Денешен Дневник дава напис во кој обилно не информира кој што ке одкопува во МК оваа година. За оние што сакаат изворно да се информираат линк тука.
Археолозите од Музејот на Македонија, под раководство на Мила Шурбаноска, два месеца го истражуваа Римскиот форум - на античкиот град Стоби и туку што завршил првиот дел од ископувањата. На објектот ќе продолжат да работат во септември.
Археолозите Златко Видески и Страхил Темов во минатата недела почнаа да работат на локалитетот кај селото Уланци, Градско.
Професорот Драги Митревски, раководител на катедрата за археологија при Филозофскиот факултет во Скопје, како и археолози од Музејот на Македонија, колеги од Американската археолошка фондација ТФАР од Хјустон, Тексас и студенти по археологија ги привршуваат истражувањата на железновременската населба кај валандовското село Грчиште.
Американците имаат договорено уште еден проект со
Музејот на Македонија - со Кирил Трајковски ќе работат на доцноантичкиот локалитет Мородвис, Кочанско. Завршија и ископувањата на локалитетот кај кратовското село Коњух. Локалитетот веќе пет години го истражуваат нашите археолози заедно со Керолин Снајвли од Пенсилванија.
Наесен це планира и истражување на палеолитскиот локалитет Голема Пешт кај селото Здуње - вели Горан Санев, програмски директор на Музејот на Македонија. Со истражувањето ќе раководи Лилјана Шаламанов - Коробар.
Кон крајот на летото, професорката во пензија Вера Битракова-Грозданова со екипа ќе ги продолжи истражувањата на островот Голем Град, во Преспа.
ОХРИД
Истражувачки проект на Плаошник и тоа во прилог на конзервацијата на мозаикот пронајден под ѓакониконот на ранохристијанската базилика. Со археолошките ископувања раководи Нада Кузман, а конзервацијата е под ингеренции на Тања Паскали-Бунташеска.
Самуиловата тврдина, Античкиот театар ниту локалитетите во околината на градот нема да се чепкаат.
Прилеп
ќе се истражува на античкиот град Стибера, кај селото Чепигово. Археолошките ископувања ќе почнат наесен, под раководство на Лилјана Кепеска. Според Рубин Белчески, директор на Заводот и музеј од Прилеп, со професорот Виктор Лилчиќ од катедрата за археологија договорено е летово да го истражуваат мариовскиот крај.
Археолозите од Музејот на град Скопје, под раководство на Ленче Јованова, завршија со истражувањата на античкиот град Скупи, а наесен се подготвуваат да ја ископуваат западната некропола. Археологот Кире Ристов ја ископуваше скопската некропола Пржали, а од идната недела ќе почне да работи на Маркови кули на Водно.
Археолозите од Битола ќе ги истражуваат некрополите во Хераклеја Линкестис.
Струмичките археолози ќе прават конзерваторски - археолошки истражувања на оштетените делови на Римската бања во Банско и на Орта- џамија.
Гевгеличани ќе вршат превентивно истражување на локалитетите. Вардарски Рид и Градишор Мрамор кај селото Миравци.
Освен археолошки ископувања на мегалитската опсерваторија Кокино, археолозите од Куманово нема да имаат посериозни активности.
Според програмата на Министерството за култура, археолозите од Тетово и од Штип имаат „слободна“ година.
Во написот, авторот вели дека оваа година ке се ископува помалку од минатите години а ке се усмери повеќе внимание на конзервација и валоризација како и ревалоризација на културното наследство.
Веројатно е добар заклучокот на авторот дека во недостаток на средства оваа година ке има помалку ископувања во однос на минатите години. Но мене како лаик ми изгледа дека ке има доста истражувања и ископувања финансирани со пари од Македонскиот буџет.
Бидејки Македонија е пребогата со Археолошки наоѓалишта треба умно да ги користи светските фондови за Архелошки истражувања а поботово Европските фондови - кои сега се подотворија со добивањето на кандидатскиот статус.
Многу треба да учиме од Грција и Италија како се финасираат Археолошките истражувања и како од сето тоа се прави добра туристичка понуда и филозофија. Има интерес и од поединечни држави за нашите локалитети - како што се Америчките универзитети и нивните докторанти. Италија која оваа година се појави со голема финасиска донација - строго наменета за неколку локалитети во Македонија а кои се однесуваат на значајните археолошки локалитети од Староримскиод период - со кои Македонија обилува.
Чуден е недостатокот на соработката со Германските Археолози а поготово со Јапонските архелози и другите богати држави од светот. Тајван да речеме.
Македонија мора да се отвори према сите кои се желни заедно со нас да помогнат во одкопување на цивилизациските слоеви кои се напластени во Македонското тло. Само така ке решиме некои мистериии и ке ја зоокружиме сликата за нашиот културолошки идентитет и идентитет на писменоста. За жал не слушам некој да продолжува да ја решава мистеријата на теракотите од Виница - на кои се најде недешифрирано писмо на старите цивилизации. Да ги подсетам сите Виница е во Македонија.
Search This Blog
Wednesday, July 05, 2006
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
Blog Archive
-
▼
2006
(586)
-
▼
July
(93)
- Дали Французите станаа пуританци - или
- Рамковна Археологија
- Регионализација - почетен стадиум на “легално“ одц...
- „СВЕТИ ПЕТАР И ПАВЛЕ“ - Преспа
- Громовите убиваат !!
- РЕГИСТРАЦИЈАТА НА ВОЗИЛАТА И ЗЕЛЕНИОТ КАРТОН - по...
- Техничка подршка - Кадис
- Најубавите плажи на светот
- Тепачка у Парламент
- Охрид
- АЛБАНИЈА - ТУРИСТИЧКА ДЕСТИНАЦИЈА
- Бунари - Септички јами
- АЕК се пробуди
- Дојран - Хит дестинација
- Јулијана Ѓорѓиева (22)
- Албанизација на делови од ЈУ
- Мозаик на Римскиот форум
- „Вечер" ја купи печатницата на НИП-от
- Земјотрес
- Оставки во СДСМ
- Око за око, заб за заб
- Промоција на скопскиот туризам
- Македонските Антички Театри
- Референдум на Албанците за одцепување од Македонија
- Селските автобуси се селат под Транспортен центар
- Марковите кули на Водно
- Бренд - „бамболино“
- Бунарџик - по изборите
- Порталот на Учителската школа
- Концерт во Скупи
- Сценарјата за Либан и блискиот исток
- Измама
- Србија - прибежиште на крупните “зверки“
- Aрхеолошки парк на локалитетот Скупи
- Во Шведска 80 проценти од населението користи Инте...
- Се раѓа ли Македонски "Пинк" - "Планета"
- “Условен“ кандидат за ЕУ.
- Нови владини ресори
- Конечно украдените артефакти дома
- Хераклеја
- Милијарда евра донации во МК
- Фудбалски последици
- Леб и пиперки
- Иљов и Калето
- Стоби
- “Уште Петко не роден а капа му кројат“
- Тажна приказна со среќен крај
- “Славомакедонци“ и Тајмс
- Геровски vs. Латас 2-дел
- Љубов на отворено небо
- Фудбалот наш Македонски
- АНА И ИГОР ДУРЛОВСКИ
- “Фрлање смет“
- 45-ти за Counter strike
- Расположете се
- Новите министри - втор дел
- Мојот среќен ден
- Нова војна на Блискиот исток
- Бучковски ја крева цената на Албанските партии
- Увоз на Информатичари и Програмери
- Мак-железница убива
- Камени мост
- Мочање покрај пат
- Бомбите убиваат !!
- Бучковски - Оставка?!
- Струјата поскапува
- Љубов и Интернет
- Новите министри
- Бронза за информатичарот
- КОКИНО - Richard Bangs
- Misreading Macedonia's Elections
- ГОЛЕМО ГРАДИШТЕ, КАЈ КРАТОВО
- Забрането рекламирање
- Шест милиони евра
- Магионичари
- Стари Скопски (кафеани-библиотеки)
- Интернет и временската прогноза
- Одстранување на плакатите
- МРТВ се гледа ли крајот ?
- Што наследува новата влада
- Малите партии изгубија
- Овци Македонски - Стрижење
- Геровски vs. Латас
- Купувајте точаци
- ЖИВКО ФИРФОВ
- Катица Ќулафкова
- МК - Археологија 2006
- Мојот среќен ден
- Овци
- Александар Ицев, информатичар во Google
- Врховен суд на САД vs. Буш
- Камент од Розета - Писмото на Античките Македонци
- Анте Марковиќ
-
▼
July
(93)
No comments:
Post a Comment