Деновиве повторно поминав низ старата скопска чаршија - волшебното место на Скопје, кое е полно со историја и добар колорит за фотографија ... Старата чаршија е моја вечна тема за фото приказни ... една ноќна серија посебно си ја сакам ... да подсетам и на фото приказната за Пивница Ан ... и серијата фотки за св.Спас е посебна на свој начин ...
1.
Црквата св. Димитрија е толку сокриена од околните дрвја и посебно од двете трафики на влазот, што е скоро невозможно да се направи добра фотка, додатно оптеретување е градбата на синагогата ... Имав пост каде испадна дека ноќните фотки на св. Димитрија испаднаа подобри од денските ... иако генерално кажано останува дека нешто треба да се стори за подобро визуелна презентација на св. Димитрија Скопје ...
2.
Даут-пашиниот амам е едно од волшебните место на Старата скопска чаршија ... за овој објект секако ке има посебен пост ... тука само да ви представам една фантастична изложба на слики од најпознатите македонски ликовни Уметници и скултори ... Личеновски, Кондовски, Папрадишки, Мазнев и сите попознати представени во ова волшебно место кое сега нели е најдобрата галерија на уметнички слики ... Посетете ја изложбата ...
3.
4.
5.
Личеновски - акт ...
6.
7.
8.
9.
10.
Влез во Безистенот истотака ке биде представен во посебен пост ...
11.
No comments:
Post a Comment