Search This Blog

Thursday, November 26, 2009

Држава по мерка на богатите и моќните ... транзицијата продолжува

Економијата ни е на колена, буџетот ни е главен двигател на стварањето на БДП. Трансформацијата отиде во правец на затварање на големите и моќни компании кои вработуваа ... Скоро сите компании и претпријатија кои беа со над неколку иљади вработени преку стечај отидоа во минатото. Новиот капитал однос влезе на отворените врати и расчистениот простор. Правата на сопствениците се зголемуваат правата на работниците се намалуваат тоа се два процеса кои ги карактеризираат сиве овие 20 години транзиција.          Повеќе ».....


Работниците не се побунија, бидејки со нив итро се играше. Се затвараа работните места дел по дел, во прво време имаше социјални пакети за по одредено време тие да се заборават. Стечајци станаа голема бројка на популацијата. Социјалната правда олицетворена во Министерството за труд и социјала служи повеќе да им даде плата на оние кои работат во Министерството за труд и социјала одколку да им помогне на социјалците и стечајците. Вработувањето стана се поголем и неразрешлив проблем, се искачи на ниво од 35 проценти од популацијата. Вработување има само преку партијата на власт во државните претпријатија или подржавените бизниси.

Единствени сигурни профитери во сето ова станаа банките, бидејки тие се најзаштитени во нашиот економскиот систем. Нормално кога голем дел од парите што се вртат во нив се кредитни линии од странство или припаѓаат на новопечените транзициони олигарси. Од невработените и од социјалците се створи голема група на граѓани кои немајки приходи почнаа да крадат на ситно и на покрупно. Комуналиите не се плаќаат, струја, вода, парно, телефон ... Луѓето се враќаат еден век наназат со квалитетот на животот. Бркање по контејнери стана редовна појава. Нивото на просење е се поголемо. Проституцијата и ситниот криминал е во процвет ... Крупните криминалци се заштитени, тие си направија своја држава, држава по нивна мерка.

Диктатот на пресликување на законите кои одговараат на капиталот е секојдневен. Казните станаа одавна со европско ниво а платите се десетици пати помали од оние просечните европски. Цените на храната и комуналните услуги се доближуваат до европскиот просек. Ке рече некој па така нека им е, кога не се бунат ... Оние кои требаше да бидат организатори на бунењето на народот синдикатот и левите партии не си ја вршат работата. Синдикатот никојпат не си ја ни вршел работата. Левите партии се посебна приказна - тие беа главните промотори на транзицијата каде богатството од народот помина во рацете на олигарсите.

Државата деновиве пресликува закон со кој граѓанинот кој е должен и не може да си ги плати долгот оди во стечај, а од стечајната маса банките и побарувачите си го наплатуваат долгот. Должникот по било кој основ останува само со прстот во уста, се останато му се одзема. Улицата станува негов дом. Агресивноста на луѓето затечени во вакви ситуации се свтува во различни правци, во правец на малтретирање на својата фамилија или во правец на посегнување на најскапото - на животот, сеедно дали својот или на најблиските ... Прашање на време е кога и кај нас луѓето ке почнат да убиваат се што ке видат пред себе, бидејки тие луѓе во моменти на пореметен ум мислат дека сите им се криви.

Се заоштруваат релациите на граѓанинот контра граѓанинот а особено на граѓанинот контра банките и граѓанинот контра државата. Може ли сево ова да преживее во наша Македонија. Може во нашата држава живеет Мирче, Трпче и Трајче ... Немањето можност да најдеш работа од која ке живееш се повеќе ги загрозува нашите животи во вистинска смисла на зборот. Веројатноста дека повторно ке земаме кредит за да изградиме нови затвори станува се поголема.

No comments:

Blog Archive

Site Meter