Најновото линковско возило на Сител ...
Денес (поточно вчера) бев гостин во вестите на Сител во 18 часот. Гостувањето одеше во живо со видео линк од Кале. Тема беше “Интернет презентација на Македонија на англиски јазик“ ... повод видеоклипот I am Macedonian ...
Чекајки го редот некоја фотка за спомен ...
Линкот едно време имаше квар ... во меѓувреме се забавуваме со туристиве од Јужна Кореја, кои посакаа да се сликаат со нас ...
Сител решил да направи анализа колку можат обичните МК граѓани да помогнат во појаснување на МК дел од вистината за МК приказна околу МК идентитет ... Директен повод беше видеоклипот I am Macedonian ... подигнат од битолчанецот makedoncheto кој моментално живее во Австралија ...
Прашањето упатено до мене беше дали може со вакви видео клипови изработени од граѓани/аматери да се бие битка на интернет просторот ... колку и како може државата да помага на невладиниот сектор и поединци кои креираат вакви содржини ...
Искрајно точно не се сеќама што кажав на интервјуто - но затоа тука можам да кажам се она за кое во вестите немаше време и простор ... она што го мислам на темата. Имено десетици интузијасти на интернет просторот подигнуваат содржини застапувајки ги националните интереси на Македонија ... на повеќе интернет форуми ... често настапуваат и со соодветни содржини на своите блогови. Многупати таквите содржини се повеќе посетени од скапите спотови од рекламните кампањи кои ги припрема владата. Да го земеме пример професионално одлично изработениот спот на Милчо Манчевски Macedonia Timeless ... иако професионално изработен - нема соодветен успех на посетеност на интернет.
Macedonia Timeless на YouTube.com е подигнат на повеќе места. Еве дел од бројот на посетеноста:
- Macedonia-Timeless (English) 27,243 views
- Macedonia-Timeless-Makedonija vecna 4,652 views
- Macedonia-Timeless (English) 27,303 views
И самиот имам подигнато десетина видео клипови до сега како експеримент. Денеска кога погледав колку се посетени приметив дека еден од клиповите има исклучително голема посетеност. Видео клипот Stobi ... Sintezis - Стоби ... Сеинтезис _ 02 ... има гледаност до сега 207,729 views ... (овој клип и неговата посетеност ке го анализирам на посебен пост ...).
Во светот тоа најдобро се прави со спонзорирање од државни извори на разни фондации кои преземаат голем дел од презентацијата културата, историјата, археологијата на интернет ... Така прават Србија и Бугарија, чинам и Грција ...
Или да го земеме примерот на Википедија. Десетина интузијасти ја полнат Википедија на Македонски и англиски, без никаков надомест и подршка. Википедија е најпосетувана ОнЛајн енциклопедија ... Википедија на македонски јазик надмина 30.000 статии ... Има и бројни други примери во презентација на културното наследство, каде поединци направеле повеќе за интернет презентацијата на културното наследство од самите институции за култура ...
Испаѓа дека повеќе им се верува на интернет презентациите припремени од граѓани или невладини организации. Во тој поглед Владата треба да има сознание за сето ова и систематски да помога со финасиски средства вакви креатори на содржини на интернет ... се работи за малку пари со многу голем ефект ...
No comments:
Post a Comment