Search This Blog

Saturday, May 02, 2009

Алекс Букарски доби колумна во Дневник ...

http://dnevnik.com.mk/WBStorage/Articles/17CB26DA407F944A82A978BCC088BFE0.jpg

Алекс Букарски стана колумнист во Дневник. Бунтовникот на МК блогосфера, надарениот млад писател кој се закити со признанието на „Темплум“ „Новите“ за дебитантска книга - Луѓе на кои не им се отвора падобранот“ ...

Повеќе »

Букарски е продолжение на низата на неколку познати блогери кои добија колумна во Дневник. Пред него колумнисти станаа Фемгерила и Виктор Трифуновски. Ке го заборавев Жарко Зомбификација ...

Дневник со ова стана медиум кој од блогосферата препознава млади и талентирани пера кои ја збогатуваат содржината на нивниот весник.

Букарски во премиерната колумна во Дневник (има предходен колумнистички стаж во Неделно Време ...) Чувари на бледиот оган ... се пресметува со “неокомунистите од нашето време“, кои ги доведува во врска со неофашистите ... заговарајки/навестувајки дека и кај нас симболите на комунизмот треба да се прогонат од политичката сцената со нов закон, земајки ја Полска за пример ... Се пресметува и со “радикалните атеисти“ - посочувајки ја архибигадата и нивниот протест ... социалдемократите од нашето време ги нарекува “безидеологизирани цинични социјалдемократи“ ...

Букарски со оваа колумна се стопи со фразеологијата која ја применува владеачката десничарска партија, обвинувајки ги комунистите и комунизмот како единствени кривци за тоа што ни се случува денес ... заборавајки дека комунистите веќе 18 години се политичко минато на оваа земја ... а и во минатиот социјалистички систем никојпат не владеале со најрадикалните комунистички методологии ... Заборавајки да согледа дека сегашната десница владее со типично социјалистички мерки од нашето време - подржавјвајки ја економијата преку огромниот буџет ... Букарски суди за време во кое бил во пелени ... кое не го помирисал и искусил - тука само го толкува на база на тоа што го прочитал ... дали прочитал доволно ??

Кај Букарски се измешани чувствата во врска со богатите - новите сопственици на капиталот за кои вели дека и тие “имаат право да се залагаат за поголеми работнички права, за благородни цели, за поправеден свет“, за малку понатака да ги обвини истите дека како единствени стипендијати од нашето време протестираат во редовите на новите неокомунисти ... На Букарски му смеќава старата средна класа од минатиот систем која во сегашниот има сеуште некаков удел ...

Бранејки ги богатите од нашето сегашно време (нивните права ...), Букарски веројатно несвесно ги брани и новопечените Олигарси од нашето време, кои во сплет со политичката транзициона мафија на двете досегашни владеачки партии во РМ - се дограбија до голем дел од националното богатство и сега продаваат демократија по своја/нивна мерка ... го токмат и прилагодуваат правниот поредок за нивни потреби и идеологија ... на светот му ја продаваат ефтината невработена работна сила во РМ - кратејки ги работничките права ...

8 comments:

Anonymous said...

Dovolno e koga ke go spomnes batka Femgerilceto i onoj teletabitot po ime Zarko i se znae "kolku e saatot" ..... nema potreba od komantar,sto bi rekle ... pusto nevladino....

Anonymous said...

Bukarski izmeshal babi i zhabi. Taka e sekogash koga nekoj pishuva za neshto shto ne go poznava i normalno izleguva glup i pretenciozen. Mladiot Bitolchanecot epten se zanese i zatoa po nishto ne se razlikuva od mnogumina za koi pishuva. No, najsmeshen mu e komentarot za zdruzhenieto na studenti-arhitekti, Arhibrigada, za koe ne znae deka doagja od kratenkata za arhitektonska brigada.Greota!

Marko said...

Vidi go ti bukarchevo?! Dodeka da stane on, samiot, neshto vreskashe po drzhavnite, etabliranite pisateli i "lazhni" velichini koi molzat drzhavni pari i sl. Od kogas poradi svojot bunt ze zdobi so javnost i benefit (pechatenje knigi) sega veli deka rabotnicite treba da si odat na izlet, da si praat skarichki so pivce...i nema shto da se buntuvaat za svoite prava oti i tak, nemalo nishto da postignat. Pa koj ke ti dade neshto dobrovolno, bez borba? A, zoshto e 1 Maj proglasen za den na rabotnicite ako na toj den nee napravele golemi demonstracii so baranja...aj, znaeme ....i koi gi dobile!!! I sea, nekoe profitersko mangupche (ne diskutiram za kvalitetot kako pisatel, toa e druga tema) ke mi prai zamena na tezi vo stilot " lopovot veli, drsste lopova!"

Anonymous said...

Brigada si e brigada. Revolucioneren komunisticki naziv. Ne tropajte oti ve boli vistinata na deckoto.

gragjanin said...

Kako prvo studentite go dignaa glasot protiv urbanistichki pogreshno postaven objekt a ne za socijalni prava. Taka da neznam kakva vrska ima studentskiot protest protiv obidot Skopje urbanistichki da se nagrdi i rabotnichkite protesti za nivnite prava??????? Malku se zbunil dechkovo, a?

Anonymous said...

Ma toa se nevladini sorosoidni govnari sto bea nekni na 1vi maj, prethodno na plostad, pa, na univerzitet pred nekolku meseci. Menjavaat nazivi arhi, marhi, a toa e ustvari SDMM u rukavici.

gragjanin said...

I, toa e neokomunizam? nemoj zhiti boga, znachi sekoj shto misli razlichno od vas e neokomunist? Ama, ideologijaaaaaaaaaa, ha, ha....ili, kako mali Djokica zamishlja neokomunizam?! :)))

Anonymous said...

Zajadlivosta kako posledno pribeziste...

Blog Archive

Site Meter