Претседателот Иванов најпрвин се изнасмеја за “Друже Претседателе“ и одговарајки на прашањето на пензионерката рече: (парафразирам ) “Денеска времињата се сменија, државата веќе не наоѓа работа - секој треба да си ја најде работата САМ ...“... потоа продолжи да вергла приказна која му е омилена за тоа како и тој сам се пробивал во животот и никој не му помогнал да најде работа ... како вредно учел, магистрирал и докторирал ... станал професор и на предлог на своите студенти еве сега работи како Претседател на Македонија ...
Со ова Претседателот Иванов кривицата за над 35 процентната невработеност во Македонија (најголема стапка на невработени во ЕУ), ја префали кај самите невработени - тие само чекале работа накој да им ја најде и даде а не се труделе сами да си ја најдат ... Каде живее Претседателот Иванов? Знам од прва ке кажете - на Водно а таму околу него комшиите не му се невработени и затоа не ги гледа ...
Е да, Претседателот на пензионерите (кои живеат во дом кој лежи во срцето на археолошјиот локалитет Скупи ... бараките се изградени по земјотресот и се стари колку и студенските бараки во Студентскиот дом Стив Наумов во Автокоманда ...) им подари телевизор - за да го гледаат кога држи говори, дели совети и кажува бисери ...
Колку за подсетување со ваква изјава прв се прослави Претседателот Глигоров ... Колку бргу по изборите луѓето забораваат што ветрувале во изборната кампања.
1. Пензионерски Дом Мајка Тереза
2. Делови од огромна Базилика на Археолошкиот локалитет Скупи, лево бараките се од Пензионесрскиот Дом Мајка Тереза
3. Барака од Пензионерскиот Дом Мајка Тереза, стојам на работ на Базиликата од шредходната слика и гледам према главнината на Археолошкиот локалитет Скупи ...
4.
No comments:
Post a Comment