Search This Blog

Friday, November 27, 2009

Државна лотарија за вадење на ЛК ... Бизнис план за актуелен мал бизнис ... закажување термин за Лична Карта, Пасош и Возачка

http://www.mvr.gov.mk/images/Image/plakatWebLK___.jpg
Едно време беше актуелно чекање во ред пред грчка амбасада за вадење на визи. Досетливи граѓани стоеа за паричен надоместок во редот за друг граѓанин. Но грците го секнаа овој бизнис, сега термин за виза се закажува со меил апликација.           Повеќе ».....


Во екот на големата нервоза со закажување на термин за нови лични карти и биометриски пасоши - се раѓа идеја за нов бизнис. Вртиш на телефон во име на друг граѓанин за да закажеш термин. Ефтино само сто денари за едно закажување. Ефтино но ако имаш кабли во кол центарот може и стотина закажувања дневно да се направат. Ако се има предвид дека скоро истекнува рокот и за промена на Возачките дозволи - бизнисот има и подолгорочна перспектива.

За успешен бизнис е потребно минимум инвестиција во еден телефон и телефонска линија - но секако треба да имаш и КАБЛИ. Да подсетам Кол цетарот е приватна фирма која е избрана на тендер, пошто Министерството оценило дека не треба да се замара со вакви ситни работи ... Дали овој вид на бизнис е пречка да со меил да се закаже термин за апликација ?!.

Вчера имаше пратенички прашања. Никој не ја праша Министерката за внатрешни работи зошто не е овозможена меил апликација ??. Пратениците очито не читаат блогови. Но и новинартите изгледа не ги читаат - бидејки ваков предлог нема ни на страниците на печатените и електронските медиуми, оние моќните кои зависат од парите за наплатена реклама од владини т.е. наши буџетски пари. Очите и оние од Владата на Груевски кои се задолжени за преземање на идеи од граѓаните не читаат блогови. Ке мора следниот пат на ред да чекам кај владата за да ја предложам оваа идеја, кога ке дојде месечниот темин за идеи од граѓаните ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter