
Било кога да се спомне зборот земјотрес ми навираат сеќавања на разрушеното Скопје кое од тој ден навака не е исто.
“..Според конечната листа, 1.070 граѓани загинале во земјотресот што го зафати Скопје со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала. Меѓу загинатите имало и 16 странци, кои биле во Скопје на пропатување. Црното досие е дополнето и со над 3.300 повредени, од кои повеќето останале со трајни последици и со висок степен на инвалидитет. Речиси 80 отсто од градот бил разурнат, а 200.000 луѓе останале без покрив. Биле разурнати и многу индустриски капацитети..“

Тоа утро се сеќавам на загриженте лица на постарите кои слушајки вести на радио - кои од час на час пренесуваа слики од разрушено Скопје. Се кажуваше кои згради се паднати а првичните слики што се пренесуваа беа страва и ужас за сите што скаменето слушаа покрај радиото. Се набројоуваа и имиња на веќе идентификувани лешеви.
Сите онака жално ме гледаа и се прашуваа дали е можно по трагичната смрт на таткоми (кој почина 5 години пред овој настан) да во една ваква катастрофа ја загубам и мајками.

Не се израдувавме видно иако на нас блиските ни олесна - вестите кажуваа големи разарања и големи човечки загуби...
Со пораката дека е жива-мајками пратила и абер хитно да си дојдеме во Скопје. Се организира акција на испраќање на децата од Скопје во другите делови на ЈУ.
Не качија во амболантниот џип и во друштво со дедоми јас и сестрами дојдовме во Скопје - пред зградата на Партизанска кај сегашна Универзална. Попат сликите од паднатите згради беа ужасни. Немаше неоштетени објекти - некои повеќе - некој помалку - некој срамнети во куп тули и шут...

После ден два од оваа одисеја се најдовме во вагони - поредени пред денешен Капиштец и заедно со сестрами и други иљадници деца бевме оргнизирано евакуирани низ цела ЈУ.
Ние бевме одредени за Словенија-Камник. Беше многу жешко по возот. Имаше многу малку воспитачи појдени со нас од Скопје и постарите деца се грижеа за помладите. Сестрами беше една од постарите имаше 11 години. На секое застанување на возот трчаше да наполни вода од чешмите и јас секојпат се плашев дека нема да успее да се качи. Како помал најдов комоција да спијам на местата каде беше предвидено да се одлагаат куфери. Куфери никој и немаше. Имавме само тоа што го имавме на себе. Местото за спиење ми се виде дури и удобно - мржа за куфери и ми беше некако меко. Ке ми пропаднеше газето во мрежата и така ке се ширев на мојот простор. Видоа од мене и други деца, им се виде добра идејата и тиа ги запоседнаа “лежаите“. Попат сега веќе некако поорганизирано во попатните станици не пречекуваа Југословенските сограѓани и ни делеа вода и хран во шишиња - сите до еден расплакани. Шпалир од луѓе кои искочиле да пречекаат таму некои деца од Скопје. Возот одеше бавно - патувавме две ноќи и два дена до Камник. Како забава почнав да ги бројам многуте тунели. Ми се видоа многу иако сега знам дека баш и нема многу на патот до Словеија...

Од ливадите околу Камник и шумичките околу ми останаа полно спомени, иакао во Камник бевме кратко - неколку месеци. Се сеќавам на еден многу крупен град кој ги наполни ливадите со десетсантиметри град кој два дена потоа не се стопи. Се сеќавам и на многуте обележја по раскрсниците на дева Марија. Одвреме навреме ке не прошетаа во Камник и околните брежуљци - но Камник и не е така големо место. Се сеќавам на бистрите води на рекичката во Камник и малите камени мостови кои ја преместуваа Камничка Бистрица. Водата беше брза планиска но студена како мраз.

Море тогаш го видов првпат во мојот живот. Солена вода. Чудни рипчиња кои ги имаше безброј во морето и лесно се фаќаа со јадица но не се јадеа - листови. Други животинки Морски звезди - ежеви. Залез на сонце на море и морска клима.

Морската клима направи од мене да ги залеќам сите предходни болести на плуќа кои ми беа хронични. Тагував за Скопје - за другрите со кои игравме плочка и купчиња со семки од кајсии. За џамлиии. Са семки кои ги немаше во Пореч. Па пишував писма до дома да ми ги поздрават играчите на Вардар и да ми пратат семки. Мајками не издржа ни дојде на гости и два месеца беше со нас - како негователка за нас и другите деца. Тогаш бев цар...Незнам зошто мајками мораше да се врати во Скопје. Веројатно за да реши каде ке мораме да живееме - Зградата беше бележена со црвено и мораше да се избере некаков смештај по бараките низ околината на Скопје - кои беа богу иза леѓа и Скопјани не ги сакаа. Се плашеа дека беа од лесно запаливи материјали - дека ке изгорат во нив. На многумина тоа покасно и им се случуваше.
Во Пореч презимивме - таму завршив трето одделение. Се сеќавам на моето влегување во продавница во Пореч близу до школото. Влегував за да “купам“ - украдам некое чоколадце од животинско царство и мастики кои во словенија беа со поголема популарност од Скопје. Да тука немаа ни боза. Ми фалеше бозата која ја навикнав да ја пијам од слаткарницта на Апче...
Интересно беше моето “купување“ на чоколадца од животинско царство. Теткиците не научија - зошто доаѓаме да “купуваме“ но никојпат не се деси некого да фатат и покрај неколкуте огелдала - наменети за таа работа. Сега знам дека уствари тие не сакаа ни да не фатат...
Сега кога ке видам домски деца - некако ми се враќаат спомените од тој периот од живото. Мајка и фамилија не може да замени никој...
No comments:
Post a Comment