Search This Blog

Friday, November 13, 2009

Демонстрирање на сила и страв - војна со својот народ, зошто нема меил апликација за промена на лична карта ??!.

http://www.mvr.gov.mk/images/Image/plakatWebLK___.jpg
Државата секојдневно демонстрира сила и сее страв меѓу своите жители. Спроведува ред и поредок со примена на сила. Секој нов закон е со некава екстремна казна од која ти се крева косата на главата. Народот е во чудо и незнае како да се однесува. Не ти се излегува ни на улица ... Испаѓа дека државата е во војна со својот народ. Своите обврски аминистрацијата ги крие преку дискретни права на администрацијата и потребата од тајност ...  Повеќе ».....

Пред три години државата донесе закон за промена на личните карти со нови образци. Во рок од три години сите ние треба да ги измениме старите лични карти, во спротивно ни се заканува казна од 20 до 80 евра. Народот како народ секојпат чека некој ден покасно да си ја заврши обврската и на сите сега ни е јасно дека огромен број на Македонци нема да ја исполнат обврската на време - нема да можат и да сакаат навреме да ги променат личните карти. Државата брза да ги собере парите од народот дадени за новата опрема.

Мене друго ми е прашањето, зошто мораше вака да биде - во рок од три години да се заменат сите лични карти и тоа да биде обврска за сите без разлика што имаш стар документ издаден од истата држава кој има важност. Значи со еден закон земаш право пто си го дал со друг закон. Колку е ова правно издржано ...
Накнадно го проверував сајтот на МВР за да видам дали има можност за меил апликација и да видам кои документи ти требаат да ги носисиш со себе за да извадиш нова лична карта, колку видов нема ??!  Зошто ... очито некој тоа го пропуштил како можност.

Еве образец за барање за лична карта ама нема можност да го пратите на меил ??!.  Нели сме земја на информатичари со пристап на интернет над 50 проценти.
  
Еве ја и уплатницата. Чуди тоа што тука има износ од 190 денари иако сите медиуми велат дека треба 200 денари уплата ??!.

2 comments:

Anonymous said...

Во право сте дека некои граѓани чекаат последен момент. Но јас бев еден од оние граѓани кои неколку месеци после донесувањето на новиот Закон, аплицирав за промена на лична карта. Законот е донесен во февруари 007 а јас ја променив личната карта во август 2007. Но од МВР ми издадоа лична карта со стар изглед. Се поставува прашањето, зошто сега повторно морам да вадам нова л.к. затоа што МВР во целата 007 не било спремно да издава нови лични карти? Дали сега јас како совесен граѓанин треба да бидам казнет зошто нивните служби не биле спремни веднаш да го спроведуваат Законот?

Anonymous said...

Сте ја заборавиле и провизијата за банката. Тутунска зема 20 денари провизија.Другите банки незнам колкава провизија имаат.

Blog Archive

Site Meter