
Од него нема ниту една паричка на археолошките локалитети во Скопје и околината, но Скопје ке биде „закитено“ со најголемиот негов светски споменик, во најстрогиот центар на плоштадот, качен на коњ со бликање на вода која ке се таласа со пригодна музика и светлост, ке светка во ритамот на музиката на барокот ?! Чудо невидено, кое ке дојдат да го сликаат толку многу луѓе што Скопје и скопјани од тоа ке ќарат. Ич да не ги споменувам другите коњаници фигури и фигурини покрај кои ке се сликаат идните туристи.
Дали проектот за барокно Скопје 2014 е давање на „игри и театар за граѓаните“, за да може на мира да се арчи буџетот во тендерите кои ги водат највлијателните/најдоверливите луѓе на власта.
Дали познатата изрека на Марија Антоанета: „Дајте му на народот колачи – ако нема што да јаде“, може да се преточи во сегашната идеја на преродбениците: „Дајте му на народот иденититет, споменици и историја – кога веќе не можеме да му дадеме работа и езистенција“.
Графитот „Среќна нова 2014“ е се` поприсутен меѓу скопјаните и Македонците. Сево ова води кон уште една поделба на македонското ткиво.
- Триумфирање на власта … Чуму дебата за нешто што е веќе започнато со реализација
- За вкусевите/невкусовите не се дискутира, но … соновите на Груевски коштаат бајаги
- Како мали Ѓокица го замислува центарот на Скопје
- Уште една „фабрика“ во Центар
- Ѕидот на кичот
- „Малиот ринг“ како политичка арена …
- Барокот воскресна, МНР се роди
- Скопје 2014
- Национална свест и споменици
- Црква и Џамија на плоштадот во Скопје
No comments:
Post a Comment