Search This Blog

Monday, November 09, 2009

Паразитско однесување на државните институции во заштитата на културното наследство ...

http://volanskopje.blog.com.mk/system/files?file=%D0%90%D0%BA%D0%B2%D0%B0%D0%B4%D1%83%D0%BA%D1%82%20%D0%B1%D0%B0%D1%80%D0%B0%205%20%D0%B1%D0%B0%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%B0%20%D1%86%D0%B5%D0%BB%D0%BE%D1%81%D0%BD%D0%BE%20%D0%BE%D0%B4%20%D0%B4%D1%80%D1%83%D0%B3%D0%B0%D1%82%D0%B0%20%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B0%20%D1%81%D0%BE%20%D0%BF%D0%BE%D0%B3%D0%BB%D0%B5%D0%B4%20%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%B0%20%D1%81%D0%B5%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%B0.jpg
На сите усти се фалиме дека сме библиска земја со историја од предисторијата до денеска. Дека каде и да копнеме имаме историја и ретки раритетни артефакти. Градиме политики и стратегија за развој на специфичен вид на туризам, кој ке се ослонува на богатството на градбите од минатото, светите и старите места црквите, манастирите, џамиите, на бројните и богати со артефакти археолошки локалитети, на музеите ...          Повеќе ».....

Од друга страна заштитата на културното наследство е со движење на полжав.
  • Пред очите ни исчезнуваат ретки и непроценливи движни наоди - ни ги пустошат кратците на овие древности во форма на диви копања и најобичните крадци на икони и други старини од незаштитените цркви и манастири ...
  • Немаме точна евиденција што во минатото е одземено од државата (движни наоди) и се чува во соседните држави и по светските музеи и приватни збирки, а се представува како нивна култура и дребност ...
  • Се оскрнуваат културно историски споменици во Западна Македонија, Матејче на пример. Се срушија до темел неколку цркви во текот на фингираната војна во 2001-ва година. Не е пронајден а не се ни бараат извршителите на тие криминални дејствија ...
  • Ни се запали еден од најстарите манастирски комплекси, Св Јован Бигорски - кој се гасеше со антички противпожарни возила. Штетата е непроценлива. Кривци тешко дека ке се набројат.
  • Пред очите ни прокиснуваат кровни конструкции на ретки манастири во кои има непроценлива и светски позната фрескоживописна структура. За сето ова се прават само проекти и се конкурира кај светските донатори. За среќа светските донатори ја препознаваат нашата неспособност да ги заштитиме овие дребности и културно историски драгоцености и имаме добар одзив, тие непрестано донираат. Се одвајаат големи и помали грантови со кои се зачувуваат нашите културно историски споменици ... Земете го случајот на грантот на ЕУ 800 иљади евра за санација на Црквата Св. Ѓорѓи Старо Нагоричане. Грантот е одобрен веќе половина година. Парите се легнати во државата но ние сме уште во фаза како да ги потрошиме парите или би рекол надлежните уште не се договориле кој да ги троши парите. ...
  • Десетина години се бараше донатор да се спасат фреските во Света Богородица Перивлептос, за на крај тоа да го стори САД со грант од 600 иљсди долари ...
  • Скопскиот аквадукт е редок антички споменик кој со својата големина и сочуваност до денеска може да биде вистинска туристичка атраквија ... една скопска општина и едно јавно скопско претпријатие го имаат ставено на нивниот грб, но тој е оставен на забот на времето. Последната реконструкција и заштита е правена во 1965 година веднаш по катастровалниот земјотерес. Споменикот од прва категорија отогаш е оставен на забот на времето и заборавот. Го јаде и му ги поткопува темелите бара ... неколку столба само што не паднале. Градот Скопје веќе трипати двои пари за овој споменик со намера да го заштити и актуелизира. Општината Бутел е полна со планови за заштита и реанимација на локалитетот ... Наместо тоа имаме ситуација околу него да имаме депонија на смет ... пасиште на овци ...
Повод за сето ова е најавата дека Скопскиот аквадукт ке добие “Стратешки план за заштита и рехабилитација на археолошкиот локалитет и околината на римскиот аквадукт во Скопје“, ќе го промовираат градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, амбасадорот на Белгија Марк Микелсен, директорот на управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман и професорката Тереза Стенберген, од Католичкиот универзитет Лувен.
Пак паразитски чекаме пари од странски донатори ... нашиот буџет е за други пофини активности и намени ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter