Search This Blog

Wednesday, November 25, 2009

ВАНКОВСКА сношти ја направи најголемата реклама за вредноста, тежината и можностите блогирањето ...



Сношти во дебатната емисија на А1 “Студио 2 во 20“ - Професор Ванковска ја направи најголемата промоција на блогирањето во Македонија. Имено за се` што водителот Биљана Секуловска ја запраша Ванковска се повика цитирајки го нејзиниот блог. Многу е важно за развојот на блогирањето во Македонија блогот да стане место каде ке се прочита личното мислење и ставот на јавните личности од македонскиот политички и јавен живот. За жал премалку јавни личности од политичкиот, јавниот и особено новинарскиот свет ја сваќаат можноста преку блогот да останат јавно напишани и на сите достапни нивните искажани мислења на одредени теми.      Повеќе ».....

Веројатно сите оние кои се плашат да си ја отворат душата и своите ставови да ги преточат на свои блогови се плашат дека утре некој лесно ке ги прочита нивните сменети ставови, кои најчесто зависат од тоа на кого моментално му ја продаваат душата и својата интелектуална свест. Тука секако мислам на актуелните политички естаблишменти, интелектуалната елита и новинарскиот свет.
Ванковска од секогаш не беше љубител на блогирањето. Таа остро го критикуваше не така одавна. ФОКУС и МК Блогосфера ... Во овој напис Ванковска ке напише:
  • ** Кога ќе погледнете пошироко по блогосферата, наоѓате лепеза од ликови ( со прекари) кои меѓусебе дебатираат на најразлични теми, но за да дојдете до брилијантните одблесоци и способноста на критичкиот ум, потребна ви е голема доза трпеливост да копате по калта на меѓусебните пцости, кочоперења, навреди, сленг – за евентуално да дојдете до поентата.
    ** Нашата македонска блогосфера е минијатурна, ...
    ** Запрепастува еден друг факт: како се има толку време за трошење енергија на непродуктивен начин?
    ** чудното бегство од стварноста, затворањето во еден виртуелен свет, кој дава бескрајни можности да се празните, да полемизирате, да се претставувате како некој ( подобар ) друг – а сето тоа да нема ама баш никаков ефект на средината во која живеете!
    ** Блогосферата може да биде вежбанка за демократски јавен и отворен дискурс, но ми се чини опасна ако стане цел за себе.
Низ тешки маки и искушенија помина блогирањето на Професор Ванковска. Истрпе толку многу лични навреди и глупости поврзани со нејзиниот живот, но истраја и покажа на јавните личности дека е жена со став и храброст да го каже своето мислење и воедно да ги истрпи сите навреди и плукања. Ја плукаат и левите и десните зависно со чива позиција моментално е поблиска.
Go to fullsize imageGo to fullsize imageGo to fullsize image

No comments:

Blog Archive

Site Meter