Search This Blog

Wednesday, November 11, 2009

Буџетот во 2010 ке продолжи да го јаде приватниот сектор и заштедите на граѓаните ...

http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/LizgalicaLarge.jpg?t=1247307245
е да, сликата на Славевски треба да се замени со слика на Ставревски ... пораката е дека кога ке падне буџетскиот авион на тенкиот мраз - сите ке се исподавиме во ладната вода ...

Ништо ново во буџетската 2010 година. Бужетот и во 2010 година е одново нереално висок. БДП-то и понатаму ке го ствараат вработени во државниот сектор (над 50 проценти). Од вкупно вработените над 35 проценти се во државниот сектор. Спасот повторно нема да биде во нултото ниво на странски инвестиции (кои повторно нема да дојдат, иако нели имаме “најдобра“ бизнис клима во ЕУ и бројни кампањи “дојдете да инвестирате во нашиот економски рај“ ...).         Повеќе ».....

Единствено што е реално е дека во 2010 година поради симнување на визниот режим ке се зголеми бројот на македонците кои сезонски ке се вработуваат во ЕУ државите и ке се враќаат парите да ги потрошат во Македонија, да платат сметките за струја вода, храна - тоа е единственото сидро на кое ке се котви зголемениот платнобилансен дефицит (1.6 милијарди долари)

Приватниот сектор и во 2010 година ке биде гушен од високите даноци и малиот пазар. Десната влада на Груевски спроведува типично социјалистички методи на подржавување на стопанските текови. Тоа го прави континуирано во неколку последни години ... привидно дава погодности во земјоделието преку зголемувањето на фондовите наменети за стимулација на земјоделското производство преку модели на регрес и бројните стимулации ... сето тоа паѓа во вода бидејки веднаш со истата мерка се обврзуваат земјоделците да се пишат како регистрирани земјоделци со високи давачки кон државните фондови за здравство, пензиско и незнам што ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter