Св. Константин и Елена Скопје - нејзината некогашна локација ... Кликнете со десен клик на сликата за да ја видите поголема (важи и за сите наредни фотки)
Многу врева се крена околу локацијата и реизградбата на некогашната Црква посветена на Св. Константин и Елена. Некојпат била прва Црква во Скопје изградена од десната страна на реката Вардар. Почната да се гради во воени времиња пред Првата световна војна, таа е осветена во 1926 година. На десната страна на Вардар дотогаш била изградена само Католичката црква која се наоѓала на локација каде сега е изграден спомен домот на Мајка Тереза.
Една од ретките стари фотки каде не само што се гледа точната локација на црквата, прекрсно се гледаат и куќите од некогашното Ново мало (Влашко маало), куќи од кои едната е веројатно на Мајка Тереза. Некаде прочитав дека куќата на Мајка Тереза гледала во дворот на црквата Св. Константин и Елена ... Точната локација на куќата на Мајка Тереза е потребно да се утврди бидејки во најново време осем што граѓани и архитекти/урбанисти ја оспоруваат оваа сегашна локација - каде владата преку Општина Центар предвидува изгрдбата на црква на плоштад ... врева дигаат и неколку граѓански здруженија кои праќаат писма до Папата дека владата гради Црква на местото на некогашната куќа на Мајка Тереза ... Да подсетам владата се труди идната година да го покани Папата на стогодишнината од раѓањето на Мајка Тереза, кога се очекува Папата официјално да ја прогласи Мајка Тереза за светица ...
3.
Фотката е преземена од Шпиц ... каде наследникот на Мајка Тереза ја покажува тапијата на земјиштето на која била куќата на Мајка Тереза ... во позадина на сликата е обележјето кое означува дека тука била локацијата на куќата на Мајка Тереза ...
4.
Прекрасна слика од старата црква Св. Константин и Елена, со околните куќи од Ново Маало ...
5.
Најпознатата стара слика од црквата Св. Константин и Елена, која својот крај го доживеа по земјотресот во 1963-та година, кога е срушена со минирање - не толку поради оштетувањета од земјотресот, колку поради потребата на идно современо Скопје и изградба на Трговскиот центар ... до дел од темелите на оваа црква сеуште може да се дојде преку ходник во подрумот на Трговскиот центар ...
6.
Снимка од Google Eart ...
Како сето ова изгледа на едена од верзиите на Урбанистичкиот план “Мал Ринг“ ...
8.
Серија од фотки, кои ги сликав за да Ви прикажам што сега има на некогашната локација на црквата Св. Константин и Елена ... таа би дошла меѓу овие две кули, поблиску до кулата десно на сликата која е сега во состав на Трговскиот Центар Скопје ...
9.
10.
Од комбето натака се до кулата онаа десната почнува дворот на некогашната Црква Св. Константин и Елена ... Дворот не бил многу голем, но во овој дел имало неколку големи чинари под чии клупи често одмарале скопјани ...
11.
12.
13.
14.
На ова плато треба да се гради Катна гаража, ова е местото које Данило Коцевски го предлага како можна локација за реизградба на Св. Константин и Елена ... сметам дека местото е многу неугледно и одговара единствено за намената за која е веќе предвидено а тоа е катна гаража ...
15.
16.
Фотка која покажува колку би се загушил делот кој сега е предвиден за градба на Црква на плоштад ...
- Вистинската локација на Црквата Константин и Елена ... помеѓу првите две згради од кулите покрај Вардар ... токму на еден од ќошовите на сегашниот трговски центар (денешни фотки од локацијата во наредните слики) ...
- Локацијата на која владата одбра да гради Црква на плоштад. Место кое го оспорува архитектонската/особено урбанистичката фела - поради задушувањето на центарот т.е. премалата локација во однос на саканиот габарит на новата црква. Локација поради која имаше неколку протести од кои најпознат е протестот на студентите ...
- Локација која за реизградба на св. Константин и Елена ја предлага Данило Коцевски, веднаш позади Стоковна куќа Типо ... место на кое сега е предвидена изградба на катна гаража ...
- Локација која ја посакуваат некои црковни великодостојници за идната црква на плоштад ... На локацијата сега е предвидено да се гради дел од комплексот на Градската куќа со делови наменети за хотел и ресторант ...
- По мене најбезболната пригодана локација за реизградба на црквата Св. Константин и Елена ... на сегашниот ќош на Паркот жена борец, карши плоштадот Пела ... на една следна фотка од maps.google.com - ке се види подобро оваа локација ...
- Локација која би се створила со уривање на сегашната Стоковна куќа Типо - некогашна “Нама“ ... многу од експертите го предлагаат токму ова решение ... имено се работи за зграда која е при крај на својот “животен циклус“ ... во новите решенија на урбанистите за овој дел сосема не се вклопува во новиот посакуван лик на плоштадот ...
Една од ретките стари фотки каде не само што се гледа точната локација на црквата, прекрсно се гледаат и куќите од некогашното Ново мало (Влашко маало), куќи од кои едната е веројатно на Мајка Тереза. Некаде прочитав дека куќата на Мајка Тереза гледала во дворот на црквата Св. Константин и Елена ... Точната локација на куќата на Мајка Тереза е потребно да се утврди бидејки во најново време осем што граѓани и архитекти/урбанисти ја оспоруваат оваа сегашна локација - каде владата преку Општина Центар предвидува изгрдбата на црква на плоштад ... врева дигаат и неколку граѓански здруженија кои праќаат писма до Папата дека владата гради Црква на местото на некогашната куќа на Мајка Тереза ... Да подсетам владата се труди идната година да го покани Папата на стогодишнината од раѓањето на Мајка Тереза, кога се очекува Папата официјално да ја прогласи Мајка Тереза за светица ...
3.
Фотката е преземена од Шпиц ... каде наследникот на Мајка Тереза ја покажува тапијата на земјиштето на која била куќата на Мајка Тереза ... во позадина на сликата е обележјето кое означува дека тука била локацијата на куќата на Мајка Тереза ...
4.
Прекрасна слика од старата црква Св. Константин и Елена, со околните куќи од Ново Маало ...
5.
Најпознатата стара слика од црквата Св. Константин и Елена, која својот крај го доживеа по земјотресот во 1963-та година, кога е срушена со минирање - не толку поради оштетувањета од земјотресот, колку поради потребата на идно современо Скопје и изградба на Трговскиот центар ... до дел од темелите на оваа црква сеуште може да се дојде преку ходник во подрумот на Трговскиот центар ...
6.
Снимка од Google Eart ...
- Старата локација на црквата Константин и Елена ...
- Сегашната предложена и од Општина Центар усвоена локација за реизградба на Св. Константин и Елена ...
- Локација која ја посакуваат некои црковни великодостојници за идната црква на плоштад ... На локацијата сега е предвидено да се гради дел од комплексот на Градската куќа со делови наменети за хотел и ресторант ...
- Локација која за реизградба на св. Константин и Елена ја предлага Данило Коцевски, веднаш позади Стоковна куќа Типо ... место на кое сега е предвидена изградба на катна гаража ...
- По мене најбезболната пригодана локација за реизградба на црквата Св. Константин и Елена ... на сегашниот ќош на Паркот жена борец, карши плоштадот Пела ...
- Локација која би се створила со уривање на сегашната Стоковна куќа Типо - некогашна “Нама“ ... многу од експертите го предлагаат токму ова решение ... имено се работи за зграда која е при крај на својот “животен циклус“ ... и во новите решенија на урбанистите за овој дел сосема не се вклопува во новиот посакуван лик на плоштадот ...
- Локацијата на Св. Богородица Скопје - новоизградената црква чиј ктитор беше Трифун Костовски ... На оваа локација имаме темели на уште една Црква во Скопје - познатата Света Мина, која истотака се сруши во земјотресот во 1963-та ...
- Локација на Св. Димитрија ...
- Веројатната локација на куќата на Мајка Тереза ...
- Локацијата каде сега стои обележјето дека тука била куќата на Мајка Тереза - види ја погоре сликата број 3 ...
- Локацијата каде сега се изгради спомен домот за Мајка Тереза, место каде некојпат била Католичката црква во Скопје во која Мајка Тереза ја примила католичката вера ... место каде Мајка Тереза го почнала божјиот пат ...
- Локацијата на некогашниот Официрски Дом во Скопје, кој нели бил изграден на иста локација каде некојпат била Бурманли џамија во Скопје ... место кое сега е предвидено за изградба на Градска куќа, но истовремено место кое се погласно муслиманските верници го бараат за реизградба на Бурманли џамија ... Тие ова го прават многу упорно истовремено и вешто, организирајки пригодни манифестации (делеа баклави, ја оградуваа со креда, организијаа ликовен хепенинг каде деца ја цртаа Бурманли џамијата ...). Дваесетина НВО-и ја подржуваат реизградбата на Бурманли џамија ... Риесетот веќе официјално поднел барање во Општина Центар за доделување на оваа локација - маркица за реизградба на Бурманли џамија ...
- Локација каде се гради новата деловна зграда, која предизвика внимание поради аферата за начинот како беше доделена оваа локација и поради заградувањето на кејот покрај Вардар, за да може да се добие пристап - градежен пат ...
- Место каде веќе е при крај изградба на една многу современа зграда, веројатно наменета за деловен простор ...
- Место каде е предвидена маркица за реизградба на хотел, во спомен на некогашниот Хотел Македонија - кој рушејки се во 1963-та имаше највеќе жртви странци, кои беа гости во хотелот ...
- Место кое несреќно е избрано за изградба на нова зграда на археолошкиот музеј, каде треба да се смести и Уставниот суд ...
- Локација на коа неодавна почна градба на зградата за филхармонија ...
- Локација каде треба да никне пешачки мост ... за среќа отпадна проектот за врбите во Вардар ...
Како сето ова изгледа на едена од верзиите на Урбанистичкиот план “Мал Ринг“ ...
8.
Серија од фотки, кои ги сликав за да Ви прикажам што сега има на некогашната локација на црквата Св. Константин и Елена ... таа би дошла меѓу овие две кули, поблиску до кулата десно на сликата која е сега во состав на Трговскиот Центар Скопје ...
9.
10.
Од комбето натака се до кулата онаа десната почнува дворот на некогашната Црква Св. Константин и Елена ... Дворот не бил многу голем, но во овој дел имало неколку големи чинари под чии клупи често одмарале скопјани ...
11.
12.
13.
14.
На ова плато треба да се гради Катна гаража, ова е местото које Данило Коцевски го предлага како можна локација за реизградба на Св. Константин и Елена ... сметам дека местото е многу неугледно и одговара единствено за намената за која е веќе предвидено а тоа е катна гаража ...
15.
16.
Фотка која покажува колку би се загушил делот кој сега е предвиден за градба на Црква на плоштад ...
Црквата “Цар Константин и Царица Јелена” се наоѓала во Влашкото сокаче ( во близината на плоштадот во центарот на градот) и со материјалните средства од добродетели била изградена и осветена во 1927 година. Оваа црква била прва изградена црква на десната страна на градот. Реони на црквата биле вториот дел на Ново маало, гимназискиот реон и првиот дел на станицата. Црквата настрадала во земјотресот во 1963 година.
- Св. Константин и Елена ... Бурманли Џамија ... Старо Скопје фотки ...
- Св. Никола т.е. Св.Константин и Елена ке почне да се гради до крајот на месецов ... ...
- Урбанистите се слепи ... или се прават слепи ... ...
- Ке има ли и утре контрапротест ... против - протестот за слобода на говорот - или против барање за реизградба на Бурманли џамија ...
- Бурманли Џамија - Скопје ... ...
- Св. Мина - Скопје ... ...
- Св. Никола ...
- Св. Константин и Елена ... повторно во центар ...
No comments:
Post a Comment