Search This Blog

Monday, May 11, 2009

“ВЛАДАТА ДОНИРАШЕ“ ... Може ли да се донира со државни пари ... со пари од буџетот кој го полнат сите граѓани ...

http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/0DC1F7C06D85E84C8D34523128EB00DC.jpg http://www.vecer.com.mk/WBStorage/Articles/480E9FC4163A7740B4BEBEA0ACDDA93A.jpg

Последните неколку години многу често во медиумите можеме да ја прочитаме “ВЛАДАТА ДОНИРАШЕ“, со истовремено специјално за таа намена свикан прес заради сликање на Премиерот ни - неретко во позадина со цела Влада. Да наредам неколку примери, ги има многу:

Повеќе »

  • Владата донираше средства за изградба на некој, пат, водовод или незнам некој друг комунален проблем на некоја општина ... Ова вообичаено е дел на ангажман на општинските власти - но владата наместо само да пребаци пари на општинската каса која треба да е реализатор на проектот - како инвеститор се јавува директно владата и тоа во форма на донација ...
  • Владата донира пари на пример во културата, за разни фестивали ... Владини фунционери, најчесто Премиерот се покровители на такви манифестации и свечени гости кои го отвараат настанот ...
  • Владата донира пари во акцијата на граѓаните за пошумување на Македонија - сликајки се во таквите акции со лопата во рацете и млада фиданка ...
  • Владата донира пари за изградба на спортски објекти, големата спортска сала ... трибини за централниот фудбалски стадион ... стотина тениски игралишта ... спортска сала за секое школо ...
  • Владата донира пари за изградба на споменици ...
  • Владата ги помага религиозните заедници во нивната работа ... често гради и нови објекти со пари на граѓаните ... реконструкција на постари градби или изградбата на нови цркви и џамии ...
  • Владата често донира пари во лични трагедии на некои фамилии - тогаш кога за тоа ке разбере од медиумите ...
  • За нова година Владата донира пакетчиња за децата, особено за оние хендикепираните и децата без родители, се разбира сликајки се при тоа ...

За мене скоро во сите погорни случаи не е спорно што се трошат пари на граѓаните за сите горни намени ... спорно е што тоа се прави не како редовна активност за која политичарите се избрани/платени - туку се прави во форма на ДОНАЦИЈА ... за мене донација не може никако да биде трошење на заеднички пари, на пари од буџетот ...

Би сакал да видам акции на донирање на владата и владините функционери, но со нивни лични средства колку и да се мали ... во разни акции на крводарување ... во едноставно дружење со децата на кои им фали фамилијарна грижа или имаат пречки во развојот - но тоа никојпат не смее да се поврзува со некаква донација, тоа мора да биде личен чин ...

Вака како што се прави сега, имаме чиста манипулација со јавноста - со цел некакво рејтингување ... Каква е таа ДОНАЦИЈА НА КОНТЕЈНЕРИ за смет за потребите на општините, со истовремено сликање на сите телевизии, претварајки го настанот во медиумска еко атракција ... а кој треба да ги купи контејнерите, нели за тоа плаќаме ѓубретарина - погледнете ги комуналните сметки ке видите колку плаќате на комуналните служби ...

Зошто редовната работа на трошење на пари заради решавање на било каков проблем на граѓаните се нарекува ДОНАЦИЈА ...

Што се подражбира под зборот “донација“:

  1. Градот Скопје доби донација од 460 контејнери ... ... Градот Скопје од Владата доби на подарок 460 контејнери за обичен смет, како дел од владината програма за почисто Скопје. Освен главниот град, контејнери ќе добијат и останатите општини во државава. На примопредавањето на донацијата премиерот Никола Груевски ...
  2. ... владината донација за Скопје од 460 контејнери за смет. ... Со реализацијата на оваа донација ја остваруваме уште едно ветување од Владината програма. Досега се дистрибуирани 40 % од 5000 нарачани контејнери

3 comments:

Anonymous said...

U pravo si batka so ovaa konstatacija ama sepak mora da se priznae ovaa vlada se iznadonira,donacii,donacii eden kup,kako sto kazuvas ti za posumuvanje,za komunalni problemi,za kultura,pa rekordni za arheologijata,scportski objekti,pa nov teatar i eden kup drugi "donacii" mislam deka seto toa e pozitivno - nesto sto sdsm go nema napraveno od nejzinoto postoenje ...... neli.

Anonymous said...

Анонимче, дали ги избравме ВМРО-ДПМНЕ за да бидат само малце подобри од СДСМ, или за да ја опраат работава во Македонија? Работата колку што гледам е далеку од оправање...

Anonymous said...

DPMNE - sepak ne e bas za malce podobra od SDSM,ova sto go ima napraveno do sega kako sto rekov SDSM imala sansa da go napravi ama ne go napravila,kako za maler pa se pogodi i ovaa svetskava ekonomska kriza i sekako golem kocnicar e i juznuiot sosed, ali manje vise toa,inaku sega kako sto e rabotava niz svetot mislam ekonomska ne ne opravaat ni pet partii kako VMRO i SDSM,nitu ime da stavime Tunguzija .... ednostavno site sme vo "cungur" sto vikav kumanovci ...... uste ednas sporedba na VMRO so SDSM nema ama bas ic smisla .......

Blog Archive

Site Meter