Search This Blog

Saturday, March 26, 2011

Дали управна зграда на ЈП Водовод и Канализација Скопје - ке се гради врз археолошки локалитет Долен град ?!!

Сл.1. Позната средновековна гравура на Скопското Кале, од холандски патеписец - кој направил скица во која јасно се гледаат контурите на Горниот Град т.е. сегашното Скопско Кале и со зидини ограден Долен Град, на местото на бараките на ЈП Водовод и Канализација Скопје ...

Пролет во мојата градина

Пролет во мојата градина

Friday, March 25, 2011

Thursday, March 24, 2011

Она што и го правиш на опозицијата ке те снајде коа ке ја изгубиш власта - твојот камен ке те удри по твоја глава

Најновото соопштение на МК султани е дека најголемата опозициона партија ке ги бојкотира изборите, поради нерамноправност во изборно преставување ... или што би рекол БЦ - Груевски сака во изборите да влезе со предност од 100 према нула.

Wednesday, March 23, 2011

Изборна корупција ...

Што го тера Премиерот на РМ да оди на на брзи избори баш сега во овој момент кога владее со апсолутно мнозинство - во Парламентот и на сите други нивои на власта од Централно се до Локално ниво. Неоспорно е дека досега во три наврати ја декласира сегашната опозициа на последните четири избори, два парламентарни, локални и претседателски. Неоспорно е дека досега на избори легално и легитимно победуваше ВЕТУВАЈКИ.

Tuesday, March 22, 2011

“НЕЗАВИСНО СУДСТВО“ – кое го бира, дизајнира и плаќа власта …

 
Можеме ли да говориме за независно судство во систем каде тоа е директно зависно од парламентарното мнозинство, т.е. од власта ??  Веројатно само власта си верува самата на себе – кога вели дека власта не се меша во работењето на судовите и судиите. Системот на нашето судство е така дизајниран што тоа е под директно влијание на власта и во материјален и во политички поглед – власта ги бира судиите, ги плаќа и ја дизајнира нивната работа … изборна и материјална и суштинска зависност.

Monday, March 21, 2011

Казна за немање имејл-адреса ...

Во налетот на драконско казнување на секој кој ке се огреши со законот, власта донела пропис секоја фирма да достави имејл-адреса во Централниот регистар, со рок до крајот на овој месец - во спротивно фирмите кои тоа нема да го сторат се под притисок на казни до 1500 евра. Проценка е дека во регистарот на фирми сеуште опстојуват 50 сетина иљади фирми ... Тоа не важи за Владата на РМ која нема меил за своите граѓани да и се обратат ... Има еден протоколарен список - кој го има изработено Министерството за Надворешни ... но за жал и таму нема меил за Председателот - замениците - кабинетот на владата ... има телефони -факсови ... кој користи сеуште факсови ...

Friday, March 18, 2011

Wednesday, March 16, 2011

Султан Амети вика ... Вие колете се, бесете се - третина је моја ...

Султан Амети вика … Вие колете се, бесете се – третина је моја … ако малку почекате половина је моја … ако уште четаке све ке ви земам … башка не Ви личи султани да бидете …

Султанот Црвенковски порачува, ке биде по мое или потоп ...

Султанот Црвенковски порачува, ке биде по мое или потоп ...

Султанот Груевски си назначи Гувернер на НБМ (чувар на парите де ...) ... ПИРОВА ПОБЕДА

Султанот Груевски си назначи Гувернер на НБМ (чувар на парите де ...)

Tuesday, March 15, 2011

Sunday, March 13, 2011

Може ли ЛДП да биде третата опција во МК изборен процес

Во транзициона Македонија 20 години понудата на политичките партии беше меѓу двете најголеми политички партии СДСМ и ВмроДпмне. И двете партии договарајки се меѓу себе створиа политички модел во кој трета опција скоро да не е возможна.

Нашиот проблем е што на избори понудата е меѓу Курто и Мурто т.е. меѓу змија и магаре ...

Нашата Влада ги намириса социјалните протести кои оваа пролет беа неизбежни и самата понуди вонредни избори. На тој начин ке се спаси од социјалните протести. Ако ништо друго и да изгуби на изборите ке биде сеуште политички фактор во државата. Нашиот проблем е што на избори понудата е меѓу Курто и Мурто т.е. меѓу змија и магаре ...

Friday, March 11, 2011

Курто и Мурто се договорија да се договорат ...

Едниот предложи да се договорат, другиот прифати ... ситната партијска боранија ке чека исход. Меѓународната веројатно ги притисна јако и едниот и другиот.

“Фабрика од медиуми“ ... Курбан - 50 вработени од „Утрински“, 10 од „Дневник“ и двајца од „Вест“

Неколку години наназад се шушка дека во голема криза се весниците од изданијата од МПМ. Вчера сето тоа кулминира во соопштението на Керим дека курбан мора да одат 50 вработени од „Утрински“, 10 од „Дневник“ и двајца од „Вест“. Побарал тоа да го сторат самите уредници, што тие го одбиле. Планот е да се затвори „Утрински“, кој во иднина би дејствувал само на интернет како Портал,  „Дневник“ да стане провладин медиум за да ги привлече рекламите од владините кампањи.

Tuesday, March 08, 2011

Владата пак “донираше“ ...

Околу божемното донирање на Владата ни,  од нашите заеднички пари веќе пишував - но Владата ни сепак сеуште се фали и “донира“ - овојпат вели дека автобусите кои се доделени на скопјани се донација од Владата ни. Не само што се сликааа кога појдоа првите десетина автобуси низ Скопје, туку на автобусите пишувало “Донација од Владата“ - срамно лажење ... Вистината е дека сите Македонци од цела Македонија ке ги платат во иднина, бидејки се тоа кредитни аранжмани - поголем дел од сумата ...

Monday, March 07, 2011

Ширак обвинет за корупција - плаќал луѓе од градска каса а тие работеле за неговата партија

Ширак обвинет за корупција - плаќал луѓе од градска каса а тие работеле за неговата партија. Се очекува дека ке биде осуден, делото не застарело иако од тогаш поминале скоро дваесет, години. По оваа логика нас не чекаат осуди против сите политичари во Македонија. Јавна тајна е дека луѓето работат во администрацијата само заради платата и местото за работа - ама одговараат само на своите партијски шефови чии задачи извршуваат ... во скоро сите канцеларии на администрацијата се вејат партијски знамиња ...

Избори или Протести

Избори или Протести  е дилемата која Груевски ја преобличи во - брзи избори со негови правила и гледање на демократија. Со ова тој ги пресретна Протестите кои веројатно ке се случеа ако немаше избори. Опозицијата не е на чисто дали да ги прифати изборите какви ги нуди Груевски или да оди со сценарио за протести ...

По Фуере на одстрел амбасадорите Филипини и Рикер ...

Владата директно не баш така завиткано во ракавици се справува со абасадорите кои ја критикуваат. По грубата пресметка со Фуере, на одстрел се најдоа Амбасадорката Филипини и америшкиот амбасадор Рикер.

Лихварски банкарски систем

Македноските банки во минатата година (и не само во минатата) имаат најголем профит во однос на било која друга МК компанија. Две банки заработиле колку сите други компании заедно. Живеењето на рабуш највеќе им се исплати на банките. Дури и државата во минатите години редовно се позајмуваше кај банките, кои веројатно со пласманите во државните записи остварија вака високи сигурни профити. И Народната банка за да ја одржи стабилноста на валутите редовно исдаваше свои записи ...

Наместо задвижувачи на стопанството банките со сигурноста во пласманите станаа кочничари на спопанскиот раст ...
 

Sunday, March 06, 2011

Прочка … Поклади (репринт)

Сликата “http://www.bbc.co.uk/worldservice/images/2007/02/20070219082501karnival_prilep203_2.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.
Прочка е еден од најславените празници во Македонија и во пошироките балкански простори … Овој ден се искористува за посета на постарите од фамилијата за традиционално да им се побара прочка … се едно дали некј им згрешил или не … Обично се меси убава пита под вршник … онаа тенката па згужвана …. мммммммм … бабами ја викаше баница … и прекрасно ја правеше … на крај се амкаат јајца … демек оној кј ке го фати јајцето – само со помош на уста ке биде сречен и ке го служи здравјето … сето ова е пропратено со смеја и радост кај постарите …

Saturday, March 05, 2011

Црквата, Државата, Партиите ...

 http://www.australianmacedonianweekly.com/edition/1156_11012011/popovi_mpc_ivz_kc.jpg
На конгресот на ВМРО-ДПМНЕ во Битола во првите редови седеше Владиката ни ... Не само што во нашата пракса немаме подвоеност меѓу Црквата и Државата (што е уставна категорија во Македонија), туку Црквата е во редовите на Партиите ... Владикате е делегат на Конгресот или во која улога беше таму ??!!

Blog Archive

Site Meter