога луѓето не би имали желби - но бидејки сите за нешто имаме желба, воколку некој ни понуди пократок пат до остварување на нашите желби - лесно се паѓа во искушение.

Како да разликуваме Измама од вистинската работа?
1. Основно е правилото од вицот за добивката на лото: “Го уплативме или не ливчето од лото“
Значи нема да се случи ништо да добиете - ако ако ништо не сте сториле/уплатиле
2.Работа во која ке вложите еден денар а ке добиете иљада не се реални (тоа функционира само кај игрите на среќа - со таа разлика што тамо не ве лаже никој дека добивката е загарантирана)

Измамите се поврзуваат и со принципот на таканаречена Пирамида. По 1990 година беше популарна оваа финансиска измама - каде се ветуваа годишни камати од преку 30 % на вложените пари.

Во светот се најактуелни сега Интернет измамите.

Така кај нас ни се случуваат секојдневно да не опсипааат
-разни спасувачи за големата невработеност - па нудат работа по бродови и други држави;
-разни агенции кои вадат визи за престој во некоја ветена земја;
-разни агенции кои нудат патувања од бајките...
-разни трчилажговски кои рекламираат и нудат препарати и тревки за неизлечиви болести
-разни пророчици
-многубројни измами со посредство на 0500 телефоните

Јавниот обвинител скоро да и не покренува обвиненија за вакви измами а сите знаеме како заврши големата измама за пирамидалните штедилници...

Еве и денешен Дневник носи напис за една измама: Стотици граѓани измамени за работа на нафтени платформи

Дека овие работи се казниви по кривичниот законик сигурно се казниви. Еве какви казни има во Kazneni zakon RH - Kaznena djela protiv imovine: Prijevara

Веројатно нешто слични се и нашите закони. КРИВИЧЕН ЗАКОНИК

Србија - прибежиште на крупните “зверки“

Станува ли Србија сива зона и заштитник на Македонски економски криминал - криминалци ?

По познатиот случај на Далавесрски еве сега и Смиленски “се вдомува“ во Србија. Со овие два случаја Србија се впушта во заштита на луѓе кои се бараат од Македонските власти за крупен економски криминал. Од Македонија не ни гледаме некоја претерана заинтересираност дали овид дваица ке и бидат испорачани на Македонските правосудни органи или не. Се некако се гледа мирно и некако незаинтересирано.

Да сака навистина Македонската власт да ја притисне Србија да и ги испорача овие наши граѓани - тоа и ке го направи.

Некако се покажуваме со слаба позиција кога бараме некој за да го суди Македонија за било што. Се сеќавате и брат Љубе ја ескивираше Македнската судска власт со резервниот пасош на Хрватска.

И некои други луѓе си прават резервни варијанти со резервни пасоши. Еве имаме тазе пример со државјанството и пасошот на еден бивш Македонски премиер - кој од скоро е и државјанин на Бугарија. Се спрема ли и тој за резервна варијанта...

Thursday, July 20, 2006

Aрхеолошки парк на локалитетот Скупи

“..Музејот на Град Скопје ќе уредува археолошки парк во Скупи на површина од 5 000 хектари, и од овој антички локалитет ќе прави туристичка атракција. Со проектот се предвидува хортикултурно уредување на просторот, изградба на патеки, осветлување, поставување информативни и патоказни табли, а ќе бидат организирани и туристички посети на локалитетот..


Парите за реализација на овој проект ќе бидат одобрени од италјанската влада.

Изворно тука.

Ајде нема да јадам бурек дека ова многу касно му текнува на Музејот на градот Скопје - уште повеќе што ова го оставаат за активност за догодина. Сепак е подобро некојпат одколку никојпат. И се разбира еве пак со пари од донации.

Корисни линкови за скупи: 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8,

Во Шведска 80 проценти од населението користи Интернет


Себеси се сметам за извонредно строг професор кој има добар однос со студентите. Мислам дека сум ја одбрал најдобрата професија на светот. За пет години во Шведска, воведов три нови курса, навлегов и во нови области



Денесшниот Утрински донесува - Интервју со Оливор Б. Попов - кој пред неколку години “се одлеа“ во Шведска.

Оливор Б. Попов беше еден од поценетите стручњаци на ПМФ-Информатика - но сепак поради подобрите услови за работа замина во Шведска - каде за кратко време доживеа да добие награда - „Професор на годината" на Универзитетот во Средна Шведска, во градот Сундсвал.

Изворно видете тука.

Впечаток ми остави фактот кој го пренесува Попов дека Швеѓаните користат интернет со бројка од 80 проценти.

“..Не постои услуга која што ја пружа јавната администрација на земјата која не може да ја направите преку Интернет.

Практично тие ве ставаат во функција да мора да го користите, не да се плашите од него, туку да се плашите да не го користите. Општеството тоа го прави со извонредно пристапни цени. Не е реткост да видите лица на возраст од 70 - 80 години кои учат да користат Интернет за да си го олеснат животот. Една од големите придобивки на Интернетот е учењето од далечина..“

Се раѓа ли Македонски "Пинк" - "Планета"

Македонската фирма Т.А.Р.Б.С.- МАК , која е дел од австралиската групација Т.А.Р.Б.С. ја купи скопската телевизија "Мак Спот ", од досегашниот сопственик Трифун Костовски.

Програмската шема на новиот сопственик е многу блиска на програмската шема на "Пинк" и "Планета".

Изворно тука.

Дали и на Македонците додека ги гледаат содржините на оваа нова програмска содржина ке заборават кога им е празник а кога делник. На
"Пинк" и "Планета" секогаш е празник - се е весело и насмеано, разголено...

“Условен“ кандидат за ЕУ.

Одавна на Скопјани им се сервира идејата за жичарница до Водно - Аларова сега ја проширува со нова идеја за жичарница до Кале. И порано и сега сум мислел дека жичарницата до врвот на Водно му е неопходна на Скопје, а немам ништо против ни за жичарата до кале.

Повеќе за жичарите тука.

Но се чудам зошто за секоја акција која се прави во Македонија се потребни донации или странска помош. Па со овие донации ние признаваме пред светот дека сме “недоносена“ нација. Ми се смачи веќе да читам ова е донација од оваа влада, ова од онаа организација.

Се прашувам кои се целите на донаторите...

Мислам дека ние најпрво треба самите себе да си помогнеме и да ја распоредиме правилно националната енергија во стратегија да има еднакви шанси за секој Македонец да успее во нашата Македонија... И одкако ке покажеме дека самите работиме на целта на сите Македонци да им биде поубаво.... Тогаш со отворено срце и душа да побараме помош за ова или она...

Вака донациите ги сваќам само како трошка милостиња од побогатите - кои на нашата пружена рака за помош фрлаат по некој цент... како што ние тоа го правиме на просјаците кои професионално стојат по мостовите.

Се се мислам дека само заради ова сме “условен“ кандидат за ЕУ.

Wednesday, July 19, 2006

Нови владини ресори

“..Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и иден мандатар за новата влада Никола Груевски планира да формира уште три министерства. Едното ќе биде министерство за капитални инвестиции, другото за информатичко општество и висока технологија, а сериозно се размислувало и за предлогот на Лилјана Поповска од ДОМ, да се формира посебно министерство за туризам..“

Само не сум сигурен дали ова може да помине во новото Собрание. Имено за ова треба дво третинско мнозинство во парламентот - го има ли Груевски...?

“..Сегашниот владин кабинет брои 15 ресори, заедно со местото премиер. Од 90-те, па до 2002 година, владата најмногу броела 23 ресори...“

Изворно за ова тука.

Конечно украдените артефакти дома

Неколку пати пишував дека многу тешко се враќаат урадени артегакти од Македонија, било тоа да се однесува на артефакти кои се навистина украдени со цел да се продадат во некоја друга држава или “легално“ однесени артефакти - изнесени од Македонија на “доистражување“ во музеите на Софија, Београд, Лондон, Москва или некоја друга дестинација...
Линк види, тука, тука, и тука.

Пред некое време Дневник имаше напис дека: Словенија бара потврда за потеклото на бронзите.

“..Словенија ќе и' ги врати на Македонија стотината бронзи, стари околу 28 века, кои лани во септември беа запленети на нивната граница откако словенечките експерти дефинитивно ќе утврдат дека тие потекнуваат од македонска територија..“

Еве сега најнова вест во денешно време дека : Прошверцуваните артефакти од Дедели се враќаат дома

Значи кога се сака и се знае како - сепак со упорнаста на надлежните артефактите се враќаат дома.

Ова треба да биде поука до надлежните дека со упорност и знае ќе можеме да се охрабриме да почнеме да ги враќаме артефактите расфрлани низ светот од таму од каде што потекнуваат и им е најприродно место.

Хераклеја

Еднен од позначајните Ахеолошки локалитети во Македонија секако е Хераклеја. Значајните Архелошки локалитети во Македонија се секако и најпосакувани туристички дестинации во Македонија. Проценката за посетеност на Хераклеја во оваа година е речиси 5000 туристи за поседните четири месеци.

Изворно види тука.

“..Најголем број од овие туристи престојуваат во некое од македонските летувалишта, па со организирани тури ги посетуваат позначајните историски и културни локалитети. Еден голем број од нив се транзитни туристи кои на пат кон Грција застануваат за да го разгледаат и да му се восхитуваат на македонското наследство.

Прво бев во античкиот локалитет во Стоби, но повеќе ми се допаѓа Хераклеја. За двата локалитета се информирав преку промотивни материјали", вели еден холандски турист кој со нескриена љубопитност ги разгледуваше фреските во Хераклеја Линкестис..“

Подолу имате неколку корисни линкови за Хераклеја:
-Хераклеја од Википедија,
-Хераклеја 1,
-Хераклеја 2,
-Хераклеја 3,
-Хераклеја 4,
-Хераклеја 5,
-Хераклеја 6,
-
Heraclea Lyncestis

Tuesday, July 18, 2006

Милијарда евра донации во МК

Каде отидоа толку пари ?!
За што се потрошија?!
Дали паметно се потрошија ?!

Изворно видете тука.

Фудбалски последици


Ова се навивачките на Бразил кои му завртеа грб на својота омилена репрезентација.

http://serv3.imagehigh.com/imgs/04/25910_sidewalklg.jpg
А ова е навивачка на Германија - која тажна го напушта стадионот - по поразот ....

Леб и пиперки

Text Box:  На просечно осиромашениот Македонски граѓанин, за да заштеди во овој период на јадење му преостанува да јаде леб и пиперки. Ова го констатира денешен Дневник. Линк тука.

Француски леб.
Граѓаните се' повеќе јадат леб и пиперки, а помалку месо и млеко.

-
Неделниот ручек посиромашен
-Се штеди и на алкохол
-
Се штеди на облека и на хигиена за да има за храна. Ова го констатира Вест. Линк тука.

Blog Archive

Site Meter