Search This Blog

Monday, June 01, 2009

Одводните канали во скопско ... нивната состојба пред можните поплави

http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/51Large-2.jpg?t=1243853206
На мапа од 1910 година убаво се гледаат барите кои некогаш во трулиот социјализам се исушени со градба на одводни канали:

Повеќе »

  1. Инџиковската бара сега исушена со одводен канал
  2. Големата бара кај Јурумлери, Мралино и Билимбегово (денешен Илинден) - истотака исушена со мрежа на одводни канали
  3. Барата кај катлановско блато, исушена со одводен канал и претворена во плодна равница. Малку подесно се гледа мало езерце, од кое и денеска има остатоци - тоа е е важно за преселбата на птиците селици, бидејки е важна станица во нивните патишта кон југ ...
  4. Погледнете како некогаш изгледар Вардар кај денешен Аеродром и Ново Лисиче. Оваие две населби се буквално изградени над старото корито на Вардар. Местото обилува со подземни води кои не се баш најздрава средина за живеење. Тоа е причината за големите магли во Аеродром и Ново Лисиче.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/56Large-1.jpg?t=1243853744
Истите локации на сегашна карта.

http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/52Large-2.jpg?t=1243853808
Состојба на одводниот канал на мостот меѓу Илинден и Мралино ... би рекол дека каналот не видел чистење неколку години. Деновиве се најавува невреме со обилни пролетни дождови. Кој ке им биде крив ако повторно имаме бари по нивните дворови. Локалните општини кои ветија чистење на каналите со помош на централната власт - СПИЈАТ.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/53Large-2.jpg?t=1243853979

Макро поглед на одводниот канал ... Каналот осем што никој не го чисти, луѓето сами го затрпуваат фрлајки го отпадот и ѓутот од своите домови во неговото корито.

http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/54Large-2.jpg?t=1243859313

http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/59Large-1.jpg?t=1243858581

Дури и Гоогле од сателит гледа колку се чисти одводните канали ... но тоа надлежните го гледаат само кога треба да се сликаат пред камерите и механизацијата која на каналите ја има само по неколку дена во годината ...
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/55Large-2.jpg?t=1243854094

Ништо подобро не изгледа ни мрежата од малите канали.

http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/58Large-1.jpg?t=1243854158
Централниот одводен канал под Таорското брдо, од каде како на дланка се гледа Скопската котлина, со сите некогашни бари кои со помош на одводните канали се исушени - претварајки го полето во висококвалитетна земја ... Но, негрижата на надлежните (нечистејки ги редовно каналите), невниманието на граѓаните (кои ги полнат со ѓубре и шут) - доведува до ситуација секоја година во пролет и есен овие места повторно да заличат на бари при секое поголемо невреме.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/57Large-1.jpg?t=1243854422
Последниве две слики се сликани пред три години, кога тука има одлична ситуација на одводниот канал ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter