Search This Blog

Monday, February 22, 2010

ПАЛИЈАТИВНА НЕГА

Човек има особена потреба на почетокот и на крајот на својот живот. Постот ке се занимава со потребата од организирана помош на крајот на животот, особено на лица кои се заболени со дијагнози од тешки болести (карциноми, леукемии и сл.), каде медицината утврдила дека остануваат денови или месеци од остатокот на животот. Тогаш е потребна помош како на лицето кое има таква дијагноза, за да му се олеснат болките, така и на фамилијата која треба да се спреми за судниот момент и достоинствено да го испрати од овоземниот живот својот член на фамилијата.              Повеќе ».....

Со ваква доктрина во медицинската професија се зборува за таканаречената Палијативна нега. Во нашиот здравствен систем под Палијативна нега се подразбира:
Палијативната нега во која клиничката намера или целта на лекувањето првенствено е насочена кон квалитетот на живот на пациентот со активна и напредувачка болест со мали или никакви шанси за излекување. Најчесто се докажува со интердисциплинарна оценка и/или управување со физичките, психолошките, емоционалните и духовните потреби на пациентот; како и служба за давање поддршка на болниот/ата и семејството. Вклучува и нега која се нуди во:
  • Одделение за палијативна нега или
  • Програма за палијативна нега или
  • Според упатства за лекување на лекарот –специјалист за палијативна нега или според мислењето на лекарот кој е задолжен за лекување на болеста кога основното клиничко лекување се фокусира на палијатација.  (National Health Data Committee (2003), National Health Data Dictionary, Version 12, AIHW)

No comments:

Blog Archive

Site Meter