Search This Blog

Saturday, February 20, 2010

Колку пензионерски домови и детски градинки се изградија во транзицијава

https://blogger.googleusercontent.com/img/b/R29vZ2xl/AVvXsEhnOrIAJh0RR1OzXOR3dgWeI0WpGUktw3QgEFdIsH04drbnK7jMbpBAbH1ewZ80xVXJcERcsuiPTJcyrBEe15BQpyGQd-5e-sbXOcXwfkxoWb2hdien60St4BDAG9mBa5zVBTpyDg/s400/9+%D0%A1%D0%BA%D1%83%D0%BF%D0%B8-2.%D1%86+%28Large%29.jpg
Неможам да тврдам со бројки бидејки немам време да истражувам по институциите, колку пензионерски домови и детски градинки се изградија во транзицијава. Ке се послужам со бројки кои ке ги најдам во разни написи достапни на интернет. Добро е истражувачкото новинарство да ја преземе темата. Пензионерите се најревносни гласачи (нашата жива историја) а децата се најголемото богатство.            Повеќе ».....

Во постот повеќе ке се задржам на пензионерските домови и грижата за пензионерите. Во Македонија има 273.281 пензионери. Од оваа бројка само 0,1 % се згрижени во пензионерски домови, што е под сите светски стандарди. Државни пензионерски домови во цела Македонија има само 13 (и бројкава е баксузна), од тоа во Скопје по еден има во Аеродром, Ѓорче Петров, Автокоманда, Кисела вода. Во останатите градови од Македонија по еден има во Прилеп, Гевгелија, Виница, Пробиштип, Делчево, Кочани, Крива Паланка, Битола, Свети Николе и два дома во Гостивар. Постојат и неколку приватни пензионерски домови домови од кои повеќето се во Скопје.

Табела 1: Број на корисници на пензија јануари-октомври 2009 година
Ред.бр
Месеци
Старосни пензии
Инвалидски пензии
Семејни пензии
Вкупно
1
Јануари
149.563
48.502
75.156
273.221
2
Февруари
149.385
48.450
75.251
273.086
3
Март
149.343
48.432
75.340
273.115
4
Април
149.253
48.330
75.509
273.092
5
Мај
148.925
48.110
75.295
272.330
6
Јуни
149.137
48.136
75.444
272.717
7
Јули
149.287
48.159
75.632
273.078
8
Август
149.293
48.129
75.724
273.146
9
Септември
149.437
48.080
75.258
272.775
10
Октомври
149.787
48.038
75.097
272.922
Грижата за старите лица се води преку Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија, но и преку пензионерските здружувања. Постојат дневни центри каде пензионерите доаѓаат заради социјални потреби од тип на дружење и заради добивање на бесплатни оброци, имаме пензионерски домови каде постои целосен престој за пензионерите со организирана исхрана и на крај доаѓаат палијативните центри за пензионери кои се во болни фази. Постојат и два специјална центра за грижа на болни од посебно тешки дијагнози (претежно од канцерогени заболувања) Сју Рајдер по еден во Скопје и Битола. Во Македонија има има огромна заинтересираност за добивање место во старечките домови. Се прават листи на чекање за влез во некои од пензионерските домови. Периодот за чекање е поприлично долг и по неколку години.

Нови домови во транзициониот период не се изградени. Се крпи и се поправа стариот социјалистички капацитет во пензионерските домови. Кога се бара власта на избори едно од главните ветувања е и градење на нови домови и подобрување на состојбата со старите домови. Ветувањата во транзиционијата никој не ги исполни, нема нови пензионерски домови, многу малку се троши на крпењето на веќе постојните во трулиот социјализам изградени пензионерски домови. Одвреме навреме некој од политичарите (претседателот, премиерот...) прават симболички посети на пензионерските домови со цел да си го подигнат рејтингот, водат бројни новинари кои имаат задача да го одсликаат моментот на „загриженост“ на актуелниот политички врв. Краен дострел е подарок во форма на телевизор, веројатно за да можат да ги следат рекламните кампањи на власта и нивната посветена работа.
ИНФОРМАЦИЈА
ЗА СОСТОЈБАТА СО НАПЛАТАТА НА ЗАКУПНИНАТА ОД ИЗДАДЕНИОТ СТАНБЕН ПРОСТОР ВО ДОМОВИТЕ ЗА ЖИВЕЕЊЕ НА КОРИСНИЦИТЕ НА ПЕНЗИЈА, ВО ПРВАТА ПОЛОВИНА ОД 2009 ГОДИНА

1 comment:

Unknown said...

Сакам само да ве предупредам за Жана Дом за стари лица, ако сакате вашиот родител да живее не го носете тамо, а зашто???Мајка ми беше однесена за 18 дена во летниот период, добила излив и ја чувале така без да викнат брза помош.Ко прво немаат лекар, него го викаат на повик и тоа се плака, а она пари недава за лекар.Така да ова ви е мој совет!!!!

Blog Archive

Site Meter