Search This Blog

Thursday, December 31, 2009

Мојот блог е мојата БлогВикипедија - Среќна нова 2010 година

http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/9-6Small-1.jpg?t=1261143158 http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/9-4Small-1.jpg?t=1261143525 http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/9-8Small-1.jpg?t=1261143673 http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/9-2Small-1.jpg?t=1261144119
Секогаш кога сакам да дознам малку повеќе за нештата/појавите/случувањата се впуштам во истражување по линковите понудени од пребарувачите. Од тој материјал и од она што до тогаш ми останало во главата за нештата/појавите/случувањата кои ги истражувам јас добивам представа/сознание. За да не мора повторно да истражувам за иста појава, тие истражувања со сите поважни линкови ги ставам на пост - за да ми се најдат во некоја друга прилика. Така всушност се ствара мојата БлогВикипедија, која е низа од линкувани настани, случки и појави кои ми биле предмет на мојот интерес во годината/годините од како сум го отворил блогот.             Повеќе ».....

Wednesday, December 30, 2009

Годишна археолошка изложба 2009-та ... фото запис

http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/92009-1Small.jpg?t=1262102789
1.  Годишна археолошка изложба 2009-та
Годинава интензивно се вршени археолошки ископувања во 17 археолошки локалитети:       Повеќе ».....

Saturday, December 26, 2009

До Министерката за Полиција, Госпоѓа Јанкуловска ... Нели ВИ Е СРАМ ако не ВИ Е ГРЕВ.

http://www.mvr.gov.mk/images/Image/plakatWebLK___.jpg
Ова е отворено писмо до Министерката за Полиција, госпоѓа Јанкуловска, да слушне/прочита една вистинска потресна приказна како стари луѓе околу осумдесет години се мачат да вадат лични карти, пасоши ... втиснати се во редови, гужви и просторија без воздух, со само две столчиња за седење. Ние Македонците од мали нозе сме навикнти на редови и на влегување преку ред - но изненаден сум дека тоа го има и во 21 век и тоа за стари луѓе со возраст околу осумдесетата и повеќе.            Повеќе ».....

Friday, December 25, 2009

blog.com.mk овие денови ке слави четиригодишнина, или помина?

http://blog.com.mk/themes/blogeraj_2008/images/header/header-image.jpg
Развојот и падот на Македонскиот Блогерај е во голема мера врзан со blog.com.mk. Платформата која околу нова година како што најви Трендо веројатно ке се сели, ке биде носталгична за многу луѓе кои тука наоѓаа простор за виртуелна занимација и дружење.  blog.com.mk ке биде простор кој ке сведочи за некои социолошки и политички движења во наша Македонија. И досега имаше многу сериозни социолошки па дури и политички истражувања кои се правеа на база на напишаното на blog.com.mk.         Повеќе ».....

Весела математика со статистиката на вработеноста

Во екот на најголемата криза во која во цел свет се зголемуваше невработеноста, Власта на РМ магионичарски ја намали стапката на невработеноста т.е. ја зголеми вработеноста. Може ли ваква обланда да помине кај народот? Илузионистот Коперфилд може вода да им носи на нашите илузионисти од Државниот завод за статистика. Рецептот за бројките е ветојатно побаран од Амди, џабе не е коалиција. Следната веслела математика на ДЗС веројатно е дека имаме пораст на стандардот и намалување на сиромаштијата, зголемување на потрошувачката кошничка - како директна последица на намалување на стапката на невработеноста. Се поголемата гужва кај контејнерите била илузија во маглата на опозицијата, која гледа невработени и сиромаштија, заслепени од резултатите на оваа Власт.         Повеќе ».....

Thursday, December 24, 2009

Македонија во 1904 година


Исечок од Политика, објавена мала агенциска вест на 15 Јаноари 1904 година, објавена на насловна страна.

Што се случувало во Македонија 1904 година, година дена по пропаѓањето на Крушевската република од 02-12. 08. 1903. Република која траеше десетина дена но е темемел на денешна Македонија. Република од која произлезе Крушевскиот Манифест кој е темел на државноста на денешна Македонија.          Повеќе ».....

Wednesday, December 23, 2009

Блог селење - предлог

http://gallery.zazabava.com/albums/albums/Umetnicka_fotografija_Darko_Moraitov/Portrait_032.jpg

Се приближува времето кое Трендо (околу нова година) го најави како селење на нова платформа. На Трендо овојпат му предлагам селењето/мигрирањето на нова платформа да не го прават самите автоматски. туку тоа да го прави секој корисник самостојно. Зошто:           Повеќе ».....

Странску инвестиции VS печалбарски трансфери

Владата толку многу рекламна кампања посвети на привлекување на странски инвестиции, а има повеќе од скромни резултати. Фалбата дека странските инвестиции ке бидат толку големи што ке ни здосадат пукна ко меур од сапуница. Странските инвестиции се движат околу нулата - во последно време бележиме минусни странски инвестиции.          Повеќе ».....

Tuesday, December 22, 2009

Социјална револуција со помош на медиумите (новите медиуми)


Дали сме сведоци на нова револуција, овојпат по заслуга на социјалните медиуми. Погледнете го видеото и бројките во него за да добиете своја представа.

Погледнете уште неколку слични видеа кои само ја потврдуваат тезата дека во последните десетина години се одвива вистинска социјална револуција преку новите медиуми.         Повеќе ».....

Мој YouTube клип “Stobi-Sintezis“ - досега е виден 269.515 пати


269,515 views
На мојата YouTube страница нема закачено многу видео клипови (109 до сега). Неа одвреме навреме ја користам кога одам на фото сесија на светите и старите места низ Скоје и Македонија. Но Видео клипот Stobi ... Sintezis - Стоби ... Сеинтезис _ 02 е вистинско изнеадување заради огромната посета. Не тврдам со стопроцентна сигурност но мислам дека е ова најгледаниот видео клип со Македонска содржина подигнат на YouTube. Далеку погледан дури и од високобуџетските видео клипови кои владата ги правеше за промоција на Македонија ...                   Повеќе ».....

Неодговорени прашања до Премиерот

Околу Нова година стално има обраќања на највисоките политички фигури на државата. Во Парламентот се обрати Претседателот ни - се исфали себе и своите, не примети никава аномалија во власта. Премиерот гостуваше во две ток шоу емисии, имаше кратко интервју за Нова Македонија. Останатите медиуми се лутат на ваквата практика на Премиерот да ги игнорира останатите медиуми, притоа да ги дели на „провладини“ и „опозициски“. Некој во јавна дебата рече дека замислите кога Обама би се обраќал на американската јавност само на Ток шоу на Џери Спрингер !?.           Повеќе ».....

Monday, December 21, 2009

Костоперска Карпа (Жеглиговски камен) - Младо Нагоричане ... Kostoperska Karpa - Mlado Nagoricane

http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/8-7Small-1.jpg?t=1261411963
1. Костоперска Карпа (Жеглиговски камен) - Младо Нагоричане јужна страна ... Kostoperska Karpa - Mlado Nagoricane. Археолошкот локалитет Костоперска карпа (Жеглиговски камен) - Младо Нагоричане, е позната енолитска населба која има контиуиран живот во неколку века. Таа е повеќе­­слој­на населба.               Повеќе ».....

Годишна археолошка изложба 2009-та

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/19Large-2.jpg?t=1230511214 http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/1Large-4.jpg?t=1230508614
1. Фрагменти од Годишна археолошка изложба за 2008-та, организирама нво Музејот на Македонија ...         Повеќе ».....

Sunday, December 20, 2009

Рејтинг овојпат на Институтот Павел Шатев

Веројатно како реакција на две други рејтингувања кои деновиве добија место во јавноста,

Saturday, December 19, 2009

“Следење“ на блогери - МК блогосфера ... нивна употреба/злоупотеба во политиката



Македонските цетри за следење на политичките процеси на позицијата и опозицијата сваќајки ја се` поголемата силина на новите медиуми ствараат моќни центри за следење на новите електронски медиуми со посебен акцент на следење на МК блогосфера, електронски личен медиум во кој неможат да спроведат контрола и притисок кој за што, кога и како ке пишува.         Повеќе ».....

Google т.е. Google Translate го направи светот вистинско поле на културен натпревар на народите без разлика дали се големи или мали

http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/GoogleTranslate-2Small.jpg?t=1261230258
1. Автоматски инстантно преведена интернет страната на tanea.gr со помош на translate.google.com            Повеќе ».....

Friday, December 18, 2009

Повторно “позајмена“ фотографија, вез наведување на извор.

http://www.mia.com.mk/image1.jsp?slikaid=70066198 http://photos1.blogger.com/blogger/1177/1741/1600/stop%20za%20vizite%20%20angliski%20copy%20%28Medium%29.jpg
Клик на сликите за да ги видите изворите.
МИА за потребите на својот напис Од полноќ Македонците без визи во ЕУ користи постер кој го изработивме јас и мојот син графички дизајнер. Овој постер е дел од неколку постери кои со синот ги изеаботивме за потребите на студентските и младинските протести со кои се бараше укинување на визниот режим.          Повеќе ».....

Мојот блог - мојата ливада на “англиска трева“ ... 500.000/1.000.000 клика за четири години постоење

http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/9-10Small-1.jpg?t=1261139719
  • По четири години постоење на мојот блог/блогови Сајтметарот денеска изброја 500.000 единечни кликови, т.е. 1.006.000 посети на моите блогови.
  • Дневната посета моментално е 955 единечни кликови, т.е. 1.924 посети на моите блогови
  • Должината на посетите е 3 минути и 33 секунди.           Повеќе ».....

ЗА БУЏЕТОТ НА РМ - во интервјуто на Премиерот кај Јанко Илковски во емисијата Јади Бурек ... “Диригиран Државен Социјализам“


На постов ке се осврнам за кажаното во интервјуто на Премиерот кај Јанко Илковски во емисијата Јади Бурек а се однесува на Буџетот на РМ, кој во последните неколку години е неколкукратно зголемен, кој се претвори во најголем производител на растот на МК БДП, кој стана најголем вработувач во МК економија, преку кој се подржуваат бизнисите во Македонија, каде десничарска Влада на ВмроДпмне спроведува процес на нов период на “Диригиран Државен Социјализам“, систем кој предходеше на Самоуправниот Социјализам ...          Повеќе ».....

Thursday, December 17, 2009

ОРВЕЛ беше во право - Големиот и малиот брат се` гледа/прати ... внимавајте кои податоци ги давате на интернет

http://jadiburek.blog.com.mk/system/files?file=bugarski.jpg
Џорџ Орвел беше во право. Визионерски предвиде дека големиот брат се гледа/прати. На Орвел и неговата визија која секојдневно се потврдува се сетив денеска коментирајки на пост кај Јанко: Оваа страница е на бугарски, сакате превод?. Имено тој сакајки да ја поткрепи тезата дека наместо Македонски јазик, некој веројатно го хакнал Гоогле преведувачот и на Интернет, наместо Македонски јазик се вели дека оваа страница е на Бугарски јазик, иако очито е дека Вечер е на Македонски јазик - притоа прашувајки дали сакате превод.         Повеќе ».....

Greece Paid Journalists $130 Million to promote "Greekness of Macedonia"

http://macedoniaonline.eu/images/gypsy2.jpg
Greece Paid Journalists $130 Million to promote "Greekness of Macedonia" - Оваа вест деновиве кружи низ Македонските тикери. Како што гледате на www.google.com извор пред се` се македононските агенции за пренесување на вести, кои ги полнат тикерите наоколу. Приказната е бајаги стара од 1989 до 1993. Се спомнуваат тајните фондови на грчкото МНР, предводено од Андонис Самарас, демек грчки новинари добиле 130 милиони американски долари за да се промовира "Грцизмот на Македонија". Демек, според сведочењето на поранешниот Премиер Константинос Мицотакис, парите завршиле во џебовите на грчките новинари.        Повеќе ».....

Wednesday, December 16, 2009

ГРУЕВСКИ ЗА ЕКОНОМИЈАТА - во интервјуто во Јади Бурек ... Македонија спаѓа во група на земји со ниско задолжување и не е точно дека имаме обемен буџет


Во предходниот пост ГРУЕВСКИ - итервју во Јади Бурек - дел за името ... неможе и во Грција и во Македонија да има Македонци ..., направив транскрипција за делот од интервјуто во кој се говореше за спорот со Грција околу нашето име. Во овој пост ке направам транскрипција на делот од интервјуто во кој се говори за економијата, кои се состојбите, кои се плановите и кои се очекувањата на Премиерот за нашата сегашна и идна еконосмка состојба. Некои аспекти и бројки ке потенцирам а со некои делови и ставови околу економијата ке споорам во некои идни постови кои ке се бават со економијата.               Повеќе ».....

Tuesday, December 15, 2009

Прашање за Трендо

http://gallery.zazabava.com/albums/albums/Umetnicka_fotografija_Darko_Moraitov/Portrait_032.jpg
На постот До Трендо, таткото на blog.com.mk, Трендо во коментар ни соопшти дека во декември/јаноари blog.com.mk ке сели на нова платформа:               Повеќе ».....

Судбината на спомениците на Големиот Александар Македонски во Атина и Скопје

http://www.dnevnik.com.mk/WBStorage/Articles/83C6AB5121839346B4C4EE133D170C40.jpg
Некоја лоша карма ги следи спомениците на големиот Александар Македонски во Атина и Скопје. Имено излеан споменик на Александар Македонски јаде прав безмалку 20 години во некој магацин во Атина. Не го сакале атињаните бидејки тој во Атина дошол со војска за воено да ги порази - иако е доен со грчка култура. Деновиве се слушна вест дека атињаните се договориле и дека споменикот на Александар Македонски ке го види светлото на денот т.е. ке биде поставен на некој подалечен плоштад во Атина.            Повеќе ».....

Monday, December 14, 2009

Занаетчиски Дом - Куманово

http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/8-1Small-3.jpg?t=1260811731
1. Занаетчиски Дом - Куманово
Занаетчискиот дом во Куманово е стара градба која е впишана во срцата на Кумановци. Впишана е и во грбот и знамето на Кумново.            Повеќе ».....

Оглас “За акција без визи“ за 100 среќници кои ке патуваат во Париз на 19 Декември 2009

http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/Large.jpg?t=1260783712
Клик на сликата за поголема.
“Пеесет-те Величенствени“ ..., стана “сто величанствени“ кои ке патуваат на ПРВОТО ЕВРОПСКО ПАТУВАЊЕ БЕЗ ВИЗИ - кое по повод укинувањето на визниот режим за патување во ЕУ, го организира Секретаријатот за евопски прашања т.е. Владата на РМ.          Повеќе ».....

Sunday, December 13, 2009

Нов рејтинг - нарачан од „една амбасада“ ...

Редовно ги пратам рејтингувањата. Ке мора на еден пост да ги сместам сите линкувања кон рејтинзите и рејтинг агенциите, кои се прилично вносен бизнис во државата, бидејки преку рејтинзите не само што се проверува рејтингот на партиите и одредени партијски личности - туку преку нив се врши и КРЕИРАЊЕ НА ЈАВНОТО МНЕНИЕ.        Повеќе ».....

Saturday, December 12, 2009

ГРУЕВСКИ - итервју во Јади Бурек - дел за името ... неможе и во Грција и во Македонија да има Македонци ...


Сношти Премиерот Груевски имаше исцрпно тричасовно интервју во Јади Бурек. Мој интерес се три теми кои во интервјуто беа детални елаборирани, за преговорите за името, за плановите на Премиерот што понатаму (по седми декември) и за еконосмските теми кои беа третирани во интервјуто. Во овој пост ке се осврнам на реченото за преговорите со Грција за нашето име. Бидејки делови од интервјуто ги снимав, ова ке биде своевиден транскрипт на делови од интервјуто, ке го поткрепам со ЈуТјуб клипови за соодветната тема и на крај ке дадам свои коментари и мислења на темата. Молам во коментари без навреди ...           Повеќе ».....

Friday, December 11, 2009

ГРУЕВСКИ - на народот му се обраќа во народни емисии ... Од што се плашат Грција и Бугарија, од севкупноста на Македонија ли ?

Седми помина. Опозицијата и албанските партии бараат одговори како понатаму, кои се нашите следни чекори во интегративните процеси кон ЕУ и НАТО се разбира осем посветеното работење на Премиерот и неговата екипа заедно сосе Претседателот ни. Груевски се врати и на народот ке му се обрати преку народни емисии - Јанко Јади Бурек, Неделковски Канал 5 и Томиќ на МТВ ... Тука се и неколку проверени новинарски пера пред се Мирка Велиновска, Латас и Александар Дамовски, на нив им се приклучува институтот Павел Шатев и други медиумски центри и институти условно контролирани од ВмроДпмне.           Повеќе ».....

Thursday, December 10, 2009

На МК сруденти им побелеле брадите ...


http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/066AB21514392D498FB4945B4334E546.jpg
Протести и реакции против “Курвата“ Европа треба да има - тоа демократијата го подразбира. Но кога на студентски протести ке доминираат бели бради и седи коси, тоа се веќе извртени вредности. Затоа протестите против курванлакот на ЕУ не треба да се прогласуваат само за студентски туку за сеопшти - за да се знае дека сите им сме лути.            Повеќе ».....

Wednesday, December 09, 2009

КОКИНО - фото запис

http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/8-43Small.jpg?t=1260386958
1. Летово бев на Кокино и ова е фото запис од преубавите моменти        Повеќе ».....

Политичките пресуди на МК судство паѓаат на повисоките судски инстанци ...

Денеска паднаа две првостепени пресуди какде се судеа дваица поранешни високи политичари во МК политички живот Топурковски и Бучковски. Нели е тоа сигнал дека првостепените судови се политички инструирани ?!. Паѓаат цели закони на уставен суд заради слабите припреми на законите и нивната претходна неусогласеност со највисокиот закон Уставот. Паѓаат судски одлуки во желбени постапки пред меѓународните судови во кои МК граѓани се жалат на одлуки на МК судски инстанци т.е. на спороста на Мк судови.

Сето ова не го допира Министерот за правосудство Маневски - кој е истотака остаток на претходниот систем но тоа на Груевски очито не му смета ...

Ке се возновува ли Црква на скопското Кале ?

http://www.kanal5.com.mk/pictures/upload/vesti/WESTIII/kale_crkva_230_180.jpg
Канал 5 најави дека Управата за заштита на културното наследство за идната година планира реставрирање на средновековната црква од 14-тиот век чии темели и олтар беа ископани на Калето. Тука види го написот на Канал 5 и видеото.         Повеќе ».....

Tuesday, December 08, 2009

МК блого.(втор дел) - политички и социолошки трендови


1. Насловот на истражувањето ...

Го добив истражувањето за кое имав пост Македонската блогосфера - политички и социолошки трендови и паралелен пост пост со иста содржина на blog.com.mk.каде секојпат има повеќе коментари ...          Повеќе ».....

Monday, December 07, 2009

Македонската блогосфера - политички и социолошки трендови


Клик на сликата да го одгледате видеото.
Ја следев денешната емисијата на А2 “Студио 2 во 20“ каде гости на Чомовски му беа блогерите Кире Василев (не ну го знам блогот) и Ирена Цветковиќ - во блогерството попозната како Фемгерила. Еве линк од емисијата. Тема беше нивното истражување Македонската блогосфера - политички и социолошки трендови“.         Повеќе ».....

Денеска е 7-ми, утре ке биде осми Декември 2009.

http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/LizgalicaLarge.jpg?t=1247307245 http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/Large-3.jpg?t=1247142278
Денеска е денот “Д“ за Македонија. Но и покрај убавото време вечерава на плоштад веројатно нема да славиме. Денеска ке добиеме уште едно тапшање по раме и еден голем поздрав од ЕУ бродот во кој сеуште нема место за нас. Кога ке се качиме е прашање на кое никој не дава одговор. Наша проценка (владина) е дека цената за билетот е сеуште преголема.    Повеќе ».....

Sunday, December 06, 2009

Каца на скиснат купус ...


Кај Ванковска прочитав една дефиниција дека: (оваа земја може да се нарекува и „бавча на скапани домати“) ... Заради многу нешта мене повеќе ми личи и на „Каца на скиснат купус“ ... не заобиколуваат иако сега е време на ставање на зелка.
Фала му на бога зидот на затворот наречен Македонија го срушивме/ни го срушија де. Но останува сеуште да се потрудиме да ја намалиме смрдејата од скиснатата зелка.

Залез на есента - уште еднаш ...

http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/8-1Small-1.jpg?t=1260107699
1. Боите на есента полека се матат со сивилото на магловитиот почеток на зимата       Повеќе ».....

Saturday, December 05, 2009

“Пеесет Величенствени“ ...

http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/3/39/Panorama_Paris_December_2007-2.jpg/800px-Panorama_Paris_December_2007-2.jpg
Мк Влада одбрала “Пеесет Величенствени“. Од нив 40 се “случајно“ избрани обични граѓани заедно со десет видни личности. Одбраните 50 Величенствени на денот на укинување на визите ке одат на излет во ПАРИЗ. Како нашата Влада ги бира или веќе ги избрала своите 50 величенствени веројатно ке дознаеме деновиве. Сличен проект има и Владата на Србија која за таа цел организира лотарија.          Повеќе ».....

Саат Кула - Куманово

http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/-1Small.jpg?t=1260032913
1. Саат Кула - Куманово     Повеќе »....

Фотосалон Куманово 2009

http://4.bp.blogspot.com/_kKGj5cTBC3k/SxA1OAw9yqI/AAAAAAAAEM8/81I4SC8vjaU/s1600/1.png [1.jpg]
Фото Кино Клубот “Козјак 50“ од Куманово - вечерава во просториите на Уметничката галерија во Куманово (отворање вечерва, во 19.30 часот) го организира четвртиот Меѓународен фото салон на уметничка фотографија во Куманово. Сето ова е долга соработка со Светската фотографска организација ФИАП и Фотографското здружение на Америка.       Повеќе ».....

Friday, December 04, 2009

До Трендо, таткото на blog.com.mk

http://gallery.zazabava.com/albums/albums/Umetnicka_fotografija_Darko_Moraitov/Portrait_032.jpg http://gallery.zazabava.com/albums/albums/Umetnicka_fotografija_Darko_Moraitov/beauty_025.jpg
Повод за овој напис ми го даде постот на Моја Македонија - фото записи, во кој Трендо онака опуштено го гледаме во друштво на есенска убавица. Знаеме дека од платформава како компанија немате сеуште голем ќар, но тоа е така со сите електронски медиуми. Но затоа платформата чинам Ви носи големо задоволство бидејки на неа се изродија икс ипсилон нови луѓе кои слободно секој во својата област си отвори прозорец кон светот. Со тоа Вие исполнивте една добра можност секој да си го каже своето и преку блогот да отвори свое “CV“.       Повеќе ».....

Thursday, December 03, 2009

Куманово - Монографии

МОНОГРАФСКИТЕ ПУБЛИКАЦИИ ЗА КУМАНОВО

http://www.biblioteke.org.rs/vranje/jovan.jpg
д-р Јован Хаџи Василјевиќ - КУМАНОВСКА ОБЛАСТ, 1909 Коларац Београд, 550 страници
Повеќе ».....

КОНКУРС - МАРТОВСКИТЕ ЕСЕИ НА “КОРЕНИ”2010 г.

http://www.eurozine.com/UserFiles/partners/roots/roots-2009-11-17.gif http://www.eurozine.com/UserFiles/partners/roots/roots-2009-06-09.gif http://www.eurozine.com/UserFiles/partners/roots/roots-2009-01-15.gif http://www.eurozine.com/UserFiles/partners/roots/roots-2008-12-12.gif     

КОНКУРС

    МАРТОВСКИТЕ  ЕСЕИ НА “КОРЕНИ”2010 г.
ПО ПЕТТИ ПАТ

Повеќе ».....

Должен си ко Грчка ... Дали Македонија станува земја со преголемо задолжување ?!

http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/LizgalicaLarge.jpg?t=1247307245
Должен си ко Грчка. Оваа сентенца ја знаеме сите, присатна е и во народниот говор. За несреќа на Грците нивниот долг и трговски дефицит е повторно голем. ЕУ воведува контрола во буџетската потрошувачка на Грција, некаков мини валутен борд. Да спомнам дека се шпекулира дека Грција е следната која ке доживее финасиска криза/крах како што доживеа Исланд.            Повеќе ».....

Wednesday, December 02, 2009

ЈАС МЕДИУМ



Новите медиуми се предмет на Меѓународната конференција, која под покровителство на „Метаморфозис“ со работен наслов „Јас Медиум“ се фокусира на улогата на новите медиуми во поткрепувањето на дебатата и дијалогот, учеството и општествените промени. Конферецијата денес и утре се одржува во Холидеј Ин.        Повеќе ».....

Пирамидалното месечно задолжување продолжува.

Вчера државата се задолжи со нови 51,7 милиони евра, преку аукција на тримесечни државни записи со евроклаузула, нивното достасување е на 3 март 2010 година. Државата денеска треба да врати 31,8 милиони евра за исплата на државните хартии од вредност кои достасуваат. Државата и овој заем го правда со потреба од финасирање на проектираниот дуџетски дефицит.

Дали е патриотски ?!

Не кријам дека со Ден Дончев делам слични ставови во областа на економијата - ова е чинам втора колумна на која немам што да додадам. Ке ги поставам само прашањата кои во колумна ги поставува Ден Дончев - „Економски патриоти и предавници“, во кои всушност има сурови и поразителни констатации:                       Повеќе ».....

Tuesday, December 01, 2009

Милионерот од Куманово - Драган Николовски

http://media.a1.com.mk/media/video/Golemi/milioner.gif
Драган Николовски за првпат го отвори 15-то прашање, но освои 2 милиони денари
За да го одгледате видеото со последните три прашања кликните тука.      Повеќе ».....

Стоп за Минариња во Швајцарија


http://3.bp.blogspot.com/_4NsxaqK7h8E/Ss7K-4dniNI/AAAAAAAACgc/yTLr_HZ3xc4/s400/stoppJa

Швајцарија организираше референдум за забрана за градење на Минариња. Референдумот е успешен. Властите велат дека не се горди со резултатите од референдумот - но одлуката на граѓаните ке ја почитуваат. Демократскиот свет во Европа и светот ја напаѓат оваа демократска одлука на швајцарците. Десните партии во некои ЕУ држави велат дека по углед на Швајцарија и тие ке настојуваат да спроведат ваков референдум.   Повеќе ».....

Убавите моми и ергени од Босилово - Саем на Општините Скопје, Ноември 2009

http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/9-10Small.jpg?t=1259669592
1. Убавите моми од Босилово    Повеќе ».....

Blog Archive

Site Meter