Search This Blog

Monday, November 16, 2009

Време е за планот “Б“ - ако го има

Откако Македонија доби условна можност да ги започне преговорите со ЕУ, т.е да добие датум за преговори, во првите дваесетина дена од краткиот рок не се случи ништо што можеше да се крсти доближување на ставовите - напротив црвените линии двете страни ги подигнаа повисоко. Сега на сите ни е јасно дека договор нема да има.      Повеќе ».....

Време е нашите авторитети да ни го кажат планот “Б“, ако го има. Нема веројатно власта во најавените средби со народот да бара совет како да постапи во ситуацијава. Очекувам од власта да ни го соопшти планот „Б“, ако го има де. Од она што може да се наслути во медиумите, дека уште пожестоко ке се продолжи со таканаречечена антиквизација. Ваљда не е тоа планот “Б“. Или тоа е планот “А“ ама не сме знаеле до сега.


Деновиве сите побараа јавност и гласност од МК државни власти. Дали власта тоа ке го испорача брзо ке дознаеме. Уште денеска по официјалната средба на највисоко ниво меѓу Бугарија и Македонија ке ја дознаеме “профактурата“ од Бугарија, од која веројатно ке побараме и совет како да постапиме во ситуацијава.

No comments:

Blog Archive

Site Meter