Search This Blog

Tuesday, June 02, 2009

Цер (Горен Демир Хисар) - низ очите на група средношколци од Гимназијата „Јосип Броз-Тито“ - Битола ...

http://www.freewebs.com/selo-cer/cer_panorama.jpg
Цер (Горен Демир Хисар) - низ очите на група средношколци ...

Благодарение на Леонова, од нејзиниот пост: ЦЕР, каде прекразно ни го опиша денот помината во цер - пронајдов еден сајт на група средношколци (III-2 и III-3 клас - генерација 2007/8 година) од Гимназијата „Јосип Броз-Тито“ од Битола, кои под менторство на својот професор по географија Мите Ристов на теренска настава изработиле прекрасно истражување на едно наше не толку познато село Цер (Горен Демир Хисар). Сето тоа прекрасно го подигнале на сајт притоа користејки ги можностите на слободниот софтвер за подигање на сајтови free website at Webs.com.
http://www.freewebs.com/selo-cer/IM000909.JPG
Групата средношколци (III-2 и III-3 клас - генерација 2007/8 година) од Гимназијата „Јосип Броз-Тито“ од Битола, пред нивното тргнување на теренска настава ...

Од оваа страна ги дознаваме задачите и целите на теренското истражување, сето тоа подоцна подигнато на интернет:
  • Оспособување на учениците за истражувачка работа на терен;
  • Запознавање на учениците со непознати простори на Р.Македонија;
  • Проширување на стекнатите знаења и стекнување на нови знаења;
  • Зголемување на другарството меѓу учениците, но и меѓу учениците и професорите;
  • Снимање на документарен филм од теренската настава.
  1. Одредување на географската положба и карактеристиките на просторот околу селото Цер и изработка на план од селото
  2. Цркви, празнувања и обичаи во селото Цер
  3. Историја на селото Цер
  4. Карактеристики на населението во селото Цер во минатото и денес
  5. Квалитетот на животната средина во село Цер
  6. Акетирање на населението во Цер (занимање на населението и инфраструктурата во селото)
  7. Цртање на специфична архитектура во селото
  8. Снимање на документарен филм за теренската настава
http://www.freewebs.com/selo-cer/Marsuta%20Cer.png
Рута по која средношколците стигнале во Цер.
http://www.freewebs.com/selo-cer/selo%20Cer%20karta.jpg
Местоположбата на Цер ... користејки го Google Earth исцртана е мапа на Цер и околината ...
Опишувајки ги Природни карактеристики на селото Цер ... од учениците дознаваме дека:
  • Селото Цер се наоѓа во т.н. област "Горен Демир Хисар" ...
  • Селото се протега во источниот дел на Церското Поле, кое претставува најголемо карстно поле во Македонија (површина 9,5 км2, должина од 7,5 км, широчина 3,7 км). Сместено е на надморска височина од 990 m до 1050 m, во подножјето на планината Баба Сач (1695 m) од север и Лубен (1764 m) од југ.
  • Низ селото минува Церска Река која низводно од селото понира и се движи во подземјето на Церското Поле. Заедно со неколку околни реки, Церска Река излегува на површина кај селото Железнец и го образува врелото на Црна Река (издашност од 1,5 m3/s).
http://www.freewebs.com/selo-cer/cersko%20pole.jpg
Церско поле
http://www.freewebs.com/selo-cer/IM000919.JPG
Изворот од кој се формира Црна Река (издашност од 1,5 m3/s).
Од оваа страница на нивниот сајт ја дознаваме бурната историја на селото Цер, каде од особена важност игра периодот на Илинденското востание ... за Јордан Пиперката на пример ...
http://www.freewebs.com/selo-cer/Hristo%20Uzunov.jpg
Споменикот посветен на Христо Узунов и неговата чета - село Цер

Многу е тажна приказната за движењето на населението во селото Цер:
  • 1900 год. во селото живееле вкупно 1562 жители
  • 1921 год. = 1050 ж
  • 1948 год. = 1071 ж
  • 1953 год. = 1163 ж
  • 1961 год. = 945 ж
  • 1971 год. = 672 ж
  • 1981 год. = 281 ж
  • 1991 год. = 201 ж
Ваква слика на уништување на населението од македонските села ке добиете скоро во сите села. Шеесетите и седумдесетите години во минатиот век, времето каога се извршија два процеса на празнење на македонското село, едниот индустријализацијата по градовите и другиот економска миграција и иселување во странство - значеа пресуда за иселување на многу села од Македонија ...

На овој дел на сајтот средношколците низ анкетно истражување ни представуваат дека селото главно се занимава со сточарство, се останато е замрено ...
http://www.freewebs.com/selo-cer/Borish.jpg
Чешмата Бориш, и приказните за некогашните средби на чешмата ...
http://www.freewebs.com/selo-cer/IM000964.JPG
Напуштен училишен објект (во кој порано учеле околу 180 ученици од 1 до 8 одд.) ... плаче да се преуреди во мини хотелски смештај ...


http://www.freewebs.com/selo-cer/Sv.Nikola.JPG
Централната црква во селото Св. Никола ... Василица, Водици, ...
http://www.freewebs.com/selo-cer/Virot%20i%20Sv.Spas.JPG
Големиот вир во црквата Св. Спас, место каде се фрла крстот за водици ... Поради високата надморска височина (околу 1000 метри), секогаш, вечерта меѓу 18 и 19 јануари се дежурало покрај вирот и со долги стапови се удирало врз водата за да не замрзне.

Навистина прекрасен начин како преку проекти на предметните наставници од Географија и Историја би можел да се искористи креативниот потенцијал на средношколците кои веќе владеаат со интернет технологиите. Ако има вакви активности по основните и средните уќилишта за кратко време би имале иљадници написи подихнати на интернет, каде би можеле да најдеме содржини за нашите позаборавени села и природни реткости ...

Учениците и нарставниците од Гимназијата „Јосип Броз-Тито“ од Битола, имаат и други интернет проекти кои ги подигнуваат на ист начин како и во овој случај. Активот по Географија им е многу активен. Активностите им се бројни и континуирани:
Навистина уживав во прегледување на активностите на гимназијалците од Гимназијата „Јосип Броз-Тито“ од Битола ... мојот наклон и честитки до предметните наставници и ученици вклучени во овој проект - заслужуваат пошироко признание ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter