Се поќна со грабнувањето на еден војник на Израел од една контролна точка - Израел оштро одговори со воена акција на појасот Газа и бомбардирање на се што претставува Палестинска упарава и Хамас. Повеќе од пола Палестински министри се во притвор во Израел.
Еве сега по акцијата на милитантите на границата со Либан кога Хезбулах - зароби уште двоица Израелски војници и усмрти седумина други - Израел одговара жестоко со бомбардирање со ред и без ред. Сега на ред ке дојде и Бејрут...
Буш даде целосна подршка на Израел а ако се сеќавате ЕУ ја укина финансиската помош на владата на Палестина. Остана ова да бде војна на милитантниот ислам и Израел со помош на САД. Колку долго ке трае ова и до каде се границите - незнам. Сега да видиме како ке одговори арапскиот свет и поготово ИРАН...
Се ова секако води кон максимализација на цените на нафтените продукти...
ХИЗБОЛАХ ОТВОРИ НОВ ФРОНТ ЗА ИЗРАЕЛСКИТЕ СИЛИ - Се повторува Блискоисточната војна од 1968?
Со горниот напис Дневник прави анализа на последните случувања.
“..Израелски борбени авиони и пешадија веќе тргнаа на либанска територија, тенкови и артилерија го засилуваат притисокот врз Хамас во Газа премиерот Олмерт и' се закнува и на Сирија..“
No comments:
Post a Comment