Search This Blog

Monday, February 01, 2010

Интернет представување на МК инстутуции

И минатата Влада и особено оваа Влада многу напор и пари посветија на компјутеризацијата и присатноста на интернетот. Но и покрај тоа владините институции и локалните самоуправи премалку се присатни со свои содржини на интернет. Повеќе пати пишував дека Македонската Академија на науки скоро да нема интернет представување. Институциите од областа на културата каскаат и недоволно добро се представени со интернет содржини особено ги нема на англиски јазик и особено не се освежуваат, надоплнуваат.
Недопустиво е Влада што сака да направи од Македонија земја на информатичари и земја кад интернетот надпросечно се користи не наоѓа начин како МК институции да имаат квалитетни интернет страници кои редовно ке се надополнуваат и ке бидат алатка за граѓаните кои имаат потреба од тие институции.
Со темава се бави денешен Дневник во написот: Институциите изгубени во интернет-просторот           Повеќе ».....


  • Со интернет-страници може да се пофалат само 18 национални институции од вкупно 57
  • Најевтиниот пакет за изработка на интернет-страница чини околу 150 евра, со тоа што самите корисници може да внесуваат податоци на страниците.
Проблемот по мене не е во парите потребни за отварање и држување наинтернет содржини кои се сразмерно мали, во некои случаи се и бесплатни, туку е во капацитетот на институциите да се представат со квалитетна и издржана содржина. Веројатно така ке се види сета некомпетентност и незнаење на луѓето кои работат во тие институции.

No comments:

Blog Archive

Site Meter