Search This Blog

Tuesday, November 24, 2009

Кодошење - национален спорт ... во друштво на троица Македонци дваица се кодоши ...


Оние кои Брат Љубе го дигаа на пиедестал на борбата за националното, за макидонизмот, ... од времето кога се спротивстави на водството на ВмроДпмне, обелеоденувајки ја кандидатурата на Претседател на РМ и особено откога формира своја партија - истите тие од сношти маваат со дрвја и камења по Брат Љубе разочарани од сведоштвата на Бошковски пред хашкиот трибунал.         Повеќе ».....

Брат Љубе сега е најголемиот предавник во нивните очи. Самата појава на спотовите од сведочењето на Брат Љубе (каде експлицитно се спомнаа имиња на директни учестници во случајот) веројатно ке биде интерес и на Хашкиот трибунал кој вакви појави досега неколкупати има казнувано со остри казни. Прљавиот веш хашкиот трибунал си го крие за себе ...

Зошто баш сега се појавија овие спотови, веројатно поубоити ке беа во изборниот процес за претседател на РМ, кога еден дел од десницата се одцепи. Брат Љубе собра респектибилен број на гласови. Можеби десницата во најавената пресметка со левицата и нивните стари транзициони кадри (писмото на Груевски), најпрвин сака да зачисти во сопствениот двор. А можеби сака само тактички да сврти внимание од процесот за името ни кој е во критична фаза, каде се очекува потез на Груевски - чие тежиште од ООН се префрла во ЕУ.

Едно е сигурно во друштво на троица Македонци дваица се кодоши ... Лустрацијата уште не почната со полно темпо ке мора да се проширува до денешни дни ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter