Но да почнам со ред. Денеска бев да ја однесам мојата мајка да извади нова лична карта. Мајками има 77 години и десетина дијагнози, едвај стои на ноги ... одгледала четири деца, дочекала 8 внучиња. Пред триесетина дена телефонски ми закажаа термин за вадење нова лична карта за денеска во 8 часот и 50 минути. Бидејки е стара, болна и се движи со помош на бастум дојдовме петнаесетина минути порано од закажаниот термин. Си велам барем за стариве нема да има проблем, бидејки за нив се закажува термин само во саботите.
Но што да ви кажам, уште рано наутро пред влезот на зградата на МТВ имаше стотина луѓе кои чекаа пред влезната врата надвор, чекаа чопоративно како овци пред трло, сеуште не беше отворено. Почекав во колата да отворат, пак тешејки се веројатно има многу шалтери - бидејки се работи со закажување нема гајле, нели сме во предворјето на Европа со стандарди кои се европски.
Но, само што влегов во халата ме удри фрас. 250 луѓе во ходникот се гужваа да влезат на два влеза за пасоши и лични карти. Едни со закажани термини да влезат во процедурата за сликање и оставање отисок од двата показалци, други за да подигнат личните карти или пасоши. Од некаков ред ни “р“. Се завртев наоколу надевајки се дека ке видам екран на кој стои редослед на имињата кои се на ред, но залудно се обидував, го погледнав чопоративното гужвање, ја погледнав мајками сакав да излезам. Но си велам еднаш ке мора да се помине овој галиматијас, башка што кога ке ти помине терминот. Но драги мои, тој што треба да биде поим за ред ПОЛИЦИЈАТА створил услови за неред. Сите повторно чопоративно стоеа сега пред два влеза еден за лични карти со (поголема гужва) и еден за пасоши (помала гужва).
Дваица полицајци во делот за лични карти стоеа немоќно повикувајки да се створи ред. Се присетив на редот за визи пред грчка амбасада. Но таму имаше некаков ред. Шипки во две колони. Тука не сите чопоративно ко овци пред трло се буткаа за да влезат во просторијата каде пак треба да чекаат пред некој шалтер. Немоќно стоев меѓу тие стари луѓе, секој со својата болест, онака забезекнати и извадени од своите топли домови и кревети. Снема воздух во просторијата се осети реа од старите грла на луѓето. Дури по 40 минути гужвање како на влез пред утакмица Вардар-Партизан, едвај влеговме за да застанеме на ред пред шалтерите.
Се пожалив на шалтерот дека ова навистина нема никаква смисла и дека на установо која треба да е поим за редот има ваков неред и хаос и тоа за луѓе кои се одавна во зимите на своите животи. Но бадјала госпоѓата само ги собра рамената и одќута - веројатно е ова редовна слика. Погледнав наоколу има 6 простории каде се сликааат луѓето од нив само во три простории имаше одговрно лице. Почекавме пред една таква просторија половина час и откако никој не дојде замолив да не упатат во друга просторија. Тамо повторно чекавме дваесетина минути - се испостави дека две колешки си правеле муабет. Но нејсе цели среќени дојдовме на ред за сликање. Мајками побара огледало да се погледне и зачешла пред сликање. Огледало НЕМА. Си велам затоа се такви сликите ко криминалци кои само што прескокнале ограда. Од толку многу чекање мајками побара да оди во тоалет - госпоѓицата или госпоѓата во просторијата ми рече тоа е скоро невозможна мисија. Нека се стрпи па дома нека си оди во тоалет.
Ја сликна, и зема по еден отисок од двата показалца и ни закажа по 20 работни дена да си ја земеме личната карта. Си велам во себе, ало зарем 20 работни дена треба да поминат за да ова помине во линија која е автоматизирана и компјутеизирана. Па тоа се дваесетина секунди работа на еден таков автомат. ЗОШТО НА ТАКВИОТ АВТОМАТ МУ СЕ ПОТРЕБНИ 20 РАБОТНИ ДЕНА.
Драга Госпоѓо Министерке, овој пост е мој четврт пост од серијалот во кој го опишувам непотребно створениот хаос и малтретирањето на граѓаните за да извадат нови лични карти. Овие денеска кои ги натеравте да вадат нови лични карти имаа трајни - зошто во законот сепак предвидовте да вадат нови, зарем Ви дојде до нивните 200 денари. Денеска ги изгубивте како гласачи сите нив. Никој нема да гласа за власт која го малтретира својот народ и нема ни трунка милост дури ни за старите и изнемоштените. Од нив две третини се со фатални дијагнози. Нели ВИ Е СРАМ ако не ВИ Е ГРЕВ.
п.с. На мене и на мојата сопруга ни закажавте вадење на нови лични карти на 28 феброари 2011 година. Вашата обврска ја одложивте бес срам за 14 месеци од денот на закажување. Месец дена се обидувавме да добиеме линија за да закажеме. Нели ВИ Е СРАМ ако не ВИ Е ГРЕВ. Во меѓувреме треба да извадиме нови пасоши и возачки дозволи - на истиве овие хаотични шалтери во недостојна процедура за 21 век. Недостојна дури и за балканска Македонија. Замислите колку ке требаше да чекаме да сме Кинези ? веројатно ке ни требаа три живота за да дојдеме до лични карти.
- Државна лотарија за вадење на ЛК ... Бизнис план за актуелен мал бизнис ... закажување термин за Лична Карта, Пасош и Возачка
- Демонстрирање на сила и страв - војна со својот народ, зошто нема меил апликација за промена на лична карта ??!.
- Е-Документи за намалување на админстративните бариери - Е-ова, Е-она
- Зошто Министерството за внатрешни работи не воведува меил апликација за добивање на Лична карта и Пасош, има ли неуставност во оваа постапка ...
- Пасошко
No comments:
Post a Comment