Распоред на процентите на освоени гласови и освоени мандати за ЕУ изборите во Бугарија ...
Повеќе »
На горната слика го имате распоредот на политичката воља на бугарскиот гласач. Евидентно е дека Бойко Борисов е во водство на БГ политичка сцена. На следните парламентарни избори во Бугарија ке имаме смена во власта - Сергей Станишев полека но сигурно ја губи предноста ... Симтоматично е многу високото место и број на освоени мандати на Ахмет Доган , како и ниското место на НДСВ Симеон Сакскобургготски ... и прилично високиот рејтинг на АТАКА ... Тенденцијата покажува дека десницата и во Бугарија е во мода.
Мене ми привлекоа внимание написите дека единствено во Бугарија во текот на ЕУ изборите се приметени изборни нерегуларности од типот на купување на гласови и организирање на изборен туризам ... Се смета дека во ваквите дејанија предњачат партиите на Ахмет Доган и НДСВ, како и една помала партија во Бугарија "Лидер" која иако предњачела со купување на гласови по рецептот на нашите ромски партии - за малку не го исполнила цензусот за европратеник кој во Бугарија за овие ЕУ избори е 5.88 проценти. "Лидер" освоиле некаде околу 5 проценти. Се шпекулира дека во купување на изборни гласови со слични методи на овие избори се служеле и партиите на Ахмет Доган и НДСВ .
За мене многу поитересна е ситуацијата на таканаречениот “Изборен туризам (туризъм)“. Се работи за организирано носење на гласачи од соседните земји, Турција и Македонија, кои на денот на изборите се носат за да гласаат. Со вакви дејанија особено се служеле во минатото партиите на Ахмет Доган и на ВМРО онаа бугарската. Доган носел и носи гласачи од соседна Турција а бугарската ВМРО на Каракачанов носи гласачи од Македонија.
Купување на гласачи и изборен туризам не е непозната појава и во македонските изборни процеси. Заедно со таканаречениот “Бугарски воз“ имаме неколку начини за манипулација на изборите во Бугарија и Македонија. Кај нас на сето ова може да се приклучи и темната бројка во изборните списоци. Се смета дека има околу 200.000 гласачи кои непотребно фигурираат во изборните списоци. Паријата која е на власт таа бројка и тие непостоечки избирачи ги користи за свои цели. Не е чудно што ниедна партија на власт не е спремна да го прочисти изборниот список, велејки дека незнае како тоа да го направи. Колку вакви фингирани гласачи има во бугарскиот избирачки список и дали ги има не ми е познато. Но ние ова од некаде сме морале да го купиме/копираме ...

No comments:
Post a Comment