Search This Blog

Saturday, June 06, 2009

Спомениците и фонтаните во Жена парк - Скопје

http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/91Small-2.jpg?t=1244270168
Соменик на децата бегалци во паркот Жена борец - Скопје
Повеќе »
Сликнав неколку фотографии од спомениците во Паркот Жена борец. Самиот парк посветен на Жената борец е во релативно добра состојба, има добро уредени тревници, се обновуваат сезонските цвеќиња, клупите се средени и обновени, има само неколку дрвја кои треба да се сменат, има неколку прекрасни и високи платони, одлично се вклопува со трговскиот центар, ја краси старата зграда на Собранието. Во него има неколку споменици и две фонтани, додуше едната сува. Има само една чешма со течна вода, му фали барем уште една. Големата фонтана е прескромно уредена, некојпат беше со долги водени млазови кои многу подсетуваа на фонтаната која некојпат постоела во центар пред стоковна куќа Типо.

За спомениците. Ако ги гледаме спомениците низ останатите делови во градот, особено оние кои се наоѓаат во градскиот парк, овие неколку споменице кои се наоѓат во паркот Жена борец изгледаат во малку подобра состојба, иако и нивната состојба воопшто не може да се оцени како добра. Особено зачудува што нема плочки кој е автор на споменикот, кога е изграден и на кого му е посветен. За спомениците во централното подрачје и за оние во градскиот парк е битно да има такво обележје и на англиски јазик, за да знаат странците пред чив споменик се сликаат, секако и кој е авторот.
2.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/92Small-2.jpg?t=1244271970
Недозволиво е што фалат буквите од споменикот. Овој сопменик поради своето централно место и поради актуелноста на проблемот со името е многу посетуван и сликан од странските новинари. Испаѓаме смешни преде странците кога градиме грандиозни нови споменици во непосредна близина а стариве се запуштени или обезглавени. Избоени со графити на вандалите. Впрочем и овој споменик е вандализиран со еден сличен графит од задната страна.
3.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/93Small-2.jpg?t=1244272466
4.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/94Small-2.jpg?t=1244272603
Колку што се сеќавам овдека не работи преливот на водата кој треба да оди низ предниот дел оф фоткава ...
5.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/95Small-2.jpg?t=1244273609
6.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/912Small-1.jpg?t=1244273688
Јасна ми е замислата на авторот на овој споменик, но не ми е јасно зошто е ставен како дел од споменикот посветен на децата бегалци.
7.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/96Small-2.jpg?t=1244273826
Фонтана која е посветена на Невена Георгиева Дуња. За жал фонтаната не работи неколку години.
8.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/97Small-2.jpg?t=1244274135
Споменик посветен на Тарас Шевченко. Што бара овој маж во паркот на жената борец. Тој е криво насаден и иако е подарок од амбасадата на Украина овој споменик треба да се измести во некое друго место.
9.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/98Small-2.jpg?t=1244274362
Никаде нема никава плоча кој е автор на споменикот и на што му е посветен.
10.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/913Small-1.jpg?t=1244274452
11.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/914Small-1.jpg?t=1244274491
12.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/915Small-1.jpg?t=1244274547
Во паркот фали барем уште една ваква чешма ...
13.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/911Small-2.jpg?t=1244274612
Колку некојпат беше убава оваа фонтана. И треба итно преуредување и враќање на некогашниот сјај, повеќе млазови соодветно ноќно осветлување. Некоја поголема компанија ситурно би била заинтересирана да одржава ваква фонтана ако и се дозволи да посвои свое мало рекламно пано во нејзината близина.
14.
http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/13Large-12.jpg?t=1226955923
15.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/99Small-2.jpg?t=1244274853
Ова по мене е многу подобра локација за реизградба на црквата Св. Константин и Елена.
16.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/910Small-2.jpg?t=1244275061
17.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/75Large-2.jpg?t=1243517093
Појаснување на бројките види тука.

No comments:

Blog Archive

Site Meter