Голем пад на посетеност на МК блоговите - извор blog.digimak.net ...
Следејки ја неколку години посетеноста на МК блогосфера можам да кажам дека има неколку процеса/тенденции:
- сезонски, зиме има поголема посетеност во однос на лето
- посетеносто особено паѓа кога средношколците и високото образование е на летен распуст
- посетеноста драстично паѓа во периодот на викендот и државните празници
- последната тенденција е дека во однос на другите години во последните неколку месеци значително паѓа посетеноста на МК блогови
- од една страна се работи за претежно млади луѓе со возраст во периодот на траење на образовниот процес ...
- од друга страна имаме последица на афтершок, кога за време на изборите се “затру“ блог просторот со продор на партијското влијание на блог просторот ...
- е да, многумина блогираат од работа - особено во државната администрација ...
- голем дел од блогерите се одлучија да го напуштат блог-просторот, особено оние на кои блогот им служи за забава и дружење ... таквите отидоа по неколкуте социјални мрежи особено Фејсбук ...
- дел од блогерите отидоа на свој сајт или на Твитер ...
- на блоговите останаа оние вистински почитувачи на својот блог и на блогот воопшто - кои го користат својот блог да искажат став или да подигнат содржина за нештата кои ги посматраат ...
No comments:
Post a Comment