Search This Blog

Tuesday, November 17, 2009

ПИСМО на Груевски - уште едно ...

http://media.a1.com.mk/media/golemi/soopstenie-vmro.jpg
Груевски докажа дека одвреме навреме преферира писмена комуникација со членството на ВмроДпмне, со одредени институции школството на пример, со меѓународни институции и личности, писмата до оделни меѓународни авторитети и личности ...

А1 ни ја открива содржината од последното писмо на Груевски до членството на ВмроДомне. Во него Груевски повикува на последна битка со транзиционите политичари : „Време е за последната битка со политичарите кои зад себе оставија пустош и беда и кои во нашата држава ја донесоа малодушноста, криминалот, лагата и искривените вредности. Време е да ги пресретнеме нивните обиди повторно да ги земат под заложништво македонските граѓани и нашата татковина“ ...

Некои од аналитичарите велат дека со маневра на нови избори по декемврискиот расплет - во пролет Груевски ке се обиде да се пресмета со Бранко Црвенковски и воедно ке побара нов мандат со нов предлог за решавање на спорот со Грција - но овојпат без референдум ... Опозицијата и многу од аналитичарите велат дека Груевски не преговара иако формално вели дека учествува во преговорите ... Груевски е втеран во ќоше да најде компромис (по историската шанса од позитивниот ЕУ извештај и визната либерализација) воедно да спроведе референдум кој треба да позитивистички да го брани ...

Некои од аналитичарите проценуваат дека сепак најверојатно за вкаво крупно прашање ке се створи некава нова влада (техничка или влада на голема коалиција - со учество на ВмроДпмне но без Груевски во таква влада ...). Игра која ја видовме во Хрватска со случајот на Санадер кој сега невестува дека сака да се врати повторно во политичкиот живот на Хрватска ...

На меѓународна сцена писмата на Груевски не донесоа резултати. Од кога му пиша на Баросо, Баросо веќе за Груевски е оф лајн ... не се сретна ни со Караманлис, ниту со Бан Ки Мун ... Очито е дека подобро му оди со писмата на внатрешен план до своите сопартијци - ВмроДпмне има стабилна власт на сите нивоа во Република Македонија ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter