Македонија има национална Библиотека “НУБ“ - Скопје, пред извесно време се отвори нова зграда за потребите на дигитализацијата на старите архиви ... купени се комплетни 80-тина терминали за корисници ... скенери за дигитализирање ...
Има една голема фалинка истата библиотека нема САЈТ ... има еден домејн кој никој веќе не го користи и полни (www.nubsk.edu.mk) ... Едно време функционираше www.cobiss.net програма која е застарена, сега гледам ни таа не функционира ... Ваков нефункционален сајт има и МАНУ ...
Се надевам дека набрзо по набавката на многуте современи скенери осем старите ракописи на некого ке му текне да ја подигне на нет периодиката која е издадена/издавана во Македонија меѓу двете светски војни. Веројатно ке дојде ред и на подигањето на нет на „Нова Македонија“ - најстариот македонски весник кој е издаван во Македонија. Единствена пречка во приоритетот е дека во своите пишувања Нова Македонија никојпат не го обработувала античкиот период - тоа е веројатно минус за влда која ги бара античките корења ... Пречка е веројатно што Нова Македонија го обработува таканаречениот „комунистички“ период во Македонија ... Од тој период сите споменици во Македонија се обезглавени или препуштени на забот на времето. Периодот во кој ова парче на Македонија ја избори и оствари самостојноста е под мраз на сегашната политичка гарнитура ...
No comments:
Post a Comment