Фото сторијата која ја пронајдов во “ОКНО“ а се однесува на животот во студентскиот дом Стив Наумов ме подсети на мојот последен политички ангажман во мојот живот. Имено пред некои 35 годин бев именуван за Председател на комисија за доделување на соби по студентските домови во Скопје. Ме именуваше тогашниот ректор. Притиснат од многу притисоци едвај издржав да помине приемот. Сакав навистина се да помине идеално а тоа е невозможно. При крај незнаејки како да се ослободам од притисокот здувнав војска ...
Додека студирав им завидував на студентите кои живееа во домовите, на тамошната дружба ... често знаев да спијам кај нив по неколку недели - за да го осетам мирисот на студентскиот живот. Сметам дека за студент кога ке почне да студира е добро да се раздели од мама, тате, дедо, бате ... тоа е вистински начин да го направи првиот чекор во осамостојувањето во својот живот. Првпат да си ги испере гаките, да спржи јајце ... да збари женска ... и сите други искуства кои му ја носат слободата на живеење на самостоен живот.
No comments:
Post a Comment