Search This Blog

Sunday, February 28, 2010

Брат брата не рани тешко кој го нема



Брат/сестра брата/сестра не рани – тешко кој го/ја нема

Thursday, February 25, 2010

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ, МАРИЈА ДИМИТРИЈЕВИЌ 1934 – 2010

http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/-Small.jpg?t=1267127134
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
МАРИЈА
ДИМИТРИЈЕВИЌ

1934 – 2010
Нане, засекогаш ке останеш во нашите срца и мисли.
Погребот ке биде на 27.02.2010 год. (сабота)
во капелата во 11 часот
а на гробиштата во Бутел во 12 часот.
Од децата Благица, Александар,
Снежана и Зоран со семејствата.

Monday, February 22, 2010

По долго и тешко боледување сношти почина мајками Марија

По долго и тешко боледување на 76 годишна возраст сношти почина мајками Марија. Роди четири деца, сите ги одшколува, се радуваше на сите десет внуци. Имаше среќни но и тажни (трагични) моменти во нејзиниот живот. Боледуваше од тешка болест во последните шест години. На крај иако беше голем борец и го сакаше животот, сношти нејзиното срце престана да чука. Ги пробавме сите методи на лечење на болеста, за на крај само една недела да биде сместена во Палијативениот Центар “Сју Рајдер“ во Ѓорче. Вечно сум им благодеран на медицинското особје, лекарите и особено на медицинските сетри од Сју Рајдер кои беа последните ангели чувари во животот на мојата мајка.

ПАЛИЈАТИВНА НЕГА

Човек има особена потреба на почетокот и на крајот на својот живот. Постот ке се занимава со потребата од организирана помош на крајот на животот, особено на лица кои се заболени со дијагнози од тешки болести (карциноми, леукемии и сл.), каде медицината утврдила дека остануваат денови или месеци од остатокот на животот. Тогаш е потребна помош како на лицето кое има таква дијагноза, за да му се олеснат болките, така и на фамилијата која треба да се спреми за судниот момент и достоинствено да го испрати од овоземниот живот својот член на фамилијата.              Повеќе ».....

Saturday, February 20, 2010

Колку пензионерски домови и детски градинки се изградија во транзицијава

http://4.bp.blogspot.com/_Ptx9S7frrLI/Swbq9fnS-YI/AAAAAAAABEU/eKdyhVprPh8/s400/9+%D0%A1%D0%BA%D1%83%D0%BF%D0%B8-2.%D1%86+%28Large%29.jpg
Неможам да тврдам со бројки бидејки немам време да истражувам по институциите, колку пензионерски домови и детски градинки се изградија во транзицијава. Ке се послужам со бројки кои ке ги најдам во разни написи достапни на интернет. Добро е истражувачкото новинарство да ја преземе темата. Пензионерите се најревносни гласачи (нашата жива историја) а децата се најголемото богатство.            Повеќе ».....

Wednesday, February 17, 2010

Зошто се празни кафеаните ?

Занимација за народот е дека кафеаните се празни поради забраната за пушење. А што треба да се очекува по празнењето на фабриките од работниците, по тенчењето и смрзнувањето на домашните буџети, по зголемување на цените за енергенсите ??

Нормално е дека ке се штеди на луксузот, во кој секако спаѓа и посетата на кафеаните. Без леб на празен стомак не се оди на кафе муабет.

„Само вселената и глупоста немаат граници“ – Ајнштајн

http://4.bp.blogspot.com/_Ptx9S7frrLI/S2_SemBISBI/AAAAAAAABJk/wK0TSwq34DU/s400/%D0%90%D0%9C+%28Small%29.jpg
„Само вселената и глупоста немаат граници“ – Ајнштајн. Може ли оваа аксиома да го објасни нашето сегашно „лудило“ и потрага на нови идентитети – бегајки од паланката Скопје, кон бароконото Среќно ново 2014 Скопје, бегајки од словенскиот идентитет, кој е омаловажуван со цевчињата по Дунав, за да заплаиваме во античко Скопје на славниот Александар Македонски кој никојпат не престојувал во Скопје.           Повеќе ».....

Sunday, February 14, 2010

Прочка (прости ми, нека ти е просто) … Поклади

Сликата “http://www.bbc.co.uk/worldservice/images/2007/02/20070219082501karnival_prilep203_2.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.http://prilep.blog.com.mk/system/files?file=procka.JPG
Прочка е еден од најславените празници поврзани со традиционални обичаи и многу карневали во Македонија и во пошироките балкански простори … Овој ден се искористува за посета на постарите од фамилијата за традиционално да им се побара прочка … се едно дали некј им згрешил или не … Обично се меси убава пита под вршник … онаа тенката па згужвана …. мммммммм … бабами ја викаше баница … и прекрасно ја правеше … на крај се амкаат јајца … демек оној кј ке го фати јајцето – само со помош на уста ке биде сречен и ке го служи здравјето … сето ова е пропратено со смеја и радост кај постарите …             Повеќе ».....

Saturday, February 13, 2010

Ем Кадија, ем Судија …

Дека нема потреба да се вратиме во времето за да ја раскажеме старата приказна за “Кадија те тужи, Кадија те суди“ – доволно е да видиме каква е суската практика во Макеодина т.е. кој ги бира судиите и има ли независност во нивното работење. На кого му даваат отчет суиите. Се разбира на оној кој ги плаќа т.е. поставува и истовремно им ја контролира работата.           Повеќе ».....

Се вози ли во Старата Скопска Чаршија ?! – тажна дневна фото приказна

http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/5-7Small-1.jpg?t=1266091000
1. Се вози ли во Старата Скопска Чаршија ?! – тажна дневна фото приказна       Повеќе ».....

Кои се денешните градители ... Родени и остарени во транзиција.

Во некое идно време кога на власт ке дојде некоја нова власт веројатно ке ни отвори транспарентно кои се сегашните транцициони градители, сејачи на транзициона магла. Кои се компаниите (човек фирмите) кои ги добиваат тендерите за градба, кои се компаниите кои ги добиваат тендерите за работа со Владата (најголемиот инвеститор во транзициона Македонија). Усполви за корупција и непотизам колку сакаш.          Повеќе ».....

Friday, February 12, 2010

Боцевски опозиционер ?!

http://img225.imageshack.us/img225/9052/skopjetajms5gs.jpg
Боцевски наш поранешен колега блогерThe Skopje Times-скопски времиња“, кој го напушти блогирањето (го замрзна на 13 Март 2007) откога стана Владин Порпарол во Владата на Груевски, покасно да стане Подпредседател во наредната Влада на Груевски, задлжен за секторот на евроинтеграции. Тој мистериозно без големо образложение ја напушти владата на Груевски поднесувајки оставка – поради како што тогаш рече неслагање со концептот на силината на ЕУ интегративните процеси (прочитано меѓу редови од оставката).                 Повеќе ».....

Се напушта ли концептот на рамно оданочување ?

http://www.dnevnik.com.mk/WBStorage/Articles/113A64951E2BB34891325CA8B438C1CB.jpg
На дневен ред на Владата на РМ во завршна фаза е изработка на нов правилник за плаќање на акциза за увоз на возила. Се напушта концептот на одредување на акцизата спрема кубикажата на возилата – се одбира моделот кој го има и во други земји, наплаќање на акциза спрема вредноста на увезеното возило.               Повеќе ».....

Thursday, February 11, 2010

Триумфирање на власта … Чуму дебата за нешто што е веќе започнато со реализација

http://1.bp.blogspot.com/_Ptx9S7frrLI/S2_SsGAHjJI/AAAAAAAABJs/_4FyU8eKY48/s400/%D0%A2%D1%80%D0%B8%D1%83%D0%BC%D1%84%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%B0+%28Small%29.jpg
Скопје 2014 пробуди дебата насекаде. До еден процент секоја година (до 2014) Македонецот ке одвојува од годишниот буџет за да се изгради нечив сон кој не е ни досонуван. Власта се однесува како сите животни кои ке завладаеат со некоја територија – замочуваат на секој ќош за да останатите знаат дека тука владее тој што замочува. Така и нашава власт замочува на секој агол се и сешто во стилот овде споменик, таму музеј, овде лад …        Повеќе ».....

Tuesday, February 09, 2010

Зошто блогирам - кои се целите на моето блогирање (одговор на Зидарски)

http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/2c0f391d.jpg
Во предходниот пост и во некои други постови Зидарски аргументирано ме уверува дека моите ставови за социолно-политичките процеси во Македонија треба да ги усмерам во некоја политичка партија (да организирам референдуми) за да преку учество во власта допринесам за смена на социјано политичкиот живот во Македонија. Неколку пати до сега јавно укажувам кои се целите на моето блогирање, ке ги повторам и на овој пост:
Целта на моето блогирање е повеќеслојана.               Повеќе ».....

Monday, February 08, 2010

За вкусевите/невкусовите не се дискутира, но ... соновите на Груевски коштаат бајаги

Распеан Александар ... дигнат на висок пиедестал околу кого во ритам на разни мелодии ке блика водата од водоскокот, сето чувано од лавоите и гордите МК воини одсликани во битки кои биле освојувачки и поробувачки

За вкусевите/невкусовите не се дискутира, но кога нечив вкус/невкус е на терет и на мојот/нашиот џеб, за таквиот вкус/невкус и те како се дискутира. Трошењето на еден процент од буџетот на државата и тоа перманентно во наредни неколку години, не е ни дефинирано колку - е проблематично особено за нашите „гладни“ стомаци.                Повеќе ».....

Friday, February 05, 2010

Како мали Ѓокица го замислува центарот на Скопје

Горното видео не е виц за Како Мали Ѓококица го замислува центарот на Скопје, ама може и да биде. Стилот е во стил све ми боје лепо стоје.             Повеќе ».....

Thursday, February 04, 2010

Дали државните службеници може да имаат политички став

Бидејки се платени од сиот народ на една држава, од сите даночни обврзници, државни службеници кои примаат плата работејки во државниот апарат несмејат да имаат политички ставови додека се на работното место кое е платено од сите даночни обврзници.            Повеќе ».....

Wednesday, February 03, 2010

„Лустрацијата“ на новинарите продолжува – „непријатели на државата“

http://www.vecer.com.mk/WBStorage/Articles/8320738573B6974188542E1797BD32C4.jpg http://www.facebook.com/profile/pic.php?oid=AAAAAQAQ6AKC8aO2sAYF0pUcrSLb8gAAAAnkRik-x0T82SQeiPqfw-QS&size=normal
„Лустрацијата“ на новинарите продолжува – овојпат на мета се троица новинари: Бранко Ѓорѓевски и Светлана Јовановска од „Дневник“ и Слободанка Јовановска од „Утрински весник“. „Лустратор“ овојпат према пишувањето на посочените новинари е Златко Јанковски, портпарол на Секретаријатот за европски прашања – кој својата оценка дека овие троица новинари се: „непријатели на државата откако го прочитал текстот посветен на реакциите на законот за антидискриминација, објавен на интернет-порталот „ЕУ Обзервер“ (EUobserver) на медиумската групација ВАЦ, …            Повеќе ».....

Tuesday, February 02, 2010

Уште еден тотално противуставен и противсистемски закон

Владата зготви предлог на закон кој опозицијата условно го подржа за плаќање на огромните долгови на јавните претпријатија на десетгодишни бескаматни рати сосе грејс период од неколку години. Наместо да се отпуштат неспособните менаџери и доведат нови со програми за вадење на јавните претпријатија од калта, се прави ваков закон каде приватниот сектор се дискриминира илимити се доведува во нерамноправна положба.            Повеќе ».....

Секој ден умирам по малку

Не, не е ниту сказна, ниту ветувачка поезија иако насловот ветува такво нешто. Ова е потресна социјална приказна на Панда Ѓорѓиева која во Неготино живее во лифт. Животот го напишал овој тажен роман. Да е само овој случај, кај е социјалната држава и социјалната правда?!

Monday, February 01, 2010

Црвенковски прави јалова коалиција … Ало Црвенковски Абдицирај ти сосе ветераните кои си ги избрал за коалиција

http://www.bbc.co.uk/worldservice/images/2010/02/20100201175034macedonia_opposition.jpg http://media.a1.com.mk/media/vesti200/branko-crvenkovski-sdsm-pak.jpg
Црвенковски кој неколку пати ја имаше сета власт во Македонија и ништо не направи – прави јалова коалиција со:            Повеќе ».....

Интернет представување на МК инстутуции

И минатата Влада и особено оваа Влада многу напор и пари посветија на компјутеризацијата и присатноста на интернетот. Но и покрај тоа владините институции и локалните самоуправи премалку се присатни со свои содржини на интернет. Повеќе пати пишував дека Македонската Академија на науки скоро да нема интернет представување. Институциите од областа на културата каскаат и недоволно добро се представени со интернет содржини особено ги нема на англиски јазик и особено не се освежуваат, надоплнуваат.
Недопустиво е Влада што сака да направи од Македонија земја на информатичари и земја кад интернетот надпросечно се користи не наоѓа начин како МК институции да имаат квалитетни интернет страници кои редовно ке се надополнуваат и ке бидат алатка за граѓаните кои имаат потреба од тие институции.
Со темава се бави денешен Дневник во написот: Институциите изгубени во интернет-просторот           Повеќе ».....

Blog Archive

Site Meter