Search This Blog

Saturday, November 21, 2009

Е-Документи за намалување на админстративните бариери - Е-ова, Е-она

 http://www.mvr.gov.mk/images/Image/plakatWebLK___.jpg

Кога го прочитав насловот на оваа вест - потајно си реков: конечно се сетија да воведат електронско пријавување за вадење на документи за лична карта и пасоши. Си велам срамота е во сите амбасади може електронски да конкурираш за термин кога да дојдеш на лице место да завршиш работа. Но не било тоа, граѓаните сеуше мазохистички ги малтретираат и им порачуваат дека требало до сега навреме да мислат и да си завршат работа ... сега нека пукнат нека вртат телефони ко луди на линии кои не постојат, а остануваат и заканите за казна ако не завршите работа - законот мора да се почитува ...       Повеќе ».....


Ке одговори ли некој од надлежните зошто нема можност електронски преку имејл да се аплицира за датум кога може да се исвади лична карта и пасош. Или можеби во полиција немаат стручњаци кои знаад да примаат и пишуваат повратни меилови??. Инаку сеуште незнам јавен меил на Владата на РМ или сеедно да речеме на Министерството за Полиција ...

И да, ке каже ли некој јавно од кои телефони може да се закажува за лична карта или пасош. Се шпекулира дека може да се закаже само од стабилните телефони на Т-хоум ... неможе од мобилни, неможе од други стабилни (од оние на Космофон (уан-де), од оние на кабелските оператори ...). Од друга страна се појавија општини во Македонија кои уценуваат за да ја примат вашата апликација за лична карта, мора претходно да ги подмирите трошковите кон општината во која живеете. Нешто слично како за да добиете бесплатен преглед диши диши мора да појдете во УЈП да Ви издадат потврда дека не должите ништо.
 

No comments:

Blog Archive

Site Meter