Search This Blog

Sunday, February 14, 2010

Прочка (прости ми, нека ти е просто) … Поклади

Сликата “http://www.bbc.co.uk/worldservice/images/2007/02/20070219082501karnival_prilep203_2.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.http://prilep.blog.com.mk/system/files?file=procka.JPG
Прочка е еден од најславените празници поврзани со традиционални обичаи и многу карневали во Македонија и во пошироките балкански простори … Овој ден се искористува за посета на постарите од фамилијата за традиционално да им се побара прочка … се едно дали некј им згрешил или не … Обично се меси убава пита под вршник … онаа тенката па згужвана …. мммммммм … бабами ја викаше баница … и прекрасно ја правеше … на крај се амкаат јајца … демек оној кј ке го фати јајцето – само со помош на уста ке биде сречен и ке го служи здравјето … сето ова е пропратено со смеја и радост кај постарите …             Повеќе ».....

http://images15.snimka.bg/002534941.jpg
Поклади представува започнување на постот
Развигор – ни дава линк кон едно истражување Простувањето како терапија против стрес? … како и да е на овој ден кој е исполнет со фамилијарна дружба и смеа сигурно дома се оди со доза на исполнетост и среќа …
Прилеп деновиве традиционално организира карневал … Мечкари … а во Струмица се денови на детски маскембал … Според стариот обичај маскирањето е симболот на овој ден. Се верува дека преку маскирањето ќе се простат гревовите и ќе се истераат злите духови и злото.
Со овој пост еве вака по електронски пат барам прочка од сите на кои сум им згрешил во текот на минатата година … а просто нека им е на сите кои мене ми згрешиле …

No comments:

Blog Archive

Site Meter